Партнер/ка со повисока или пониска цена

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А што правиме со вадењто низ нос како што погоре беше спомнато и дури потврдено од женскиот пол?
Ќе најдеш девојка позаинетерсирана нешто појужно да вади кога се карате него низ нос да ти вади колку заработува. Не се загрозен вид таквите девојки колку што знам.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
А што правиме со вадењто низ нос како што погоре беше спомнато и дури потврдено од женскиот пол?

Ќе ја оставиш.
Или ти ќе и го вадиш низ нос тоа што не знае да ти направи мусака каква што сакаш.
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
И да имам повеќе приходи од партнерот никогаш нема да му ставам на нос ако гледам дека ги употребува паметно (инвестира за куќата или незнам, штеди за да започне свој бизнис). А ако го користи доволно паметот и размислува е нормално дека ќе успее да се пробие на подобро ранг место.
Е сега ако истите пари ги троши во кафанчиња со другарите, ги чести сите СЕКОЈ ДЕН или појди во Апекс и мамата им ја е*и на парите, мислам дека тука е друга приказна.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Како што многумина спомнаа и е веќе познато, скоро секогаш егото знае да зезне работа. Не треба партнерот да се чуствува минорно доколку партнерката заработува повеќе. Треба да се гордее со тоа што партнерката е независна и не му го цица секој денар.
Што се однесува до мене - не ми пречи да заработува повеќе доколку парите ги користи рационално а не како распиздено детиште кое влегло во забавен парк. Тоа вадење низ нос го практикуваат само оние чие его е нестабилно.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Колку сме сите ние совршени!!! И затоа бараме совршени партнери и партнерки. Море доста ајде! Паметен Македонец ако има жена што зема поголема плата од неговата, ќе се гордее зошто жена му е успешна, нема да мрчи. Ама нели не можат сите да бидат паметни, гени се во прашање.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Проблемот со ова, а и општо со преголемите барања на луѓето од себе и од животот, е што човек не си вика на редовна база на себе: " Ај бе седни си го егото и не се замишљај. "
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Колку сме сите ние совршени!!! И затоа бараме совршени партнери и партнерки. Море доста ајде! Паметен Македонец ако има жена што зема поголема плата од неговата, ќе се гордее зошто жена му е успешна, нема да мрчи. Ама нели не можат сите да бидат паметни, гени се во прашање.
Погрешно размислување. Не се работи за памет. Каде е паметот да се гордее човек со тоа што жената го направила папучар. Со тоа што станал lowest of the low. Човек кој има барем трошка поштовање према себе не смее да дозволи да биде претекнат од жената на било кое поле. Никад.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
На почеток на врската дури се запознаваат двете страни кој каков е карактерно и во размислувањата најдобро е двајцата финансиски да бидат на слично рамниште бидејќи потсвесно во позадина ќе постои прашањето: зошто е со мене?Дали затоа што ги плаќам пијачките, јадењето, викендите надвор од градот, бензинот...?! Подоцна, во долга врска или брак , каде и двајцата заедно сме поминале низ тркалото на животот (имаш работа/пари па немаш...) размислувањето кој колку заработува и финансиски допринесува треба да биде надминато зашто веќе знаеме зошто сакаме да бидеме заедно.
 
O

Orion.

Гостин
Погрешно размислување. Не се работи за памет. Каде е паметот да се гордее човек со тоа што жената го направила папучар. Со тоа што станал lowest of the low. Човек кој има барем трошка поштовање према себе не смее да дозволи да биде претекнат од жената на било кое поле. Никад.
Човеку ти патиш од комплекси. Ако ти си џаболебар а она работи, го има секое право да ти го плеска тоа во лице(сериозна врска/брак).

Ако работиш и даваш се' од себе согласно твоите способности, а она и во овој случај те умара секој ден со фактот дека она поиште заработува а ти сеуште си со нејзе, тогаш апсолутно не ни заслужуваш нешто друго,подобро.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не знам ни како би го плеснала тоа в лице на некој дечко/сопруг ..

- "Извини, ама редно време е да научиш да готвиш, нема само јас да готвам по дома, на што личи ова?"
- "Јас повеќе заработувам!"

- "Само таму излегуваме, веќе ми се смачи местото, дај да промениме малку шема?"
- "Јас повеќе заработувам, јас кажувам кај ќе идеме!"


Нешто налик ова изгледа или? Нека каже некој со искуство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom