Ајде вака по ред.
Прво, сабајле го прочитав само коментарот на Psyside на стр.123 и одма ја исклучив мозилата оти знаев дека ова ќе биде нешто ненадмиливо.
Второ, ви реков минатиот пат на ја оценувате сцената со пукањето само од една епизода, затоа беше и поделена сцената во две епзиоди, реков дека нас само ни е прикажана илузија дека никој не е погоден минатиот пат.
Самата епизода, нешто врв, спектакал, серијата е нешто неповторливо и оди само на подобро. Предлагам секој што ќе напише лош коментар на темава за серијата одма да биде баниран од тема, оти толу е добра серијава. Оваа епизода се гледа со отворена уста, во еден здив без трепнување, нема сцена, нема секунда што не е перфектна, што не означува нешто.
Моментот на Волт со Џеси, сакаше да му покаже, еве што се случува со предавниците и кодошите, Хенк го уапси, но тој не му го замери толку тоа оти сепак тоа е задачата на Хенк, тие двајца беа на различни страни, но Џеси го предаде, а потоа го предаде и Скајер и целата фамилија.
Ја гледате симболиката на целата епизода, првата сцена, Волт кој тек почнува да соработува со Џеси, тука ќе почне нивното пријателство, Волт и Скајлер во добри односи, се грижи за семејството, за само 40 минути доаѓаме до нулта точка, се за што влезе во бизнисот го нема веќе, тоа не е повеќе неговата фамилија, затоа и ја остави ќерка му.
Ни приближно веќе не можам да претпоставам што ќе направ Волт, кај ќе оди и зошто би се вратил во онаа напуштена куќа за една година. Серијата има уште 90-тина минути а верувам дека ниеден од вас исто така нема појма што се би можело да се случи за да дојдеме до онаа сцена во бившиот семеен дом на Хајзенберг.