Во една прилика имаше поставено прашање до муслиманите во врска со постењето за рамазан и правилото дека доколку треба да поминеш пат поголем од 5 километри, дозволено ти е да јадеш. Одговорот гласеше одприлика вака некако - Во времето на Мухамед, единствено превозно средство биле камилите и се патувало низ пустини, сега технологијата нуди далеку поефикасни начини на превоз и затоа тоа правило може да се смета за надминато.
Ме интересира што е разликата со повикувањето на молитва? И во таа област технологијата нуди најразлични решенија! Зошто тој повик да не се направи да биде само до оние за кои е наменет? Или разликата е што патувањето со камила е на товар на муслиманот, па затоа се одлучува да патува со автомобили, авиони и слично, ама повикот за молитва не е негов проблем, па не му е ни гајле што ги буди и иритира останатите?