Производство на фудбалчиња

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Локација
Скопје
Веќе неколку години имав играчница со пикада и фудбалчиња кои сега ги користам за домашни потреби, но сакам да прејдам на едно повисоко ниво. Бидејки ми се голема пасија,а воедно сум инжинер, сакам да произведам, како за почеток, еден примерок, прототип, со мој дизајн различен од оние фудбалчиња на кои сите ние сме играле во некој период од животот( ФА-БИ фудбалчињата).
Фудбалчето ке биде наменето за сите љубители на ова хоби, за домашни услови и за играчници.
Ке направам подобрувања во веќе постоечкиот дизајн т.е:
-ке има две опции, со и без жетони,
-ке може да се подесува по висина, поради тешкотијата помали дечиња да играат фудбалче бидејки е високо,
-ке се склопуваат ногарките и ке може фудбалчето да се постави вертикално кога нема да се користи за да заштеди простор,
-ке се користи дигитален бројчаник кој ке го покажува резултатот, наместо да гледаме низ стаклото колку топчиња има од едната и другата страна,
-топчињата ке бидат црно бели со гумиран слој ( или некој вид скај,вештачка кожа) а внатре пластични, со цел да се елиминира бучавата која ја произведува пластичното топче во случај кога се шутира или при удар во зидовите. Можеби наместо да се менува составот на топчињата ке се менува составот на подлогата и зидовите (нема да биде плексиглас), може да биде дебело платно со слој гума под него како кај билјардите, кое исто така ке овозможи намалување на бучавата при шут,
-головите ке бидат со мрежички за да се зголеми задоволството кога ке се даде гол.
Тоа се некои генерални подобрувања во дизајнот но ке има повеќе.
Ако има побарувачка,ке продолжам да го произведувам и продавам и понатаму. Јас овој проект пред се го правам како за сопствен мерак,како за мене,бидејки уживам во играва. Целта ми е да произведувам фудбалчиња кои ке овозможуваат максимална забава, задоволство и практичност, а бидејки ги познавам маните на фудбалчињата и сите трикови (хакови) кои може да им се направат, сметам дека можам да произведам квалитетен производ со разумна цена, пропорционална со квалитетот а сепак достапно за секого.
Што мислите, дали има заинтересираност за ваков Македонски производ, дали има други како мене кои ја сакаат оваа игра, и колку пари би биле спремни да дадете за ново фудбалче,со интересен модерен дизајн, земајки во предвид дека цената на ефтините половни фудбалчиња ФА-БИ, во просек се движи околу 200 евра, а нови се околу 500 евра?
Моментално проектот се наоѓа во почетна фаза на истражување , потоа ако утврдам дека треба да продолжам со идејава ке започнам со проектирање и ке поставам неколку цртежи (рендери) од мојот дизајн, за кој повторно ке можеме да дискутираме.
Секое мислење е важно, секој предлог е добредојден.
 
Изглеа ептен ти се пасија па не гледам зошто не би успеал. Мислам дека 500 евра е некоја ок цена иако немам референтна точка. Играчници можеби би го купиле производот ако е добар, но за домашна употреба не верувам дека ќе имаш успех, а како главен проблем би го ставил мизерниот животен стандард освен ако не планираш извоз.
Додека за играчниците е бизнис за домашни корисници е веќе луксуз кои малку во Македонија би можеле да си го дозволат.
 
Супер идеја, дури и да не успееш да почнеш со производство, можеш да си го патентираш производот и можда фа-би или некој друг би платил за сериско производство на твојот патент. Сега, за идеите:

-ке може да се подесува по висина, поради тешкотијата помали дечиња да играат фудбалче бидејки е високо,

Ова е добредојдено, не само за помали дечиња, туку и за повисоки дечки, мене понекогаш ме боли грбот кога играме подолго време на работа со колегите.

-ке се склопуваат ногарките и ке може фудбалчето да се постави вертикално кога нема да се користи за да заштеди простор

Исто и ова е многу битно, јас исто така би размислил за домашна употреба, како би го искористил фудбалчето поинаку, пример да се трансформира во некоја масичка кога нема да се користи

топчињата ке бидат црно бели со гумиран слој ( или некој вид скај,вештачка кожа) а внатре пластични, со цел да се елиминира бучавата која ја произведува пластичното топче во случај кога се шутира или при удар во зидовите

Мене искрено воопшто не ми се допаѓа да нема бучава, сепак, играта е динамична, и мислам дека звуците се составен дел од фудбалчето, посебно звукот на лимот кога ке пукне при давање гол, како во казанче :)
Како моја идеја би било да се размисли да се променуваат бројот на играчите во одбрана (пр да ставиш 3, за сметка на петката на средина), или можност за репозиционирање на централниот играч на тројката (полево/подесно). Ако ми текни нешто друго ќе пишам.
 
Ако правиш ја мислам дека подобро ќе ти биде да не правиш од овие Фи-ба обичниве фудбалчиња, почни со оние на кои што се игра светско првенство, не мора да бидат исти но на таков принцип да бидат, ќе биде предизвик ама единствени ќе бидат тука, не верувам дека има такви низ Македонија.
 
Веќе неколку години имав играчница со пикада и фудбалчиња кои сега ги користам за домашни потреби, но сакам да прејдам на едно повисоко ниво.
ОФФ топик,можда случајно продаваш пикадо?:rolleyes:
 
топ идеја! (y) само едно нешто што е клучно, сакаш да го тргнеш :/
звукот кога топчето се удира од страна, е НЕЗАМЕНЛИВ !! :)
 
Се мењај, али звукот не му го гибај.
Нема ништо поќејфски коа ќе го слушнеш тој звук.
 
Немооој звукот за гол.Btw одлична ти е идејата (y) И од мене една идеја ако можеш да направиш да се преместуваат играчите од одбрана во напад,средина и сл
 
Ок можеби наместо да се отстрани, ке треба да се подобри звукот со додавање на некој по акустичен материјал пропратен со некаква воздушна сирена (како звукот што го обележува крајот на кошаркарски натпревар) или можеби пак звук на судиска свирка. Значи штом топчето влезе во гол и удри во акустичниот материјал, се пушта сиранета која ке свири 2-3 секунди.
Исто така ми се допаѓа идејата да постои опција за менување на поставеноста на играчите, така ке може оној кој ке игра на фудбалчето да си ги постави играчите според неговата замисла но сепак ке има ограничувања, во смисол, нема да постои опција сите 11 играчи да се постават во напад. Мислам дека 5 во една линија ке биде максималниот број на играчи што ке може да се постават.
--- надополнето: 23 септември 2013 во 15:54 ---
Ако правиш ја мислам дека подобро ќе ти биде да не правиш од овие Фи-ба обичниве фудбалчиња, почни со оние на кои што се игра светско првенство, не мора да бидат исти но на таков принцип да бидат, ќе биде предизвик ама единствени ќе бидат тука, не верувам дека има такви низ Македонија.
Мислиш на оние на кои шипките им излегуваат од другата страна на фудбалчето?
Мислам дека тие не се наменети за играчници и за аматери од безбедносни причини.
 
....пред да се селам имав идеја да купам старо фудбалче и да го пренаменам во маса.....а со вадење на плочата да може нормално да се игра....но кога подразмислив колку ќе ме кошта топче во прозор се откажав од идејата
 
Навистина добра идеја!Одамна не сум играл,ама мислам дека има бизнис потенцијал во оваа работа.Ти ги гледав и мислењата за промените.Мислам дека генерално се добра идеја,иако еден мој совет би ти било да направиш да се вади т.е да може да се менува:
Нели некои го сакаат традициналниот начин со бучава,а оние кои не сакаат менуваат подлога и играат на тивка.Како и да е.Пак ќе кажам ми се допаѓа идејава.Извести не доколку можеш до каде си со реализацијата.
 
Супер идеа, доста касно ја гледам темава па затоа ќе прашам

Дали ова нешто е направено ?

Интересно би било наместо стандард теренот правоаголник и ништо друго да се направи во вид на стадион од страна да има направено божем има навивачи сето тоа направено со слика залепен тапет, играчите да бидат на принцип пластика која ќе има на него залепено слика од некој фудбалер. Доле теренот наместо оној стандард плексиглас или што и да е да има теписонче зелено обележано како на вистински терен па одозгора плексиглас пластика за да може топчето подобро да се тркала. Топката да биде офарбана во вид на вистинска топка како што изгледаат денес топкиве. И најинтересното е од страна да се стави лед екранче на кој ќе може после секој постигнат гол да се се пише резултат.

Ова кај нас да се изработи би коштало многу пари но како што SpiderWeb пишал ако се патентира идеата и се продаде тоа на Фи-ба можеби ќе им се допадне и ќе ја земат таа идеа за да ја реализираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom