Љубов или „милионче“, што би одбрале вие?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Ако би требало да одберете меѓу милион евра и љубов што би одбрале?


  • Вкупно гласачи
    251
De bre luge milijonceto se pecali , ama ljubov ako nema sam skitnik si I stradash BEZ LJUBOV I BEZ NEKOJA SI NIKOJ I NISTO .... fala I prijatno
 
Со тек на време се повеќе се мислам за милионот некако..
 
Кеш брее!

Од љубов не се живее, љубов има додека да се роди првото дете, после све е навика, све е минливо (свака им част на тие 10 %, што и отпосле продолжува нивната љубов )
И парите се минливи, ама па треба ептен да си отракан за од милионче да станеш голтар :icon_lol:

Вие што баблате, дека ќе изберете љубов, на рачун кога ќе ви светне цифрата, пења од уста ќе почне да ви тече :icon_lol:
Не зборете пред рука, додека не се најдете у таква ситуација, све е неважечко :D
 
Љубов нормално. Нема да зборувам за овој милион, ќе дадам само неколку примери. Љубовта и не можам баш точно да ја дефинирам, може да се каже дека тоа за мене е она што најмногу го сакам и ми значи, нешто што не можам да се замислам ако го нема во мојот живот. Имам љубов спрема многу различни работи на овој свет. Имам љубов која ја добивам од семејството, имам љубов спрема мојата девојка, имам љубов спрема моите миленичиња, ниту еден ден не може да ми помине без нив. Обожавам да го минувам времето со мојата девојка, обожавам да седнам во дневната и да си помуабетам со родителите, кога ми е тешко да и се жалам на мајка ми, кога ќе се вратам после полноќ и ќе ме праша дали сум гладен..Кога ќе заминеме на планина и го пуштам мозкот на пасење и уживам со семејството, кога ја имам нивната подршка...Кога ќе се вратам дома и ми се радуваат кучињата и мачињата, кога мрдаат со опашките и се исправаат потпирајќи се на мене, а мачките мудро гледаат што имам во рацете, дали имам нешто да им дадам, кога го поминувам денот играјќи си со нив..А секој викенд? Колку и да ви звучи чудно што ќе спомнам но викендот не може да ми помине без клубот кој го пратам од кога сум роден. Највкусниот сендвич од мојата покојна баба спремен за на стадион со татко ми под рака и да одам да го гледам мојот единствен Вардар. Моментално, најдобрите дружби на нашата трибина, да таму каде што се наоѓаат Комити, гостувањата со луда забава во воз и во автобуси, моќта кога ќе загрми нашата трибина и чувството кога се ежам..Клубот кој кога победува ме прави најсреќен човек на светот, а кога губи ми се чини дека живот ми значи..Љубовта кон местото каде што живеам и каде што се наоѓаат моите пријатели, градот и државата..Имам многу работи кои ги сакам во животот, но да не должам ги наведов основните работи кои ги сакам..

Љубов или милион?
Семејството ништо не може да ми го замени, тука парите се небитни бидејќи љубовта е искрена..Како викаме само да сме живи и здрави, а тоа не може да се купи со пари..
Девојката има посебно значење за мене, имам голема љубов спрема неа, веројатно многумина размислуваат во фазон "Ќе имам многу пари ќе ја имам која ја сакам" тоа љубов е? Тоа вечно ќе трае? Не постои нешто што би го заменил за неа.
Моите животинчиња, миленичиња во секоја смисла на зборот, би ги издвоил и последните пари, да им ја купам храната која ја сакаат, да им купам играчки, било што да им фали..Но, да ги продадам? Нема цена за која би ги дал на некого, значи повторно љубовта пред парите.
Љубовта кон Вардар..Би ги дал и последните пари, само за карта и превоз да можам да го гледам и бодрам, никогаш не би испуштил натпревар само за да заштедам. Има многу појаки тимови, но Вардар е Вардар, прв и последен еден и единствен за мене најсилен.
Мојот дом, местото каде што живеам, не би го заменил ни за вила на некој убав остров. Зошто? Затоа што тука сум израснал, тука сум ги стекнал моите пријатели, тука сум играл жмурка, тука сум учел да возам точак, тука сум дремел до сабајле за време на летниот распуст, тука сум играл фудбал и кошарка по цели денови. По истиве улици сме јаделе и играле, без да се вратиме дома..На ни едно место нема да се осеќаш како дома, колку и да е тоа место луксузно и атрактивно..

Љубов или милион? Би ги потрошил сите пари на овие нешта (и други кои не ги наброив) кои ги сакам и ми значат во животот, но за ништо на светот не би ги заменил.

Конкретно за прашањето "Ако би требало да одберете меѓу милион евра и љубов што би одбрале?"

Без тој еден милион ќе можам во животот, без љубов нема да можам, животот нема да има смисла. Зар не се трудиме, градиме, создаваме во животот да ни биде убаво на нас и на оние кои ни значат? Што ќе правиш со тој милион на 60,70 години кога ќе немаш никого покрај себе? :)

x48-PB1612.jpg


u3p-PB1512.jpg


qg-jfx5si.jpg


jdn-lfio2.jpg


se2-DSC001.jpg


gqw-P80220.jpg


%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%91%D0%90%D0%A2%D0%95-%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%B2-618x411.jpg


Ништо не може да ги замени..ова ми е љубов и навика, можеби во некој друг свет во некој друг живот.. :)
 
Имаш пари - немаш љубов.
Немаш пари - немаш љубов.

Систем равенка, +- следува => Кеш. Love does not exist.
 
Ништо не може да ги замени..ова ми е љубов и навика, можеби во некој друг свет во некој друг живот.. :)
Кај ги постираше сликиве, сеа ќе те направат умноболен, антисоцијален, човек кој мрзи луѓе, човек кој има искривени погледи за животот, зоофил, и све друго најлошо!!!111!@!

OMG, чува животни, и ги сака, и тоа повеќе од луѓе, burn him! :icon_lol:
 
glasav za Ljubov a i toa bi odbrala,fala Bogu zdrava prava mozam da zarabotam za normalen zivot...milioni ne mi trebat dovolno mi e se i ovie so gi zarabotuvam sea...
 
Гласав љубов.. Иако мислам дека љубов нема,барем не онаа вистинската,а и воопшто што е тоа вистинска љубов..
Сепак пари-секогаш можеш да најдеш начин да ги заработиш,додека вистинската љубов е ретка и се среќава само еднаш во животот.
 
Осеќам дека со милионче ќе имам многуу љубов :D:D:D.


Еxplanation pls?Сакаш да кажеш дека ке купуваш нечија љубов со парите или јас сум премногу даун па не можам да те сфатам подобро?
Ако е така како што мислам што ке правиш кога ке снемаш пари?
Како дојде до овој заклучок,ме интересира.
 
Ај на кратко би ти одговорил за да не одговарам на секој поединечно. Џабе се парите кога со пари здравје не се купува. Џабе ти се парите кога со пари љубов не се купува. Без здравје џабе ти се сите пари. Без љубов џабе ти е се коа немаш со кој да споделиш.

Капиши ?


Точно , се согласувам потполно.

Но здравјето можеш да го изгубиш и кога си сиромашен. Љубовта можеш да ја изгубиш или да те изневери и кога немаш пари. Капиш?

Јас не реков дека парите се побитни од здравјето , далеку од тоа фала богу. Но болеста не прашува дали си богат или сиромашен за да дојде , па затоа е подобро да ја пречекаш со кеш , ако не друго барем ќе имаш шанси да и се спротиставиш.
 
сите се тргнати по пари(а пари НЕМА),демек љубовта сама ќе си дојдела.........дабл лузерс :unsure:
 
Еxplanation pls?Сакаш да кажеш дека ке купуваш нечија љубов со парите или јас сум премногу даун па не можам да те сфатам подобро?
Ако е така како што мислам што ке правиш кога ке снемаш пари?
Како дојде до овој заклучок,ме интересира.


Шо да ти објаснам?
Колку пати ти лета на крилјата на љубовта без пари а? Шо со пари не можеш да најдеш љубов? Или само едншка се сака у живото?
Инаку да не се лажеме, со пари секојпат ќе имаш поголем избор :)
Парите нема да ги снемаш толку лесно ако најдеш начин да ги множиш :D. Пресметлив ризик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom