Еден ја восхити другарка ми со зборовиве: Убавице, од која бомбоњерка си испаднала многу си таква слатка..
Но мислам дека јас си се надминувам, шејм он ми. Гледам еден младич со маица од една од моите поомилени игри(Dishonored) и не ни размислив, одам накај него и му велам: леле, омг, каква маица!! Леле, знакот, може да те соблечам?! Кога ми текна што реков касно беше малку ама нема везе
. Овој ме гледа чудно у прашалници кутриот, си вели што и е на оваа нимфоманка ли е и ми одговара: Ааа, ја играш играва?
Ми го одбегна прашањето со соблекувањето бе. И почнавме муабети околу играта итн, итн. И само јас: А бе, дечко, а како се викаш ти? ( Кога не ме праша он, што да правам)
И на крај јас му реков дека ќе му ја соблечам мајцата и дома ќе си ја носам. Макар што младичот беше доста симпатичен и сладок( сто посто доста помал од мене), па и него требаше да кажам дека ќе го носам дома