Повод да ја отворам темава не ми беа глумците од црвениот тепих,
туку нешто овде наше,кое се почесто го среќаваме, и тоа не како младоженци во прв брак,туку како веќе зрели да не речам и стари лица.
Од една страна се разбира додека другата е можеби дури и невина.
Може да наведам и со име но можеби не е дозволено или не е фер.
Еден доктор-директор на една клиника овде,се остави-разведе со жената.
Децата големи свој веќе луѓе.Сега зема-венча една млада докторка,не ќе е да е ни 30 години, а тој се ближи кон пензија,60 тката тука му е некаде.
Таа риба (има и слики по нетов) со кој инерес го гледа овој брак.
Го замислувате ли овој брак по 10 или 20 години. Која иднина ја има.
Таа некаде блиску до педесеттата,а тој накај осум банки. Верувале или не.
Темата е за овие бракови од интерес.
Тој ситуиран стар( „вампир“,што би рекол добро познат )како мене, а таа
млада по нешто искусна ама неситуирана,со неколку години стаж и со надеж за специјализација и кариера.