Криптозоологија (листи, објаснувања, медија)

Кентаур
Статус - Непотврдено, мит
Опис - човек - бик
Локација - античка Грција
--- надополнето: 23 септември 2013 во 21:58 ---


Сериозно дека ова е потврден?

Дали сериозно помисли за можно постоење на мечкосвињочовек или како и да го нарековте!??!?! :facepalm:
--- надополнето: 25 септември 2013 во 23:11 ---
Истребени се буквално сите...
Последниот умира во зоолошка во 1936 во Хобарт, Тасманија


Баш е убаво животинчево :) инаку јас колку што знам последниот тасманински тигар е убиен од некој човек, а сега дали бил овој тој во зоолошкава или некој друг не знам
--- надополнето: 25 септември 2013 во 23:14 ---
Кога сме кај змеовите, најчесто познати се Британските и Тибетските, па и Индиските.

Од змеовите би ги издвоил Нага, Вео и Ванара.

И не верувам многу во змеови, повеќе ми се за деца :D

Ама приказните се интересни, отсекогаш сум ги сакал змејовите :D:D:D
 
Легендата за змејот потекнува од многу одамна, кога порано не се знаело за диносаурусите, па простиот народ кога откопувал и пронаоѓал скелети од изумрени диносаури, изумреното сушстество си го објаснувал како нешто што порано летало, испуштало оган, а никој не го видел бидејќи живеело во најдлабоките пештери каде луѓето не се осмелувале да влезат. Ако ништо друго, фасцинантно е каква била имагинацијата на луѓето и како тоа влијаело врз модерниот свет :)

dinoskeletonanatomy.gif


skeleas2.gif


- Слично за простото око кога ќе го види во живо, нели? :)


Кракенот мислам дека го докажаа, но тој не е ни приближно голем колку што се опишува во приказните за легендарното морско суштество. Кракенот е всушност Џиновска Лигња, забележана на повеќе простори. Долга е околу 14 метри, а краците и се 5 метри.
Giantsquidphoto2.png
Лесно би можела да потопи кајче, меѓутоа цел брод? Треба малце повеќе труд за тоа :)
Ако џиновската лигња се смета дека всушност е долгобараниот кракен, тогаш таа не е новитет. Од поодамна е таа забележана.
 
Кракенот го докажаа затоа што изјавите на морнарите од една страна се мисли дека се преувеличуваат, а од друга страна пробуваат барем приближно да докажат некое водно животно што е приближно на таа големина. За Џиновската лигња се согласувам, машката расти до кај 14-15метри, а женката нешто помалку околу 12тина метри.

Ја немам книгата што имаше збирки од мистерии, но сепак и на гугл има интересни работи околу тоа како го опишуваат Кракенот..








Некои пак ја опишуваат како...




Но, ова се претпоставувало во минатото, кога се мислеле дека Кракенот е некој голем кит, а не лигња. :)

Но, на крајот на краиштата интересни се приказните на морнарите.

Се согласувам со тебе, митови или вистини сите приказни се интересни да ги читаш или слушаш :)
--- надополнето: 25 септември 2013 во 23:50 ---
Кракенот сеуште не е докажан, но се претпоставува дека е лигња.

Не знам, можеби
 
Наречен е Komodor dragon, исто така е пронајден негде на Индонезијските острови на Komodo. Должината му е околу 3 метри, и мислам дека е еден од најголемите лизарди.


Имаш јогурт :D

Ова е далеку од некој криптид, поентата ми беше дека само овој "змеј" за мене е змеј. Другото само се приказни и преданија, кој се многу интересни за читање. :)
 
Имаш јогурт :D

Ова е далеку од некој криптид, поентата ми беше дека само овој "змеј" за мене е змеј. Другото само се приказни и преданија, кој се многу интересни за читање. :)

Да да, затоа и мене ми падна чудно зошто баш овде го постави ова..

Секој различно ги сфаќа работите... јас сакам малку надвор и од границите на реалноста да читам, така што не верувам дека лигњата е токму претставителот на "Кракен-от". :)
 
Знае некој што е ова? :icon_lol:
Кој погоди има литро јогурт.

komodo_dragon_from_above.jpg

Јогуртот ми го украдоа но не се љутам,само да надополнам дека комодово е страв и трепет за локалните жители бидејќи неретко знае да влезе по селата и буквално-да им ги изеде децата.Ако те апне за рака,опрости се со неа,само ампутација те спасува.Навистина многу гадно створење,непријатен предатор,тврдоглав,не се плаши ниту од луѓето.
Може бурек за мене,фала:D
 
Ningen

Еве ви интересен криптид којшто се смета за хуманоид...
Локација околу водите на Антартикот..

Неколку член екипаж биле истражувачи, тврдат дека виделе суштество кое што било хуманоид, и било високо околу 20-30 метри. Го опишуваат како човек, затоа што имал екстремитети ( нозе, раце, истотака на рацете имал по 5 прсти..)

Најверојатно ги сетил (суштеството) па набрзо исчезнало низ водите.. има неколку слики коишто се интересни, погледнете..

400px-Nin.jpg



344px-Antarctic_humanoid_6.jpg



400px-Ninj.jpg
 
Nguma-monene е криптид кој живее во Конго.

Големината на растење, односно должината може да достигне и до 1 метар.

Бојата на кожата може да биде сива или кафена.

294px-Dimetro.jpg



Се претпоставува првата појава на овој вид на животно било пред 40илјади години, а додека пак последното видување/репорт било 20ти век. :)
 
Бидете малку поактивни. :)

Еве уште еден криптид, се работи за Skunk Ape.

Криптид кој е човелики и се наоѓал во САД. Имал невообичаени црвени очи, за разлика од повеќето примати.

Првите изјави за негово видување биле 1960-1970та година.
После 26 години, значи 2000та година, анонимно лице приложило слики во полицијата, како се спасила од орангутан.

Штом излегле во јавноста тие слики (2), се поврзале со овој мистериозен криптид...

Слика бр. 1
Skunk_Ape.png



Слика бр.2
142px-Skunk_ape.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom