blue ladybug
Фанг ловер
Ај едно толкување од тебе pearl. Читам си станала главна толкувачица на кајгана 
Сонував снежна виулица, намерно предизвикана. Не знам кој, како ја предизвикал, ама знам дека сите ја очекувале да дојде. Некои дури и си ги напуштиле домовите, но јас и мојата фамилија сме останале во родната куќа, подготвени со дрва, изолации за да не замрзнеме. Кога почнала виулицата, сите сме биле собрани дома, надвор не се излегувало од што било многу ладно. Знам некоа језа ме пратеше додека го сонував сонов, дури и ме разбуди од спиење. По некое време ми се јавила една другарка која живее во комшии. Она не отишла со нејзините, не знам како и зошто, туку сама била дома пикната под јорган и била веќе пред смрзнување. Јас сум и рекла еве идам до кај тебе, да те земам и да те носам кај мене дома. Кога сум излегла по виулицата надвор, прст пред око не се гледало од што паѓало премногу снег. Имав чувство како некој да ме гони затоа што сум излегла надвор. Стигнав во дворот на другарка ми и тогаш се разбудив...