Љубов или „милионче“, што би одбрале вие?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Ако би требало да одберете меѓу милион евра и љубов што би одбрале?


  • Вкупно гласачи
    251
љубовта не е се шо ти е потребно во животот, една алка од многу за да можеш да се наречиш среќен, луѓе се среќни и без пари и без љубов. абе summer children
 
Парите немааат реална вредност. Тие се само едно парче хартија кое има само номинална вредност, а тоа е толку колку што покажува бројката на него. Денес таа бројка може да значи многу, утре може да значи малку, а задутре може да не значи ич. Единствено нешто што има реална вредност е златото.

А јас си го најдов моето злато и не го менувам за ништо. :)
 
....зависи кој што подразбира под љубов...но во секој случај животот без љубов не е живот...милион парчиња хартија можат да не направат среќни за момент....но само за момент.....се раѓаме сами и умираме сами....но не живееме сами

постојат повеќе видови љубов...кон родителите, кон браќата и сестрите, кон партнерките/те, кон сопствените деца......

...чичко Ристо пееше...
Јас сум човек кој живее во страв,
кој се плаши да те допре.
Не знам дали остана
бар малку љубов во мене,
или се исчезна во времето.

Осамен и уморен трагам очајно
по моите милион долари,
единствен разлог
да продолжам да живеам.

а дедо Павле напиша
1 Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
2 И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум.
3 И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.
4 Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;
5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;
6 не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;
7 сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
8 Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
9 Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
10 но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.
11 Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
12 Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.
13 А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

....парите можеби се потребни во животот...но да живееш живот без да сакаш или бидеш сакан за мене е промашен живот

 
Љубов, која ќе ме гушка секое утро кога ќе се разбудам. :pipi:
Woody-Harrelson-Wiping-Tears-Money.gif
 
Со милионче ќе тркнеш до Шпанија, Португалија, Германија, дек сакаш и там ќе запознаеш некој шо ќе те гушка ;).
Паметна си ти, само во македонија тешко некако да се омажиш за милионерче.
 
Паметна си ти, само во македонија тешко некако да се омажиш за милионерче.


Ситуацијата е хипотетичка, јас да имам милионче, не да се омажам за милиончето ;).
За милионче не се мажам, тој што има пари, секој пат ќе може да си купи поубава, попаметна и поработна од мене :).
Муабетот ми е, дај ми милионче, ќе си најдам љубов :D.
 
Со милионче ќе тркнеш до Шпанија, Португалија, Германија, дек сакаш и там ќе запознаеш некој шо ќе те гушка ;).
А најубаво е со љубовта да си тркнам до сите тие места. Заедно ќе си ги заработиме парите за до таму, па ептен слатко ќе ни биде гушкањето кога ќе отидеме ;)
 
Ситуацијата е хипотетичка, јас да имам милионче, не да се омажам за милиончето ;).
За милионче не се мажам, тој што има пари, секој пат ќе може да си купи поубава, попаметна и поработна од мене :).
Муабетот ми е, дај ми милионче, ќе си најдам љубов :D.

Значи ти сакаш да си купиш некој? Т.е. некој да се ожени за твоето милионче?
 
А најубаво е со љубовта да си тркнам до сите тие места. Заедно ќе си ги заработиме парите за до таму, па ептен слатко ќе ни биде гушкањето кога ќе отидеме ;)


Ти си идеалист. Релалноста е малку потешка :(. Почни да печалиш пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom