Зимски Олимписки Игри - Сочи 2014 | генерална дискусија |

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
ЗОИ 2014, или 22. Зимска Олимпијада, е настан кој ќе се одржи од 7. до 23. Февруари 2014, во Сочи, Русија. Сочи беше избран за домаќин на игрите на 4 Јули 2007 пред Пјонгчанг од Јужна Кореја и Салзбург Австрија. Сочи е град со излез на Црно Море во близина на Кавказ.
Вкупно 98 настани во 15 зимски спортови ќе ги одбележат игрите. По овој настан, ќе се одржат и параолимписките игри.
Уложените средства се еднакви на 9 милијарди долари пред се во изградба на инфраструктура, додека домаќинот очекува добивка од околу 300 милиони долари.


Со просечна клима од 8 степени, Сочи ќе биде најтоплиот град што некогаш ги одржувал Зимските Олимписки Игри.

Игрите ќе се одвиваат на неколку терени и затворени сали. Олимпиското село е новоизградено и се наоѓа на брегот на Црно Море. Во него се вклучени следните објекти.
Bolshoy Ice Dome
Shayba Arena
Adler Arena
Iceber Skating Palace
Ice Cube Curling Center
Fisht Olympic Stadium

Олимпиското село со означените спортски комплекси​


Олимпискиот факел ќе започне да се движи од Москва на 7 Октомври, преку 83 градови во Русија, пред да пристигне во Сочи на денот на отворањето на 7 Февруари 2014.
Засега 38 држави имаат по најмалку еден натпреварувач. Македонија не е на листата.

Медали


Календар на настани по денови, спортови и број на настани
calendar.JPG

По завршување на игрите дел од инфраструктурата ќе се користи за Формула 1 и ќе се вози во периодот од 2014 до 2020.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Арно ја отвори темава и ме потсети дека се играат ЗОИ оваа година, дефинитивно немаше да ми текне.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Клети Руси, не ме одбраја за волонтер. (n)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Клети Руси, не ме одбраја за волонтер. (n)
Има доволно од „Гранит“ таму. :)

Иначе денеска, во древната Олимпија беше запален олимпискиот оган. Во Сочи ќе пристигне на 5ти октомври, по што ќе пропатува 65.000 километри, за повторно да се врати во Сочи, на 7ми фебруари, на почетокот на Олимписките игри.
Интересни дестинации се споменуваат низ тие 123 денови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Одбројувањето и официјално започна, уште 100 дена до ЗОИ :)




In the meantime, учеството на Грузија на Игрите е под знак прашалник поради тоа што Русија ја чепкаше Грузија додека траеше Пекинг 2008 и поради смртниот случај на Нодар Кумариташвили пред 3 години.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
На официјалната на фб се одбројува одамна веќе.

 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Судејќи по Универзијадата олимпискиве игри ќе бидат врв, у поглед на организација. Алал да им е на Русите премногу вложуваат во спортот и организација на натпреварувања. :cuc:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Судејќи по Универзијадата олимпискиве игри ќе бидат врв, у поглед на организација. Алал да им е на Русите премногу вложуваат во спортот и организација на натпреварувања. :cuc:
Вложуваат а и максимално ја искористуваат работната сила.Многу работници од тој проклет град црно видоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom