Прво чувството не е исто, на пц и на конзола. Според мене повеќе осет се има на пц. Не дека не сум играл пс или хбох ама фпс игрите не може да се играт на конзола исто ко со маусо на пц. Знам дека овај муабет е праен, па само да спомна.
Плус, си земаш добар компјутер, со јака графичка и процесор, ем игри ем имаш чудовиште и многу работи може да ти заврши. Ја пред една година лупнав многу пари, имав можност да си купам просечен лаптоп и пс3 или две у еден компјутер. Погодете шо одбрав? Си ја направив сам комбинацијата за деловите и за околу 950 евра јас дома иам веќе една година 3 класи посилен компјутер од сите шо ги знам. Земав i7 2600к, знам постара генерација ама е факин машин! 560ка на Nvidia
со 2гига е графичка шо мислам дека ќе ме обезбеди да ги играм сите игри барем уште 3 години.
Која фалба испадна овоа хаха. Друго ми беше зборо, за тие 950 евра си иам и звучници кои се доста солидни, 24инчен монитор и X7 маус и тастатура гратис ми дадоа

играњето е права уживанција. Пес и фифа ја најмногу ги играв на конзола, за други сум тапа игри. Нив сеа си ги играм на пц и сум повеќе од раат. Така да освен што малце ни каснат игрите, конзолџиите ги добиваат порано и некои не ни се ни достапни(мање битно) нема некоја предност кај нив.
Според мене ова, не мора да значи дека е точно.