Ги кaрикираш работите...
Кој се жали за 2 минути лаење, во ситуација кога имаш натрапник во дворот? Колку пати во годината имаш натрапници во дворот??
Јас пишувам за кучиња што лаат МНОГУ ЧЕСТО, МНОГУ ДОЛГО, И БЕЗ РЕАЛНО ОПРАВДАНА ПОТРЕБА.
Конкретно, кучето на мојот сосед лае секогаш кога ќе мрдне нешто и во подалечна околина, што значи целата улица и сите соседни дворови и се што е во линија на видик -вклучително и во вертикала: лае на врапчиња и пеперутки и на СЕ.
Пази ако ретко лае така упорно и раздразнето, како да го напаѓа некој/нешто, и јас би излегол да видам да не им влегува провалник на луѓево или слично... вака со постојано лаење единствена функција што врши кучево, е да ни смета на цело маало.
Некој спомна дали е разговарано со соседот, секако дека му е кажано и тоа во повеќе наврати. Човекот е прилично разбран и културен, за се друго освен за ова. Не се кара или слично, ама ништо не презема окулу лаењето. Кучето првенствено беше земено пред повеќе години за нековите деца, кои во меѓувреме се отселија и генерално кучето за сите овие години НИКОГАШ немам видено да го изнесат на прошетка, иако сите други потреби (освен парење најверојатно) му се очигледно задоволени: храна, чисто и ухрането изгледа, и кога е ладно времето надвор или врне, го прибираат внатре. Само што вреди тоа, кога е пуштено во двор цело лето и кога е убаво времето а баш тогаш сите имаме отворени прозорци или седиме по тераси и дворови... Еве го и сега баш додека го пишувам ова, лае како да го дават диви волци, а пошто не слушам луѓе или нешто друго надвор најверојатно лае по некоја мачка на спротивниот крај од улицата.
Ванлок, јас поддржувам закони за јавен ред и мир
Само не сакам тие закони да станат начин уште повеќе да се прокламира нешто што е во крајна мера неточно - а тоа е дека човекот може да живее сам за себе.
Искрено, јака му*а ако забранат куче во некоја зграда, онака, следно бебе ќе им се роди некое по цела ноќ што ќе плаче, еден аир што ќе видат - што да ти кажам.
Следен чекор што е - забрана за раѓање деца во централно градско подрачје?!
Од бебињата имаат грчеви додека се мали
Шала на страна, како што кажав - интензивно и гласно лаење не е прифатливо, не само зашто некому нарушува сон, туку и зошто не е хумано према животното.
За тоа веќе закон постои, не знам што се дрогираат центарашиве.
Тие се неспособни да си го спроведат постојниот закон, па сеа ајде нови ќе смислуваме, божем ќе се реши проблемот така
Реално, никој на никого нема право да му кажува што ќе чува дома, освен ако тој не го поседува комплексот.
Е сега, комшиите кои не сакаат да слушаат ама баш ништо од другите комшии, нека не живеат во зграда.
--- надополнето: 18 септември 2013 во 01:28 ---
Aко сегашниот закон вели дека контролата за поседување на чипови за идентификација е под надлежност исклучиво на ветеринарната инспекција, тогаш законот е лош во тој сегмент.
Чисто теоретски гледано, не гледам никоков проблем и полицијата да ја врши оваа контрола. Се во интерес на поопфатно спроведување на законот. Нели во принцип, тоа е во интерес на сите добронамерници?
Сум за чипување на животните, ама тоа е неизводливо сега.
Скитници има повеќе од миленици, тешко тој што ќе се нафати да ги скенира сите.
Не се почнува од оџак, туку од темели.
--- надополнето: 18 септември 2013 во 01:49 ---
Велиш треба да се прават рации , но тоа не е единствениот начин.
Еве друга варијанта, зошто на кејот и по парковите да нема повремено полицајци? Лани во 7 попладне имаше силување на медицинска сестра во непосредна близина на Александар Палас хотелот... ова го спомнувам само од аспект дека присуство на полицијата на местата за шетање како кејот и парковите е секако пожелно, и не само заради контрола на кучињата. Таков еден полицаец би можел да регулира носење на маска и ланец, но и да има еден читач за микрочипови и да контролира дали кучето има идентификационен чип.
Контролата би требало да е задолжителна и во ветеринарните станици. Можеби ќе останат неконтролирани кучињата по домовите, ама секако состојбата ќе биде неспоредливо подобра од онаа сега.
Не е проблемот толку комплексен како што велиш, туку законите не се спроведуваат и тоа е најважниот фактор на нерешавањето на овој проблем. И воопшто не се согласувам дека проблемот може да се реши со совеста на самите граѓани... се додека законите не ги казнуваат прекршителите џабе е се друго. Мое мислење е дека кога казни би фрштеле по сите што го прекршуваат законот, тогаш нашите сограѓани бргу би станале пофини од Финците.
ДА!
Ајде нека се почитуваат законите.
Ајде, како да го оствариме тоа?
Ајде вака -
Закон за јавна чистота
Член 5
2. „Собирање на смет“ е отстранување на создадениот смет од одржувањето на
јавната чистота на јавните површини и објектите и сместување во
садови за смет;
3. „Смет“ е збир од отпадоци што се сoбираат при одржување на јавната чистотa;
Член 14
Заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини е забрането:
....
- оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина
и птици во садови за отпад,
освен на места определени за таа намена,
- фрлање, односно оставање на смет до контејнер и други видови на садови за
собирање на смет,
Контејнерот НЕ Е место каде што се собира КАКОВ БИЛО смет.
Општина Центар НЕМА посебни контејнери за измет. Со ставањето на измет во постојните контејнери, се прави прекршок. И со неставањето, исто така.
За да аплицираш некој закон прво треба да овозможиш некој да го почитува.
Жителите на Аеродром мислам дека добија пред некоја година контејнери за измет, и мислам дека не ги ни користеа.
Затоа можат слободно да им репнат казна.
Во Центар, оној момент кога од улица ќе ги тргнат скитниците и ќе постават контејнери за измет, можат да мрсат му*а.
Општина Центар (а и другите, не само они), немаат ни човечки тоалети, возрасен човек ќе стрпи - дете нема.
Така е тоа, вадење закони од ракав, како што ти кажав