Секси затегнато тело кај партнерот/ката...неопходно или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мекица
  • Време на започнување Време на започнување
Иронија бре,човекот има некоја харизма да те зеза ама да не му се наљутиш :)

И пак респекат до тебе. Озбилно. Ти си најпозитивниот тип на форумов заедно со Луки.

Он топик: лично сметам дека затегнато тело е доста неопходно и препорачливо, а можда чак и пресудно за една добра врска. Баш поради отсуство на телесна затегнатост неколку мои потенцијални врски завршиле пред да почнат, иако јас сесрдно сум се залагал за продолжување на истите.
 
Превенција од некои видови на канцер, превенција од срцев удар(холестерол/триглицериди,висок крвен притисок), превенција од мозочен удар, превенција од тип 2 дијабетис, регулирање на хроничните болки ако си еден од помалку среќните и имаш неизлечлива автоимуна болест - артритис, превензија од дебелеење, превенција од алцхајмер, ја подобрува меморијата, те прави попаметен:), посреќен(се лачи ендорфин). Треба ли да го додадам фактот дека со тоа што здраво се храниш општо ти се подобрува здравјето. А да, и секундарен сајдефект - изгледаш hot as fuck.

http://www.telegraph.co.uk/health/healthnews/5371468/Men-with-big-muscles-cut-cancer-
risk-by-40-per-cent.html

http://www.forbes.com/sites/melanie...rcise-make-you-smarter-new-research-says-yes/

http://www.nytimes.com/2012/04/22/m...ad-to-a-better-brain.html?pagewanted=all&_r=0



Luckily, a few recent studies suggest that resistance training actually promotes neurogenesis – the growth of new neurons in the brain
http://www.marksdailyapple.com/monday-musings-the-dumb-jocks-myth/#axzz2ZFsREMwX

Отидов јас да губам време
Fala 4ao

Генерациите на баба ми и дедо ми никогаш не кренале тег во животот, па дочекаа 80-90 години во просек сите и грото од нив немаат апче испиено во живот, а најстарата Струмичанка почина на 104 години и немала бицепс. Знаеш зошто? Затоа што јаделе селско месо, пиеле селско природно млеко, јаделе селски природен зеленчук и овошје, дишеле чист селски воздух, а ти денеш се дуваш со суплимати, јадеш вештачка индустриска храна , дишеш презагаден воздух и живееш во град како роб за да неможеш ништо да произведеш, а се да ти продадат како “100 природно“.

Тоа дека бодибилдингот те прави попаметен е нешто најмалоумно што сум го слушнал во блиска иднина. Најголемите умови во историјата, а и денес никогаш во живот не влегле во теретана, а тие што цел живот креваат тегови никогаш и незнаат друго да прават во живот освен кревање тегови.Такви можам во старт 500 души да ти набројам од Скопје.Она што те прави поинтелегентен, попаметен, поздрав е твојот генетски материјал што го носиш во себе и што си го наследил од претходните генерации.

Марко Чаласан незнае што е теретана, а прави софтвери на 8 години, а Урко што прави освен што се билда, тепа и зема рекет со обезбедување?

Донеси ми една личност што со бодибилдинг била излечена од реуматски болести? Како прво реуматски болести не се физички болести, туку се внатрешни болести што е огромна разлика.

Изгледаш ебано хот? Тоа што те прави да изгледаш ебано хот е во старт ШТО СИ РОДЕН УБАВ. ИМАШ УБАВИ ЦРТИ НА ЛИЦЕ, ИМАШ ПРИРОДНА КОСКЕНА ГРАДБА, ИМАШ КАПАЦИТЕТ И ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ДА РАЗВИЕШ СОПСТВЕНА ИДЕЈА НА ОБЛЕКУВАЊЕ, ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА ДА СОЗДАВАШ ВО ЖИВОТОТ, а не проќелав билдер надуван како балон.АКО НЕ СИ УБАВ ЏАБЕ ДУВАЈ СЕ ВО ТЕРЕТАНА КОЛКУ САКАШ, ЗАТОА ШТО КОГА ДЕВОЈКА ЌЕ ТЕ ВИДИ ВО КАФИЧ, НА РАБОТА, НА УЛИЦА ПРВИН ГО ГЛЕДА ТВОЕТО ЛИЦЕ, ПРИРОДНА ГРАДБА НА ТЕЛО, ТВОЈАТА ФРИЗУРА, ТВОЈОТ СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ, А НЕ ШТО ИМАШ ПОД ТАА КОШУЛА.

Сум гледал еден куп билдери што секој мускул им се познава, па кога облекуваат гардероба ништо не им стои, затоа што не се природно и генетски убаво градени.

Курт Кобејн никогаш не влегол во теретана, па девојчиња го сакаа, затоа што беше убав, несекојдневен и неговата музика афектираше милиони низ светот колку и да била лоша или добра.


Здрвјето и спортот се многу битни во развојот на една личност, но тоа е трчање, возење велосипед, шетање во планина на чист воздух, тегнење на справи, склекови, физичка активност и се останато.Признавам убава и нормална градба на тело со познавање на мускули, а не овие балони.
 
Шарм харизма е битно,лице и згодно тело .. Али згоден фраер не е набилдан него умерено вежба и све му е таман на место.. ништо претерано :)
Не сакам дебели или слаби ...Само згодни стегнати без претерување....
Пресудно Е затоа што физичкиот изглед е многу битен да те привлече и не треба да се потценува никако
 
Wow, кои аргументации против ... :facepalm:. Навистина, после тоа што да се пише?

Да не одам оф-топик:

Се зависи од тоа што го привлекува некој човек, некој/а сака слаби девојки/момци, некој/а пополнети, некој/а атлетски градени или ултра-мускулести. Можеби не билдерите, но атлетската градба кај машките и женските од секогаш била доминантна во перцепцијата за привлечно и непривлечно. Деталите се само сменети од порано до сега. Тешко (стрејт) машко да оддолее на атлетски градена женска фигура со добар струк, исто како и повеќето женски да оддолает на високи раменици/широк грб, или јаки раце. А истово е и научно докажано (освен преку статистики, прашалници, анкети etc.).

Лично - да, за мене е неопходно. Се друго може и без него, но не и интимниот дел кој доаѓа во пакет со имањето партнер.
 
И пак респекат до тебе. Озбилно. Ти си најпозитивниот тип на форумов заедно со Луки.

Он топик: лично сметам дека затегнато тело е доста неопходно и препорачливо, а можда чак и пресудно за една добра врска. Баш поради отсуство на телесна затегнатост неколку мои потенцијални врски завршиле пред да почнат, иако јас сесрдно сум се залагал за продолжување на истите.

Неопходно и препорачливо кај кого? Кај спонзоруши и курветани што најголем идеал во животот им Ким Кардашиан и да се гребе цел живот.Не се тие криви, туку дегенеративниот американски систем на телевизиски опери и реални шоуа да изгледаат така и размислуваат така. Девојчиња на 14 години место да го развиваат својот спортски дух, своето образование, своето детство тие постираат голи слики на Фејсбук и Твитер. Ако тебе цел ти е да излегуваш со таква девојка пиши пропаст уште во старт.



Секој сака да има покрај себе убав и харизматичен партнер, тоа е неоспорно, но бодибилдингот нема да те направи поубав и похаризматичен. Тоа е нешто со што се раѓаш.
 
Донеси ми една личност што со бодибилдинг била излечена од реуматски болести? Како прво реуматски болести не се физички болести, туку се внатрешни болести што е огромна разлика.

http://www.arthritistoday.org/news/why-lift-weights.php

Внатрешни болести? What the fuck? Артритис е автоимуна болест за која се уште нема лек. Дигањето тегови помага во намалување на неговите симптоми - болката
 
Така е, се согласувам со тебе бел брату!

Погоре посочените линкови се медицински студии и научни факти, Ајнштајн...

Медицински студии коишто ти ги истражи или само ги прочита?

Тебе можат да ти кажат дека и гомното е зелено, па ти би поверувал во такви “научни студии“?

БТВ. Секој ден слушаме различни истражувања коишто самите помеѓу себе си се негираат така да сето тоа ти е булшит.Во едно списание слушаш ова го кревало холестерлот за 40%, а утре во друго списание излегува “ново научно истражување“ во коешто се вели дека истото тоа растение го намалувало холестеролот за 70%, и? Глупости во боја.
--- надополнето: 18 септември 2013 во 20:38 ---
Така е, се согласувам со тебе бел брату!

Погоре посочените линкови се медицински студии и научни факти, Ајнштајн...

Медицински студии коишто ти ги истражи или само ги прочита?

Тебе можат да ти кажат дека и гомното е зелено, па ти би поверувал во такви “научни студии“?

БТВ. Секој ден слушаме различни истражувања коишто самите помеѓу себе си се негираат така да сето тоа ти е булшит.Во едно списание слушаш ова го кревало холестерлот за 40%, а утре во друго списание излегува “ново научно истражување“ во коешто се вели дека истото тоа растение го намалувало холестеролот за 70%, и? Глупости во боја.
--- надополнето: 18 септември 2013 во 20:41 ---
http://www.arthritistoday.org/news/why-lift-weights.php

Внатрешни болести? What the fuck? Артритис е автоимуна болест за која се уште нема лек. Дигањето тегови помага во намалување на неговите симптоми - болката

Која што се развива внатре во организмот, а не надвор. Кревање тегови нема да ти помогне, туку физичка активност и тоа многу ограничена. Тој со артритис ако вежба многу наредни 15 дена ќе има ненормални болови.И зборувам од лично искуство, а не од “научни истражувања“;)
 
Неопходно и препорачливо кај кого? Кај спонзоруши и курветани што најголем идеал во животот им Ким Кардашиан и да се гребе цел живот.Не се тие криви, туку дегенеративниот американски систем на телевизиски опери и реални шоуа да изгледаат така и размислуваат така.

Значи ако некој сака добро тело кај својот партнер - автоматски истите се спонзоруши и курветани? Не гледаш дека малку детска логика користиш во постовите? Ај пробај малку поиздржано аргументирај. Пробај барем. Америка не ги диктира стандардите - имаш иста работа во залтната Русија, а они не се мирисаат многу со Американците. Од каде они дегенеративни вредности за убавина? Да ги спомнам и Јапонците што се прават за да изгледаат убаво? Американците се манастирски сестри во споредба. Значи не туку лупај одма, за Западот си се фатил како рапер за муда. Не ти е он крив. Ако веќе бараш кривец, барај во човековиот карнален мозочен центар, развиен низ десетици илјади години еволуција кој ги диктира стандардите за убавина на инстинктивно ниво, несвесно, кај различни индивидуи.

Секој сака да има покрај себе убав и харизматичен партнер, тоа е неоспорно, но бодибилдингот нема да те направи поубав и похаризматичен. Тоа е нешто со што се раѓаш.

Што правиме со тебе братче, што ем очигледно не ги сакаш атлетичарите и билдериве (женски и машки), него што немаш ни харизма а од внатре не си многу убав? (Да не те судам на невидено однадвор? Затоа ли си олку нервозен и огорчен?)
 
Значи ако некој сака добро тело кај својот партнер - автоматски истите се спонзоруши и курветани? Не гледаш дека малку детска логика користиш во постовите? Ај пробај малку поиздржано аргументирај. Пробај барем. Америка не ги диктира стандардите - имаш иста работа во залтната Русија, а они не се мирисаат многу со Американците. Од каде они дегенеративни вредности за убавина? Да ги спомнам и Јапонците што се прават за да изгледаат убаво? Американците се манастирски сестри во споредба. Значи не туку лупај одма, за Западот си се фатил како рапер за муда. Не ти е он крив. Ако веќе бараш кривец, барај во човековиот карнален мозочен центар, развиен низ десетици илјади години еволуција кој ги диктира стандардите за убавина на инстинктивно ниво, несвесно, кај различни индивидуи.



Што правиме со тебе братче, што ем очигледно не ги сакаш атлетичарите и билдериве (женски и машки), него што немаш ни харизма а од внатре не си многу убав? (Да не те судам на невидено однадвор? Затоа ли си олку нервозен и огорчен?)

Јас не сум ти Леандра, ПрплПума, Мачорка, па да ти правам ладила на тие педерски муда!

Америка е хегемон во светската култура за било што и најмоќна економски држава којашто одредува кој што ќе пие и јаде во моментот.Сегде во светот се слуша англо-саксонска музика, се вреднуваат нивните “ѕвезди“ и “вредности“, затоа што се најмоќна капиталистичка држава и со најмоќни телевизии . Се што е популарно во Америка е популарно и во светот. Најголеми светски ѕвезди денес се или од Америка или од Англија.Не најголеми, туку сите.

Руската, француската, германската младина не останаа имуни на тоа моќно орудие за перење мозок наречено-ТЕЛЕВИЗИЈА, па затоа и кај нив стигна тоа што.

Друго е да си убав природно, да имаш природна атлетска градба, а друго е да киснеш цел ден во теретани и тоа дека ако имаш мускули си фатил господ за муда. Можат девојки по цел ден да вежбаат во теретана и пак да изгледаат крупно, затоа што имаат таква коска и градба, а може некоја никогаш да не влезе во теретана, па пак да е витка и многу згодна. Тоа е генетика и биологија.

И никој тука не зборува за некој да се запушти 150 кг, туку дека џабе ти е и да се билдаш до утре кога не си природно убав и згоден.

Јас на одмор видов Русин којшто на плажа не беше ништо посебно. Обично граден човек, а навечер го видов истиот Русин со преубава девојка и 20 девојки коишто се завртеа да го изгледаат, затоа што беше пред се убав, добро облечен(што многу зборува за неговиот карактер) и фраер во права смисла на зборот.

Никој овде не зборува некој да е несреден, небањан, да се здебели и да го гајле. Не мешајте баби и жаби. Убавината нема врска со бодибилдингот. Колку жени лудуваат по Шварценегер, а колку по Џони Деп којшто никогаш не влегол во теретана и не е ништо посебно развиен?

Јас не сум тој исфрустриран. Ти си тој што цвилиш тука цел ден на форуми и молиш за некои твои наводни “права“.
 
Неопходно и препорачливо кај кого? Кај спонзоруши и курветани што најголем идеал во животот им Ким Кардашиан и да се гребе цел живот.

По твоја логика секоја паметна и супер девојка мора да биде ДЕБЕЛА и нестегната...пошто ако е згодна и затегната, онда е курветина како што кажуваш а згодните девојки не се паметни него глупи по дифолт а ? ;) Тоа го знам по себе таа глупа предрасуда ја имаат пуно машки,не си едини....да ако изгледаш згодно и привлечно машките одма мислат дека немаш 2грама мозок (додека не прозбориш)..што е глупост! Телото нема врска со паметот!



Иначе се слагам со тебе за билдерите ко балон надувани проќелави да на ништо не личат :P Претеруваат....
 
По твоја логика секоја паметна и супер девојка мора да биде ДЕБЕЛА и нестегната...пошто ако е згодна и затегната, онда е курветина како што кажуваш а згодните девојки не се паметни него глупи по дифолт а ? ;) Тоа го знам по себе таа глупа предрасуда ја имаат пуно машки,не си едини....да ако изгледаш згодно и привлечно машките одма мислат дека немаш 2грама мозок (додека не прозбориш)..што е глупост! Телото нема врска со паметот!



Иначе се слагам со тебе за билдерите ко балон надувани проќелави да на ништо не личат :P Претеруваат....

По моја логика јас кажувам дека џабе да си затегнат ако немаш природна убавина и природна градба на тело. Има девојки што никогаш не влегле во теретана, а се преубави и презгодни, затоа што така генетиката ги создала. Има бодибилдерки што цел живот се во теретана и изгледаат одвратно како машки.

Никој не сака запуштени, несредени партнери, но среден партнер незначи набилдан партнер.
 
Америка е хегемон во светската култура за било што и најмоќна економски држава којашто одредува кој што ќе пие и јаде во моментот.Сегде во светот се слуша англо-саксонска музика, се вреднуваат нивните “ѕвезди“ и “вредности“, затоа што се најмоќна капиталистичка држава и со најмоќни телевизии . Се што е популарно во Америка е популарно и во светот. Најголеми светски ѕвезди денес се или од Америка или од Англија.Не најголеми, туку сите..

Навистина? Од кога се Русија и Јапонија американизирани? Дај внеси малку образложен материјал.

Ако навистина веруваш ова за нив двете, од сега натаму веќе нема да ги земам за валидни твоите тврдења дека Русија е пример за општество, и Јапонија (макар историска), или кој аи да е друга азиска земја, зошто очигледно ги виткаш и своите аргументи кога ти одговара. Секогаш си ги користел овие за пример, како една земја треба да се води, а сега ги направи робови на Американската "Поп Култура" и "Естетски" стандарди.

Ако гледаш по милионско население кое преставува нивни следбеништво, Индија си има свои мегаѕвезди, Јапонија си има свои, Кина свои, Русија свои. Не сум видел да бидат величани Американски ѕвезди повеќе од домашните/локалните. За светска фела - имаш и Автралиски, Ново Зеландски, Шведски, Фински, Италијански, Француски, Шпански, Бразилски суперѕвезди. Зависи што, каде, и колку се промовира. Кај нас дел од холивудската фела се познати, и повеќето гласни музички имиња. Blame radiostations as well as TV.

Во Бразил нема да најдеш некој повеќе да величи некоја си Никол Ричи или Парис Хилтон од локалната бразилска убавица со добра задница која е единствено позната што освоила најмногу гласови во некој еротски танц за време на Рио Парадите. Слична ситуација и кај повеќето други набројани. Ова најмногу се рефлектира со комуникација со луѓе кои живеат од тие региони. Вака да лупаме можеме сите, или да примаме информации дека таа и таа личност е толку и онолку позната во тие и тие земји. Ако ТВ е фејк њуџ бродкестинг, не знам зошто таквите информации би биле повалидни од се друго што се сервира таму.

Руската, француската, германската младина не останаа имуни на тоа моќно орудие за перење мозок наречено-ТЕЛЕВИЗИЈА, па затоа и кај нив стигна тоа што..

За да ти го исперат мозокот до тој степен, треба да имаш слаба мозочна маса уште во старт. Работата е што, не се работи за лоботомија во случајов. На луѓето им се допаѓа тоа што им се допаѓа. Твоите мрчења нема да сменат ништо, макар некој ги сметал за доблесни.

Друго е да си убав природно, да имаш природна атлетска градба, а друго е да киснеш цел ден во теретани и тоа дека ако имаш мускули си фатил господ за муда. Можат девојки по цел ден да вежбаат во теретана и пак да изгледаат крупно, затоа што имаат таква коска и градба, а може некоја никогаш да не влезе во теретана, па пак да е витка и многу згодна. Тоа е генетика и биологија..

Многумина стануваат попривлечни кога работат целосно на својот физички изглед. Некој/a може да има слатка фаца, но да е премногу слаб/а или премногу дебел/а. Или обратно, да нема некоја кој знае колку привлечна фаца, но да има добро тело кое додава естетски фактор плус кога се работи за привлекување. Џабе попуваш тука кога се правени тестови, од психолошки, до метаболички, што се случува со телото и како реагира на различни типови луѓе (од телесна градба до чисто атрибути на лице). Непривлечен дечко откако ќе качи килажа или симне (ако бил крупен), се менуваат до одредент дел и цртите на лицето.

Тие што биле слаби им се менува ликот кога ќе се пополнат, или тие што биле крупни, исто така, кога ќе ослабат. Повеќето луѓе реагираат најпозитивно на таа "златна средина". И тоа е дел од генетика и биологија, кога веќе ги спомна како аргумент. Да, може има некои кои добриот изглед и/или добро тело им е биолошка дарба. So what? Останатите треба врати да им отвараат? Да чекаат они да си најдат партнери, па ако нешто остане за нив, да се задоволат со некој вид sloppy seconds? Прилично нереален си, во обид да се докажеш.

За девојки со крупни коски, куров што ти оди теоријата во пракса:

OMNrqRi.jpg


Guess who used to be over 100 kg?

И никој тука не зборува за некој да се запушти 150 кг, туку дека џабе ти е и да се билдаш до утре кога не си природно убав и згоден..

Не е џабе воопшто. Дали се работи за мажи или жени, сите добиваат. Не сум забележал некој/а да не може да најде партнер по желба затоа што има набилдано/истонирано (за жени) тело, а имале подпросечна фаца естетски гледано. Верувај, јас би знаел. Повеќе искуство имам со тоа од тебе.

Јас на одмор видов Русин којшто на плажа не беше ништо посебно. Обично граден човек, а навечер го видов истиот Русин со преубава девојка и 20 девојки коишто се завртеа да го изгледаат, затоа што беше пред се убав, добро облечен(што многу зборува за неговиот карактер) и фраер во права смисла на зборот..

Браво за него. Но не ја намалува поентата дека атлетско тело пак собира партнери на големо.

Убавината нема врска со бодибилдингот. .

Затоа глупаво е да збориш на оваа тема, бидејќи поим немаш што е бодибилдингот како прво.

Јас не сум тој исфрустриран. Ти си тој што цвилиш тука цел ден на форуми и молиш за некои твои наводни “права“.

Навистина? Си ми ги броел постевите во одредени теми? :vozbud: Се осеќам поласкан.
 
Затоа глупаво е да збориш на оваа тема, бидејќи поим немаш што е бодибилдингот како прво.

Е ајде кажи ни што е??

Јас знам дека низ еоните мажјаците ловеле, трчале освојувале а мажите дремеле со жените-да оние мажи кои немале природни предиспозиции да ловат и плус имале ноќно мокрење.

Но навистина во случајов е во право кога вели дека нема потреба да човек си го уништува и гнаси телото со билдање непотребна мускулна маса, значи признавам само доколку професијата бара значи обезбедување полиција и сл.(а познавам неколку и НЕ КОРИСТАТ ПРЕПАРАТИ туку лажица мед со чај и лимон-ТОЛКУ!)

А зошто нормално машко да се уништува па да дава пари на оваа криза за протеини, сурутка во прав, Л-Карнитин понатаму геинер за тежина па и стероди и најлошо ЛИЧНО ви кажувам користат и тестостерон па цело маало бидна обезбедување и таксисти а обезбедувањето фрлаше по 600 денари за ампула која е 80 денари ама ајде настрана цена НЕМААТ ПОТРЕБА и Плус
една и САМО една ампула хормон е доволна за среднорочен генерален хормонален дисбаланс(пет години па до еквилибриум) кој делува две недели но они ќе шибнат две ампули па алкохол вечерта и ете ти тепачка-ако не со некој маж тогаш женска му е тука за тупаници или домашните во зависност кој е достапен но има такиви педери кои неможат на маж оти им фуфка па ајде по женски, родители и помали лица значи некои 18-20 години.

Значи природно на конституцијата ти е дадена пропорцијата колку мускулна маса, колку маснотии колку мозок.

Еве јас имам тешка рака како што велат старите иако неодам да билдам а правам стандардни вежби дел војнички и дел пубертетлиски знаете оние од физичко и не ме чини ништо 40-50 минути да вежбам без никакви хемикалии и плус поодамна за една година кренавме три куќи и пак бре не добив мускулна маса повеќе од таа што треба(најреално добив малку но НЕ до толку да ме направи гнасен).

Така да не критикувам никој неќам да се навредат бодибилдерите туку само сакам да укажам дека бодибилдингот не е ама никаков фактор плус за тоа дали некоја цура ќе ја фатите или не.

Имав школски цел мускулна маса ама пред женска почнуваше да пелтечи многу, главата ја наведнуваше и мрдаше со рацете како рапер обидувајќи се да се...докаже а пак тоа да го видевте во кафиќ???


Значи не е лошо да вежбате, вежбајте и за атлетско тело не е проблем напротив добро е но ако се направите како плесачите тешко вас исто така имајте предвид посебно машките дека колку повеќе покачувате мускулна маса посебно кога се надминува т.н праг на толеранција веќе навистина ќе имате проблеми бидејќи тие таа мускулна маса бара кислород а со тоа и крв па така кога ќе дојде моментот да неможете да постигнете ерекција или пак е делумна- знајте дека тоа е поради мускулната маса или едноставно нема доволно крв за да го наполни пенисот па да биде цврст како коска и сето тоа поради тоа што крвта и кислородот одат првен кај мускулите а потоа мозокот и corpora cavernosa па чао пријатно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom