Еден пријател Евреин, кој е доста влијателен во неговите кругови, го сподели со мене ова видео:
Типот е дел од моќната лоби група во Европа, а какви се неговите ставови покажува видеото. Исто така имам контакт со уште еден куп Евреи од Израел и надвор. Од обични луѓе, до влијателни бизнисмени.
Постои силна политичка струја во Израел, која е силна и моќна и на која и одговара тековната ситуација, но верувај ми на мнозинството Израелци, па дури и на најортодоксните, замената на Асад со структура која наликува на Хамас, не им се допаѓа.
Мене не ми смета ставот да се каже мислење на политиката на Израел, меѓутоа да се става цел народ во исти кош е тоа што ми смета за било кој народ, па и за Еврејскиот.
Понатаму, да се смета Израел за креатор на светската политика е во најмала рака смешно. Да, имаат јако лоби. Да, изградија јака армија. Да, имаа победи кои се рамно на чудо. Но од тоа да се изгради мит е смешно и е крајно непознавање на светските текови. Ако според воените победи се изградил митот за Евреите, тогаш „Ерменците од Аршак“ со победата во Нагорно Карабах треба да се воздигнат на ниво на божества.
Јас во последно време избегнувам да се спротивставувам во теориите на светски конспиративен заговор на Евреите против остатокот на светот што се изнесуваат тука, од причина што тие се пандемични и преминуваат во пародија.
Јас кога зборам за Израел, зборам како држава која сум ја посетил, во која сум го заработувал лебот извесен период и што е најважно кај што сум ја осетил политичката атмосфера на обичниот Израелец и неговите размислувања, стравови, проблеми.
Што се однесува до Greater Israel, тој сон постои кај сите народи, еве не оди подалеку од Балканот и ќе најдеш еден куп карти на Голема Македонија, Велика Србија, Голјама Бугарија, Шкиперија е Маџи. Дали е тоа доказ за заговор од светски рамки на овие народи? Историјата докажала дека секоја држава се стреми да ја прошири својата територија, Израел не е ништо посебен под тоа прашање. Па еве 30тина години наназад, Иран вршеше масовни офанзиви врз Ирак, жртвувајќи на тој начин повеќе од еден милион свои граѓани.
Работите што се изнесуваат тука се црно бели, нема нијанси. Тоа што се случува на теренот никој од нас не го знае. Тоа што се изнесува тука се шпекулации, базирани на информации кои најчесто се нечива пропаганда.
На пример, сите зборат дека имаат докази за тоа кој употребил хемиско оружје, меѓутоа јас такви докази немам видено ни од едната ни од другата страна. Видеата може да се снимани и во Холивуд и во Боливуд. Предрасудите се тие што не тераат да
веруваме во тие „докази“.
Јас искрено не ги гледам така работите, така не си никогаш на чисто. Јас се наклонувам на светската политика егоцентрично, на прво место ми е Македонија и не барам принципи кај другите, зошто никој никогаш не користел принципи за Македонија.
Зборам тука да го пренесам своето знаење за тој регион, кој мисли дека појма немам, тоа е негово право.