Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Љубов и секс нема аеродром!
Во општи муабети ви се е*ат сестритеее !!
Економија и бизнис е МАКЕДОНСКИ ГРАД!
Дарк Кинг, а знаеш дека ти како бивш модератор на Општи си уствари Трифун Костовски?
Или можеш да бидеш Ристо Пенов ако сакаш, ама ја мислам дека Трифун е многу покул.
A, Никола како модератор на Религија ?![]()
Господин-господин Стефан.
Малку креативност. Одиме со ред.
Кајгана, или официјално Република Кајгана е онлајн држава сместена на еден далечен хард диск на онлајн Балканскиот полуостров. Земјата е една од наследничките на Република Македонија од која прогласи независност во 2005 година. Република Кајгана зафаќа околу 5% од вкупната површина на Македонија. Географски земјата граничи со Гугл, ЈуТјуб и останати онлајн републики....
Кајгана е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата која ја репрезентира Кајгана форум, е Општи муабети со околу 350.000 мислења. Други поголеми градови се: Љубов и секс, Здравје, Економија и бизнис, Фудбал, Кошарка и многу други...
Кајгана има вкупна површина од 1,5 тб серверски квадратни километри во кои живеат околу 47.048 членови од кои многумина се веќе на вечните ловишта, дупли јузери, тролови, спамери, шерифи и останата багра. Официјален јазик е Кајгана-македонскиот, изменет сајбер јазик додека официјална валута е во процес на изработка. Во 2005 година Кајгана стана членка на Онлајн Обединетите Нации а поради неспорот со името со нашиот Јужен сосед во заедницата е примена со целосното нејзино име, како Република Кајгана. Во време кога е пишувана оваа статија, Кајгана нема аспирации и ниту планира аплицирање за прием во ЕУ и НАТО, (или народски кажано кој ги е.е).
Знаме
![]()
Главен град: Општи муабети
Службен јазик: Кајгана-македонски
Демоним: Кајганахолик
Уредување: Демократска (на моменти анархистична) онлајн република
-Претседател и врховен командант: Acid (Ејсид Сејдиу)
Основање:
Објавена независност од РМ: 20.01. 2005
Површина: 1+ тб серверски квадратни километри
Население: 47000 жители
БДП
- Вкупен: во фаза на декларирање
Дополнителни информации
Се вози на: На Кајгана не се вози на десна страна туку се вози на Линукс и на Виндоус.
Време: На Кајгана е секогаш сончево и топло, и во лете и во зима.
Етимологија
Името "Кајгана" потекнува од старомакедонскиот рецепт по исто име, сочно и богато со калории традиционално јадење.
Историја
Археолошките наоди покажуваат дека на простор Кајгана постоела цивилизација уште пред 2005 година, но првпат кралството Кајгана се појавува во 2005 а постои дилема за тоа кој бил првиот Кајгана семоќен и сенароден крал.
Со текот на годините на форумот е прибрано и голем број на малцинство меѓу кое најброно е Бугарското малцинство, па потоа Албанското и Српското. Бугарите се вечно најголемо малцинство кое неколкупати се обидело да ја измени историјата на Кајгана но сите обиди завршиле неуспешно или народски кажано биле задушени. За нејзиното функционирање е задолжен тимот на министри-модератори од владата на Република Кајгана.
Географија
Иако лоцирана на сервер, таа сепак има излез на многу виртуелни мориња и океани.
Демографија.
Кајгана-Македонци 87%
Бугари 4%
Албанци 3%
Вонземјани 2 %
Други 4 %
Онлајн рамковни и слични договор нема!
Економија
Република Кајгана по нејзиното стекнување на својата независност од Македонија излегува како нејзина најсиромашна република. Економијата е пост-транзициска со голем број на се уште нерешени транзициски проблеми, меѓу кои многу проблем со спамери, торес типс блогови, Веселинова и останата непослушна багра.
Политика
Политиката на Кајгана е уставотворно забранета. Секое прекршување на правилата носи казнени поени, бан од тема и од форум на неодложено време. Земјата нема амбиции за членство во ЕУ и НАТО, бидејќи на повеќе теми, нејзините граѓани повеќепати се имаат изјаснето против членството во ЕУ и НАТО.
-------
И покрај многуте полемики и притисоци, Кајгана империјата продолжува во духот на Александар Македонски и ѕвездата од Кутлеш да живее како слободна и унитарна онлајн република, притоа не засегната од случувањата на останатите надворешни фронтови.
А ти си прима балеринаВакво лижење јајца одамна не сум видел, али прецедников си го утнал киселиот не е прецедник.
Значи по хиерархија
Мистичен
Олимпија
Acid
киселиот ти е нешо ко Мијалков