Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми помогна бикарбоната

:Чекај ти треба 3-4 дена.

Продолжи и одржувај хигиена на усната шуплина и не го допирај барем не со прсти(најопасните бактерии се таму и под ноктите).

Некој да не има информација каде може да набавам ИНУЛИН прашок?? Итно е

Прашањето е мора ли да биде прашoк??

ZellOxygen_Immunkomplex.jpg

24 часа заштита за Вашето дете Состав: 100 г. на препарат содржи: – 70.9 % инулин, 11.5% глукан, 9.2 % прашок од ацерола сок, 6.2 концентрат од колострум ( млеко што се излачува во првите денови после бременоста и содржи висока концентрација на антитела, јаглехидрати и протеини ), – 1% цинков комплекс, – 0.9% бифидобактериум

Го има во подобро снабдените аптеки посебно оние што имаат матичен млеч+Zell Oxygen ампули за орална употреба, има и ампули посебни за имунитет но тие се за возрасни од Waltz .

А овој производ е околу 600 денари, тука беше 540 али јас само млеч земам од валтз или пак ако нема папа реале 100мг од ЕСИ.
--- надополнето: 27 септември 2013 во 15:33 ---
Денес додека седев на комп си ја свртев главата на десно (не наеднаш туку нормално) и одеднаш осетив болка од вратот на десната страна по должината на горниот дел на трапезот и сега кога ја вртам главата на десно осеќам болка и неможам само на лево кога ја вртам не ме боли... Што може да е ова?? Што да правам?

Чекај малку осеќаш ЈАКА Болка па да неможеш да се свртиш??

Јас сум се посигурен дека при спиење си утнал нешто.

Ако е болката Јака, под хитно кај матичен да ти даде упут за специјалист.
 
Пред 3-4 дена ми се појави чир под јазикот и никако да се подобри. Пробав некои домашни начини на лекување меѓутоа без резултат. ???

Слушај ваму јас да ти кажам. :icon_lol: Тоа ти се вика афта, не се знае од што настанува, нервоза, стрес, механичка иритација, многу благо до сабајле можеме вака.
Мене цел живот ми излегуваат и то не по една туку по неколку, на јазик, под јазик, на непцава и тоа кога ќе ми излезе понекад ОЛКААА, ко камион.
Што сакаш мачкај, ништо нема да помогне, додека не поминат тие 7-10 дена.
Работава е што болат многу, иритираат, понекогаш не можеш ни да збориш ако се под јазик, напиј се нешто са болки, аналгин на пример.
Јас утрнав веќе на нив, али обавезно 1 месечно ќе ми се деси афтосана недела. Ништо посебно не праи, не ти треба ни сода бикарбона, ни посебен третман. Измиј забите, исплакни ја устата со прополис, жалфија и толку.
Можеш со метиленско сино да го допреш местото така што ќе накапеш од растворот на чепкалка за уши, но и тоа нема некои фасцинантни резултати.
Ќе помине за недела-две, ако е поголема знае да остане некое време бела флека, после избледува.
 
тууу бе недела-две:place: Еве веќе петти ден, нит можам да јадам ко што треба нит ништо баш како што опиша погоре. Купив вчера Прополис гел и го мачкам со прст како што пишува на упатсвото а членот пред тебе вика ни под разно со прст да се чепкаат:eek: Ама изгледа ќе си тера по свое, џабе све
 
Епа тоа ми беше муабетот, џабе ти е се, ама ако ти олеснува душичка мачкај, мучкај. :icon_lol:
Има едни таблети за лижење се викаат лизобакт, ја намалуваат болката, по 4 максимум се лижат дневно. Ако ти се даваат 160 денари, земи и пробај.
 
Последниве 2 дена имам трнење на левата рака,кај дланките.Не е константно,ама на пример да мирувам одреден период ќе почне :/ Од што би можело да биде тоа?
 
Тоа е далеку од срце, мене ми се случуваше извесен период и се чудев се додека не сватив дека додека спијам дланката ми е под перница а често се случува и да прекинам проток на крв на цела рака па после офлеле.

Ама сепак не верувам дека за ова ти треба лекар, може витамин Б6 да земеш(на алкалоид) па не сме имуни на стрес тоа е факт за жал.

Можно е исто така ако си давала крв скоро било крв за тест или пак како крводарител знае и тогаш да прави така, барем кај мене.
 
Не смеам да пијам аналгетици. Пробано со парацетамол не делува, лимони, масажи, кафе со лимон и се останато исто е испробано. Плус совет за главоболка?
Чај од нане и босилек, масажа на главата и како што ти кажа blue ladybug притисок врз дланката помага ( но не помеѓу палецот и показалецот) туку притисни посилно на центарот ( вдлабнатината) на дланката..... после слободно пиши дека ти поминало :)
 
Дали може некој од вас да ми каже, доколку знае, како и дали е можно да се добие инфекција на коренот на влакното од депилација со топол восок (оној што го вријат после употреба) на интимен дел кон препони. Јас имав ваков проблем, ми излегоа како 3-4 поткожни влакна што многу ме болеа, како да пробиваат ама никако да пробијат. Бев на хирургија, ги сечеа, поврзуваа, више и јас не знам што им правеа, битно многу болеше.. и од една страна докторот ме убедува дека е од депилација, дека не е стерилен восокот и условите.. од друга страна козметичарката ме убедува дека е до кожата и дека не е ништо страшно (ма да додека ме сечеше немаше пострашно нешто).. Доколку некој има некое познавање во оваа област го молам да сподели затоа што јас сум малку збунета од целава ситуација..
 
Веќе подолг период имам болки во долниот дел од кичмата. Неколку години работев во седечка позиција и плус дома на компјутер... Болките стануваа поинтензивни во пмс, али ништо страшно, подносливо. Во периодот додека вежбав јога, болките се намалија, но прекинав со вежбање... Во последно време ме боли постојано, и тоа чувствувам дека болката е на левата страна, како некоја превртена жила да имам. Веќе недела дена ја правам оваа вежба,

flexibility-for-doing-halasana-or-plough-pose-21277453.jpg

затоа што истегнувањето е најсилно и ми годи и за целиот 'рбет, ама неќна кога ја направив, болката во кичма (која вообичаено ја немам во оваа положба) се засили, се укочив и едвај се вратив во нормална положба. Сега се виткам без проблем, ама боли, мамата... Кажете лек! Масажа не ми помага, не да го погодам болното место.
Можно е да имам рак? :icon_lol:
 
Направи рентген снимка. Мене ме болеше долниот дел на кичмата, ама испадна дека болката доаѓа заради вратните пршллени.

Вежбање да, ама не како на сликата. За болки во “рбетот, лакот треба да биде обратен, како кобра во јогата.

АКо многу те боли, треба да мируваш и да вежбаш, колку што можеш, без претерување.
 
Дали може некој од вас да ми каже, доколку знае, како и дали е можно да се добие инфекција на коренот на влакното од депилација со топол восок (оној што го вријат после употреба) на интимен дел кон препони. Јас имав ваков проблем, ми излегоа како 3-4 поткожни влакна што многу ме болеа, како да пробиваат ама никако да пробијат. Бев на хирургија, ги сечеа, поврзуваа, више и јас не знам што им правеа, битно многу болеше.. и од една страна докторот ме убедува дека е од депилација, дека не е стерилен восокот и условите.. од друга страна козметичарката ме убедува дека е до кожата и дека не е ништо страшно (ма да додека ме сечеше немаше пострашно нешто).. Доколку некој има некое познавање во оваа област го молам да сподели затоа што јас сум малку збунета од целава ситуација..

Секако дека е од депилацијата и условите инаку нема разлика помеѓу едно и четири влакна или е ОК или не е.???

Не си ја завршила работата како што треба, плус ти даваа ли антибиотици или слични масти кои нели дермално се употребуваат?

Инаку не се плаши од инфекција на корен на влакно, замисли само што е циста.

Веќе подолг период имам болки во долниот дел од кичмата. Неколку години работев во седечка позиција и плус дома на компјутер... Болките стануваа поинтензивни во пмс, али ништо страшно, подносливо. Во периодот додека вежбав јога, болките се намалија, но прекинав со вежбање... Во последно време ме боли постојано, и тоа чувствувам дека болката е на левата страна, како некоја превртена жила да имам. Веќе недела дена ја правам оваа вежба,

flexibility-for-doing-halasana-or-plough-pose-21277453.jpg

затоа што истегнувањето е најсилно и ми годи и за целиот 'рбет, ама неќна кога ја направив, болката во кичма (која вообичаено ја немам во оваа положба) се засили, се укочив и едвај се вратив во нормална положба. Сега се виткам без проблем, ама боли, мамата... Кажете лек! Масажа не ми помага, не да го погодам болното место.
Можно е да имам рак? :icon_lol:

Освен масажа не си пробала со крема, има креми со ибупрофен и сл.

Во случај да си пробала и тоа, има нешто што што се вика хронична болка и ја дефинираат како болка која трае шест или повеќе месеци и тоа е многу лошо и искрено се надевам не е така.

Но повторно ако не си пробала со масти или NSAID(Nalgesin е добар), пробај, ако нема ефект и постои болката, ќе треба невролог да провери.
 
Дали може некој од вас да ми каже, доколку знае, како и дали е можно да се добие инфекција на коренот на влакното од депилација со топол восок (оној што го вријат после употреба) на интимен дел кон препони. Јас имав ваков проблем, ми излегоа како 3-4 поткожни влакна што многу ме болеа, како да пробиваат ама никако да пробијат. Бев на хирургија, ги сечеа, поврзуваа, више и јас не знам што им правеа, битно многу болеше.. и од една страна докторот ме убедува дека е од депилација, дека не е стерилен восокот и условите.. од друга страна козметичарката ме убедува дека е до кожата и дека не е ништо страшно (ма да додека ме сечеше немаше пострашно нешто).. Доколку некој има некое познавање во оваа област го молам да сподели затоа што јас сум малку збунета од целава ситуација..

Незнам што си збунета, имаш кожна инфекција, најверојатно некоја стрептокока. За кожна инфекција се иде на дерматовенеролог. Ќе ти даде антибиотски креми, можеби ќе треба и да пиеш некои таблети исто.

И многу јасно дека не е таквиот восок стерилен, знаеш ти на колку степени се топи восокот?, на температура од приближно 45 степени, мислиш ќе се уништат бактериите на таа температура?

Не дека сакам да те исплашам или било што, ама со кој памет бе? Кај мајка ми на работа дојде една жена со таква инфекција кај која што почнале да реагираат и препонските лимфни јазли чувари, да не кажам ко песница се подувале...
 
Се раскашлав така посилно :D и ми се блокира кичмава или пак пршлениве ? Исчашено нешто ?
Немам поима од вакви работи,само прејудицирам.

Како робот сум.Што мислите ќе замине или на лекар треба да се оди ? :cenzura:
 
И многу јасно дека не е таквиот восок стерилен, знаеш ти на колку степени се топи восокот?, на температура од приближно 45 степени, мислиш ќе се уништат бактериите на таа температура?

Не дека сакам да те исплашам или било што, ама со кој памет бе? Кај мајка ми на работа дојде една жена со таква инфекција кај која што почнале да реагираат и препонските лимфни јазли чувари, да не кажам ко песница се подувале...

И кај мене местото беше такво подуено, како со 3-4 топчиња, фактички поткожни влакна што не можат да пробијат поради некоја инфекција.. И најлошото од се е што не ми се случи прв пат, само прв пат дојде до операција. А ако е стварно така, ако стварно восокот се топи и врие на околу 45 степени тогаш ние сме сите будали, затоа што нас не убедуваат дека го вријат на 200 степени за да ги снема сите бактерии.. Јас искрено мислев дека депилацијата е површинска работа и дека овие проблеми со инфекции на корените на влакната ги имам поради типот на кожата.. И јас самата се осеќам глупаво моментално..
 
Ако го загрееш возок на 200 степени тој ќе се јаглениса, восокот е органска материја и не трпи високи температури. Како и да е, знаеш како се стерелизира нешто, на високи температури, подолг временски период, или под дејство на зрачење, ова се е гола вода и ви вадат муабети.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom