- Член од
- 19 септември 2013
- Мислења
- 30
- Поени од реакции
- 6
Незнам дали е во вистинскиот дел од форумот, но тука ми излгедаше најприкладно да ја отворам оваа тема.
Конкретно сакам да отворам дискусија околу цените, и бројот на станбени објекти во Скопје. Мислам дека оваа тема ќе ги интересира доста од овде присутните.
Продажбата оди тешко, а цените паѓаат. Неколку пати сум слушнал вакво нешто, што по медиуми а што и од луѓе. Цените во Скопје се движат од 900 па до 1300 евра по м2. И ова се сосема нормални цени, иако мислам 1300 е премногу па според мене 1150 би било сосема нормална цена за м2 во некој полуксузен објект.
Но не се слагам со цените, особено на становите да паднат под 900 евра за м2.
Во неформален разговор на оваа тема со еден пријател пред некој ден ми кажа дека во овој момент во Скопје имало непродадени 8000 ново изградени станови. Па јас реков кој знае колку е бројот со становите кој што се од постарите градби а се продаваат.
Јас сметам дека и луѓето од внатрешноста на Македонија се фактор плус за симнување на цените. Постојано бараат пониски цени за м2, па дури и кириите ги намалуваат. На ова мора да реагираме ние од Скопје. Сепак летово се распрашував за стан во Охрид, па ми вика инвеститорот ги давам 1200 евра м2 неможе подолу (замислете Охрид), а пак на оглас по огласите ги гледам од 650 до 700 евра најмногу за м2. Значи во сезона една цена а вон сезона друга. Кога може Охрид да држи цена и да крева можеме и ние.
А околу бројот на ново игзрадени станбени објекти, мислам дека општините од Скопје треба да донесат мерка заедно со град Скопје за привремен престанок на издавање на градежни дозволи со што овој хаос малку од малку би се решил.
ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ НА ОВАА ТЕМА?