Жити се, како ги најде? Кој ти отвори? Кој ти крена телефон? Ти си ја решила мистеријата бе жено!
Телефонски нема шанси да ги добиеш, среќа или несреќа незнам како да го означам имав термин и се покајав милион пати што отидов.
Понеделник термин во 09:00. Писмото го добив во петок значи два дена пред терминот (снајди се па живи). Ќе ви го опишам само почетокот од авантурата, дека до крајот неможам да стигнам пак срце ќе ме фати од нервоза.
Мало собиче, надвор како стока чекаш, излегува еден (мислам дека беше под дрога скакаше целиот) и една госпоЖа, и типот ми вели:
-Зошто чекаш?
-Како прво велам добро утро, имам термин во дев..
-ТИШИНА!!!! ТИШИНА!!!! ЌЕ ВЕ ПОВИКАМЕ!!! БЕГАЈТЕ СИТЕ НАЗАД!!!!!!


Јас избројав до 10, се повлеков настрана иако веќе бев на сто, велам ај може лошо спиел или дечкото не му го пушел како треба... Одеднаш од толку народ госпоЖата ми се обраќа баш мене и ми вели:
-Шо си ма ти така нервозна????

И тука веќе ни руски тенк не ме сопираше, останатото е како кошмар повуци потегни, јас едно зборам он друго збори, не сослушува итн дур на нашки не го смирив баткото со два три кафански збора.
Кога излегов надвор мислев дека сум во некој погрешен филм, уште неможам да се помирам со нивниот долен понашај спрема сите кои дошле да средат некој документ. Тоа е тука така, долу е уште полошо. Затоа поради такви, ми е мило што живеам во земја со високо ниво на култура.
Имав термин покасно во германска управа, милина да ги слушаш. Разликата неможам да ја споредам.