Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
од утре не пушам, и го гледаш со кутија ти иди дома :facepalm:
 
Битолски кабадаи во конфликт:
„Шо е бе? - Оти шо бе?“
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
* Зошто дечко ми е од друг град, често кога ќе спомнам се вакви :

- :eek: А вие колку пати се гледате, 1 месечно??? Мислиш дека те изневерува?
Сака во Скопје да дојде тој, затоа е со тебе.

- Јебига, тоа е.
- Ти си знаеш, голема си.

* Комшиите често :
- Aaa, шеташе негде, а?
- Морее, чие е детено што дојде кај тебе?
- Ако ако, дружете се.
- На што факултет се запиша?? Ааа, и ти ко татко ти, машала.Ако, да се учи нешто битно.


Hades.gif
 
Ако го има ова негде слободно нека го избришат... Во последно време бидејќи ич не учам мајка ми ми го повторува следново
„Си ја сечеш гранката на која седиш“... Кога ќе ми го спомне ова ми иде главата со моторна пила да и ја исечам.
 
Ја знаеш ли Елена (или било кое рандом име) она живее на последна 5ка? Без додатни информации :)
 
Ај и на твоја гла!
Кога ќе те жениме/мажиме? :свиркам:

Оваа реченица од кожа ме вади. Многу се нервирам кога некој ќе ми рече: Ајде и на твоја глава да те жениме и на свадба да ти играме. :mad::mad::mad::mad::mad:
 
Добар/а ? Што правиш? Како си? И тоа на поминување на улица коа брзаш и со една нога си одалечен веќе..И сеа треба да кажеш Добра сум ради реда ..Или што правам и како сум? WTF од кај да почнам да зборам што правам ...Мислам за 2 секунди СВЕ Ќе ти кажам ! ;)
И да како е дечкото/девојката прашање..што да кажеш ? Не е добар ме заебава! Супер е ! Мислам на кој му требаат тие информации поготово на брзање..поглупо здравје!
Иначе јас не прашувам вакви глупости во пролаз..пошто ми се мучи коа ги слушам..и досадно ми е да одговарам :rolleyes:
 
Раскажуваш ти како ти поминал денот, пожар ви ја зафатил куќата, се запалило добитното лото ливче, те каснала оса, а ти алергичен на оси, па на патот кон болница се превртило возилово, па кога едвај ти спасиле живот, те оставил дечкото зошто се запалило ливчево со лотово нели и сега ти раскажуваш на некој онака видно возбуден и овој:
- Ќути знам како е.
Е од кај знаеш???

 
Кој чека ќе дочека.
Некој од чекање умре.

Овие две реченици, било поединечно, било во комбинација заедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom