Уапсен е актерот Кили

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.208
Не мора сега со сила да се правиме глупи. Кај нас канабисот не е легализиран за медицинска намена. Сеуште.
Кили го прекршил законот. Но ако Кили навистина умира од рак, Кили и нема некој избор...
Точно нема некој избор,но зошто 80 саксии?
Си имале нешто друго во план :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Едноставно треба да се легализира од тоа може добар бизнис да излезе :)
--- надополнето: 15 септември 2013 во 19:33 ---
Едноставно треба да се легализира од тоа може добар бизнис да излезе :)
 
M

Muranyi

Гостин

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Па не баш.Од 500 грама канабис се добива од 30-50 милитри од маслото.Па сега пресметај ако знаеш колку носи едно стебло.

http://www.medicaljane.com/2013/01/26/rick-simpsons-hemp-oil-medicine-natural-cure-for-cancer-using-concentrated-cannabis-oil/
Ако му требаше на Кили до толку за да се излечи, ќе си го купеше маслото. Има милион начини како да се стигне до него и како да се пренесе преку граница. Туку ај...
 
2

~2A

Гостин
Кили е како камелеонот, во зависност од ситуацијата тој може да биде болен, а можеби и не. Во случајов сигурно ќе се брани со тоа што бил болен и имал потреба од марихуаната.

Како што се фалеше по интервју дека бил секогаш фер и коректен кога и да го казнел законот, нека ги заќути неговите пријатели.. или уште подобро нека не се бламираат на ваков срамен начин да бараат слобода на никаква основа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.397
Поени од реакции
33.512
Ако му требаше на Кили до толку за да се излечи, ќе си го купеше маслото. Има милион начини како да се стигне до него и како да се пренесе преку граница. Туку ај...
Их колку се нервирам кога ќе прочитам вакви глупости, некој што ама појма нема за што зборува, им објаснува на „неупатените„ како требало да се прават работите.

Прво, ако веќе те интересира оваа работа, земи бе едуцирај се малку. Наместо да трчаш како прле пред магаре и да пишуваш глупости, и ти и еден куп такви како тебе.
На интернетов имаш мал милион информации, од тоа како се одвива третман со маслото од канабис, па до тоа како се прави тоа масло. Ајде еве во интерес на едукацијата, еве пак неколку факти, чисто за твојот мрзлив, неедуциран, и очигледно помалку глупав задник, да може малку да се едуцира без и да кликне со прстето и да отвори информации за оваа работа:

- За производство на маслото треба МНОГУ, АМА НАВИСТИНА МНОГУ, КАНАБИС... или како сакаш викај го растението, трава, мара, ганџа, вутра, итн
- Мало, маалечко КУПЕЧКО шишенце со масло од канабис, кошта 500 до 700 ЕВРА. Зависи од производителот, и трошоците за транспорт. Ова го знам пошто познаници купуваа шишенце вакво масло за болен родител.
- Со едно шишенце ништо не прави болниот. Третманот бара РЕДОВНА КОНСУМАЦИЈА НА ОВА МАСЛО... СЕ ДОДЕКА БОЛНИОТ Е ЖИВ! (следи и информација зошто е тоа така)
- Маслото од канабис НЕ ГО ЛЕЧИ РАКОТ како на пример хемотерапијата (не целосно и не брзо или чудотворно), ама тоа што маслото од канабис го прави е дека ГИ ИНХИБИРА РЕЦЕПТОРИТЕ ЗА РАСТЕЊЕ НА КЛЕТКИТЕ НА РАКОТ. Сето ова без ужасните последици од хемотерапија, која не сите ја преживуваат.


Ако до сега не разбра ништо од ова, болниот од рак мора постојано и секојдневно СО РЕДОВНА ИСХРАНА да консумира од ова масло, и во одреден број случаи ракот нема да напредува (и потоа да метастазира). Гаранција нема, како и за ништо друго во животот. Но нема ни никакви штетни последици по пациентот, а може многу да се добие.

Значи уште еднаш да повторам дека се работи за масло како и многу други масла од незабранети билки како например, масло од лен, масло од семки од грозје, масло од маслинки... итн итн.

Трагично и жално е што лекот ќе чини 5 пари, ако државата индустриски го произведува канабисот за медицинска намена, и со тоа го контролира и квалитетот и приходите, преку продажба но и преку плаќање даноци. Ама од незнање (и од влијание на фармацевтската мафија) се прави фама за едно лековито растение, само затоа што група potheads како Кили тоа исто растение го пушат.


Затоа не лупај глупости со предлози за „ШВЕРЦАЊЕ МАСЛО ОД КАНАБИС„ зошто не само што е прескапо маслото кога се купува од надвор, туку и никаде го нема и не се произведува во соседството. Марихуаната од Албанија не е за медицински намени, ниту па квалитетот е соодветен... Плус кога ќе те фатат со неколку кила на граница има да те јаде мрак со максимална казна во затвор. А тие неколку кила нема да стигнат за лечење ни неколку месеци.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Да бевме толку многу солидарни за други работи, животот ќе ни беше многу подобар. Пола нација (дегенерици) на нозе, за да се ослободи некој пафкач/дилер/одгледувач на марихуана. Проста раја... жално.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.397
Поени од реакции
33.512
Пребарувам ама не можам да најдам, на форумов нема тема за легализација на Канабис за медицинска намена?

Има ли јунак да отвори ваква тема, јас барем неделава нема да имам време за да напишам озбилен увод...
Тема за легализација чисто од медицински аспект, овде кога ќе непишеш нешто такво одма се јавуваат заглупувачки муабети за Кили... што и е разбирливо, пошто за него е темава.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Их колку се нервирам кога ќе прочитам вакви глупости, некој што ама појма нема за што зборува, им објаснува на „неупатените„ како требало да се прават работите.

Прво, ако веќе те интересира оваа работа, земи бе едуцирај се малку. Наместо да трчаш како прле пред магаре и да пишуваш глупости, и ти и еден куп такви како тебе.
На интернетов имаш мал милион информации, од тоа како се одвива третман со маслото од канабис, па до тоа како се прави тоа масло. Ајде еве во интерес на едукацијата, еве пак неколку факти, чисто за твојот мрзлив, неедуциран, и очигледно помалку глупав задник, да може малку да се едуцира без и да кликне со прстето и да отвори информации за оваа работа:

- За производство на маслото треба МНОГУ, АМА НАВИСТИНА МНОГУ, КАНАБИС... или како сакаш викај го растението, трава, мара, ганџа, вутра, итн
- Мало, маалечко КУПЕЧКО шишенце со масло од канабис, кошта 500 до 700 ЕВРА. Зависи од производителот, и трошоците за транспорт. Ова го знам пошто познаници купуваа шишенце вакво масло за болен родител.
- Со едно шишенце ништо не прави болниот. Третманот бара РЕДОВНА КОНСУМАЦИЈА НА ОВА МАСЛО... СЕ ДОДЕКА БОЛНИОТ Е ЖИВ! (следи и информација зошто е тоа така)
- Маслото од канабис НЕ ГО ЛЕЧИ РАКОТ како на пример хемотерапијата (не целосно и не брзо или чудотворно), ама тоа што маслото од канабис го прави е дека ГИ ИНХИБИРА РЕЦЕПТОРИТЕ ЗА РАСТЕЊЕ НА КЛЕТКИТЕ НА РАКОТ. Сето ова без ужасните последици од хемотерапија, која не сите ја преживуваат.


Ако до сега не разбра ништо од ова, болниот од рак мора постојано и секојдневно СО РЕДОВНА ИСХРАНА да консумира од ова масло, и во одреден број случаи ракот нема да напредува (и потоа да метастазира). Гаранција нема, како и за ништо друго во животот. Но нема ни никакви штетни последици по пациентот, а може многу да се добие.

Значи уште еднаш да повторам дека се работи за масло како и многу други масла од незабранети билки како например, масло од лен, масло од семки од грозје, масло од маслинки... итн итн.

Трагично и жално е што лекот ќе чини 5 пари, ако државата индустриски го произведува канабисот за медицинска намена, и со тоа го контролира и квалитетот и приходите, преку продажба но и преку плаќање даноци. Ама од незнање (и од влијание на фармацевтската мафија) се прави фама за едно лековито растение, само затоа што група potheads како Кили тоа исто растение го пушат.


Затоа не лупај глупости со предлози за „ШВЕРЦАЊЕ МАСЛО ОД КАНАБИС„ зошто не само што е прескапо маслото кога се купува од надвор, туку и никаде го нема и не се произведува во соседството. Марихуаната од Албанија не е за медицински намени, ниту па квалитетот е соодветен... Плус кога ќе те фатат со неколку кила на граница има да те јаде мрак со максимална казна во затвор. А тие неколку кила нема да стигнат за лечење ни неколку месеци.
Тој што трча како прле пред магаре си ти. Фала ти многу што ме просветли бидејќи ау стварно не бев информирана и онака само ги тропав информациите од рака (за да твојот паметен, едуциран и очигледно генијален газ сфати, иронично е ова). Ама добро, се направи паметен, бравос за тебе :love:. Интернет смарт, ама добро ајде.

Многу добро сум запознаена и со процесот на правење на било какво масло, и дека се потребни огромни количини за правење на ЕСЕНЦИЈАЛНО масло, кое не смее да се конзумира во големи дози, туку мора да се раствори со друго масло за да биде погодно за употреба. Ама верувам дека ова веќе и го знаеше, бидејќи си толку паметен.

Поентата е дека, некој болен, или родители/роднини на нечиј болен, не би сакале да се впуштаат во до толку нелегални работи како факинг одгледување на марихуана, попрецизно, цел подрум. Башка, да ги купиш 80 саксии со марихуана, да ги одгледуваш и да инсталираш цел посебен систем за наводнвање, кошта многу повеќе од 600-700 евра. Со тие пари замисли колку шишенца би се купиле. Друго е што, ако веќе толку ти држи финансиски газот за купување и одгледување, попрво би ти текнало да си го купиш готовиот лек. Онака од памет зборам, да.

И парацетамол се прави од парамециум па не ве гледам сите по дома да си чувате парамециуми во тегла, туку, чекај, го купуваш :eek:.

- Маслото од канабис НЕ ГО ЛЕЧИ РАКОТ како на пример хемотерапијата (не целосно и не брзо или чудотворно), ама тоа што маслото од канабис го прави е дека ГИ ИНХИБИРА РЕЦЕПТОРИТЕ ЗА РАСТЕЊЕ НА КЛЕТКИТЕ НА РАКОТ. Сето ова без ужасните последици од хемотерапија, која не сите ја преживуваат.
Инаку, не знам колку си запознаен со медицински термини, раст и развиток на тумор и слично, ама ова што го напиша е, онака, лек за рак. Инхибиција на растот на клетките на ракот, значи спречување на понатамошно ширење на ракот, значи можност да се ограничи малигниот раст на ракот, значи можност да се излечи ракот. Колку е точно тоа, не знам, од причина што, нема релевантни докази за тоа, односно, има милион случаи каде ниту маслото од канабис не помогнало.

Јас се согласувам дека ако државата легализира користење за медицински мерки, маслото ќе биде далеку поефтино, можеби и поквалитетно, меѓутоа, поентата ми беше дека конкретно Кили, или брат му, со овој блед изговор можат будали да направат само од самите себе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.397
Поени од реакции
33.512
Поентата е дека, некој болен, или родители/роднини на нечиј болен, не би сакале да се впуштаат во до толку нелегални работи како факинг одгледување на марихуана, попрецизно, цел подрум. Башка, да ги купиш 80 саксии со марихуана, да ги одгледуваш и да инсталираш цел посебен систем за наводнвање, кошта многу повеќе од 600-700 евра. Со тие пари замисли колку шишенца би се купиле. Друго е што, ако веќе толку ти држи финансиски газот за купување и одгледување, попрво би ти текнало да си го купиш готовиот лек. Онака од памет зборам, да.

И парацетамол се прави од парамециум па не ве гледам сите по дома да си чувате парамециуми во тегла, туку, чекај, го купуваш :eek:.
Парацетамол има во најблиската аптека и кошта ИЧ пари, дури и без рецепт. Од друга страна 600-700 евра за мало шишенце масло е блиску до нечива годишна заработка во оваа држава... и не врши работа ни како краткорочно решение за болниот. Така да таа паралела ти е 100% контрапродуктивна на ставот што го застапуваш, во превод сам-себе-убијал аргумент.


Какви суми што се „многу повеќе од 600-700 евра„ спомнуваш??
Јас тоа што го видов на снимката не кошта ни пар стотини евра. Пар пазарски вентилатори, неколку неонки, саксии и црево за наводнување најверојатно со аквариумска пумпа и тајмер. Ниту пак видов ни 80 саксии во тоа сопчето, ама можеби мислат на вкупниот број корени вклучително и на тие малите растенија за расад... Сеедно, се заедно прилично евтино па дури и ако се купи од најблиската продавница по поскапи цени.

Башка сигурно нарачал само пакетче семиња (наводно не се скапи таму на запад каде што се достапни) и потоа преку расадување дошол до таа споменуваната бројка. Значи неговата инвестиција во пари е минимална. Друга работа е трудот што е вложен...

Нејсе, ќе дознаеме точно кога ќе испаднат поконкретни детали за случајот. Ако не е болен и ако навистина произведувал за дилање, тогаш и треба да го наебе. Ама ако навистина е болен и не дилал за пари, тогаш случајов е многу интересен за конечно да се покрене здрава дискусија за легализација на медицинска употреба на канабис.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Парацетамол има во најблиската аптека и кошта ИЧ пари, дури и без рецепт. Од друга страна 600-700 евра за мало шишенце масло е блиску до нечива годишна заработка во оваа држава... и не врши работа ни како среднорочно решение за болниот. Така да таа паралела ти е 100% контрапродуктивна на ставот што го застапуваш, во превод сам-себе-убијал аргумент.


Какви суми што се „многу повеќе од 600-700 евра„ спомнуваш??
Јас тоа што го видов на снимката не кошта ни пар стонини евра. Пар пазарски вентилатори, неколку неонки, саксии и црево за наводнување најверојатно со аквариумска пумпа и тајмер. Ниту пак видов ни 80 саксии во тоа сопчето, ама можеби мислат на вкупниот број корени вклучително и на тие малите растенија за расад... Сеедно, се заедно прилично евтино па дури и ако се купи од најблиската продавница по поскапи цени.

Башка сигурно нарачал само пакетче семиња (наводно не се скапи таму на запад каде што се достапни) и потоа преку расадување дошол до таа споменуваната бројка. Значи неговата инвестиција во пари е минимална. Друга работа е трудот што е вложен...

Нејсе, ќе дознаеме точно кога ќе испаднат поконкретни детали за случајот. Ако не е болен и ако навистина произведувал за дилање, тогаш и треба да го наебе. Ама ако навистина е болен и не дилал за пари, тогаш случајов е многу интересен за конечно да се покрене здрава дискусија за легализација на медицинска употреба на канабис.
Се фаќаш за погрешни работи. Споредбата беше проста и едноставна со парацетамолот, и да не беше легален еве, не верувам дека некој ќе се дрзнеше да одгледува амеби и да екстрахира од нив.
Инаку конкретно за Кили, не е трошок само да ги купиш дрвцата и вентилаторите, онака и струјата се плаќа секој месец на пример. Како и да е, еве до сега сум имала можност да познавам двајца болни од рак, еден кој сеуште се бори и еден случај во борба со друга болест меѓутоа маслото е исто така како алтернативна можност за терапија. Ме чуди како сите се заинтересираа за купување на маслото а никој од нив за одгледување на марихуана.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.397
Поени од реакции
33.512
Инаку конкретно за Кили, не е трошок само да ги купиш дрвцата и вентилаторите, онака и струјата се плаќа секој месец на пример.
Зошто пар вентилатори, пар неонки и аквариумска пумпа (што на тајмерче се вклучува по пар секунди секои неколку саати), трошат едно чудо струја, така?
Шо би рекол именуваниот, „Абе ајде не ме је*и!„ ;)

Вистината е дека луѓето не се информирани, ниту за лекот ниту за производството. Често за ова дознаваат кога болеста е во поодмината фаза и кога лекот им треба сега и веднаш... нормално дека тогаш прво ќе се обидат да купат готово масло без разлика на цената. Од друга страна ако знаат колку е едноставно одгледувањето (очигледно нема голема разлика од садење на малечки пиперчиња или чери патлиџанчиња), и ако се доволно очајни легалните последици да не ги засегаат толку колку здравствените последици... мислам дека ќе има доста што ќе се заинтересираат за домашно одгледување.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Зошто пар вентилатори, пар неонки и аквариумска пумпа (што на тајмерче се вклучува по пар секунди секои неколку саати), трошат едно чудо струја, така?
Шо би рекол именуваниот, „Абе ајде не ме је*и!„ ;)

Вистината е дека луѓето не се информирани, ниту за лекот ниту за производството. Често за ова дознаваат кога болеста е во поодмината фаза и кога лекот им треба сега и веднаш... нормално дека тогаш прво ќе се обидат да купат готово масло без разлика на цената. Од друга страна ако знаат колку е едноставно одгледувањето (очигледно нема голема разлика од садење на малечки пиперчиња или чери патличанчиња), и ако се доволно очајни легалните последици да не ги засегаат толку колку здравствените последици... мислам дека ќе има доста што ќе се заинтересираат за домашно одгледување.

Тоа вентилаторите се трошокот :icon_lol:. Како и да е, можеби е поефтино ете да се одгледува, не би можела да знам па да поткрепам со цврсти аргументи. Само малку ме буни на пример, кога би произведувал за себе Кили (или било кој друг), со оглед дека се потребни навистина големи количини на канабис за мала милиметража на масло, нема ли да биде тоа еден долг процес помеѓу две шишенца, земајќи во предвид дека кога еднаш ќе ја набереш, треба да помине одредено време додека повторно порасне? Навистина ме интересира, ни малку иронично. Мислам, нели ќе треба повеќе од 80 саксии за да имаш на пример постојана залиха од маслото? Ај некој поупатен во раст и развиток на дрвово нека ме просветли.

Го делам потполно истото мислење со тебе во врска со легализацијата за медицински намени, и ако овој случај доведе до напредок во тоа поле, супер, бидејќи ракот е деликатна болест каде било каков лек е добредојден. Само што, тука, националната свест е сеуште далеку од тоа.

На страна ова, исто ме интересира дали е пронајдена соодветна апаратура за изработка на маслото, кај Кили? Или можеби ја чекале да узрее доволно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom