Партнер/ка со повисока или пониска цена

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Убаво се вика за се во животот дека ти треба златна средина.

Не ме интересира колку е богат, т.е колку се мајка му и татко му богати, туку колку тој истиот е амбициозен и сака да направи нешто од себе во животот.
Под тоа подразбирам образование, факултет и работа во кој се пронаоѓа, во која ќе може да се надоградува. Таков човек е само по себе паметен и се грижи за иднината.
Мразам неамбициозни луѓе, значи не можам да ги поднесам, не се наоѓам на иста бранова должина со нив. Луѓе кои се задоволуваат со помалце, а можат многу повеќе да направат.
Со нискоинтелигентни не пронаоѓам заеднички јазик, не знам што муабет да направам со нив, а камоли да почнам било што со таков.
Значи, барам некој сличен на мене, па сега ако е попаметен или заработува повеќе нема да ми биде гајле.

За убавината, таа е секогаш релативна работа, оти може јас да го сметам за лепотан, а во други очи јас да бидам многу поубава од него. А и тие ептен убавите типци некако не ме ни привлекуваат, така што, тешко да е поубав од мене. :D
Да е подобар од тебе може ,а да не е подобар не може нели ? :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Е да знаеш која контрола може да ти ја прави на тој начин. Ќе погледне што (и каде) се си плаќал со картичката и ќе те праша: ,, Кој испил 10 пива на 15ти прошлиот месец?,,
Лесно е ако имаш сметка. Ама што ако си дигнал пари, а нема сметка каде се потрошени (мислам дека певаљките не даваат фискална ако им ставаш пари во деколтето), тогаш си нае*ал.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.897
Поени од реакции
11.198
Тоа може во твоето село е така, остатокот од Македонија се движи кон Европа... ;)
Неса, добро ќе беше ние да имавме некакви допирни точки со Европа, што би рекол Џорџе - Putuj Evropo nemoj vise cekati na nas, но тоа е друга тема.
За темава гледам мнозинството се против тоа да зема партерката повеќе од нив, хмм незнам зошто, пишав и на една друга тема дека не би ми пречело партерката да зема повеќе пари од мене, се додека не се истакнува постојано со некаква намера тој факт. Ако планира да се курчи постојано со тој факт ќе биде ногирана.
Да бидеме реални, тука колку може некој од некого да зема повеќе, едниот ако зема 15 а другиот 20 илјади е некоја сериозна разлика? Разликата е ако едниот е водоинсталатер а другиот естраден уметник, што е ретка склопка не ми ни текнува на таква моментално...
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Да е подобар од тебе може ,а да не е подобар не може нели ? :D

Радо би да е поуспешен од мене, отколку обратно.
Во обратниот случај, веројатно егото би му било повредено, ко што скоро сите овде се изјаснија, па дури и би прекинале врска ако заработуваат помалку од партнерката. Тоа му доаѓа исто ко да ја казнуваат ради тоа што се труди да заработи и е успешна.
Затоа, поарно е нека заработува бар малце повеќе од мене, мене не ми го тепа тоа егото.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.997
Поени од реакции
24.453
Најдобро е еднакво и треба да се избегнуваат долготрајни врски или бракови каде што нема еднаквост.
Не само во однос на заработката туку во однос на се друго
Најповолни се врските кога партнерите се на еднакви години, со еднаков степен на образование, потекнуваат од еднакви социјални слоеви, се со еднаква културна и религиозна определба, имаат еднакви приходи, имаат заеднички пријатели и тн.
Според мое мислење најповолни брачни партнери, се другарките и другарите од школо, од маало, комшиите, децата на фамилијарните пријатели и слично, односно тие кои однапред ги познаваме и во кои нема изгледи да се вљубиме на „ романтичен начин “.
Таквите врски не се одликуваат со „страствена заљубеност и романтичност„, но се постојани и успешни за подолг рок.
Познавам еден брачен пар кои пред да стапат во брак живееа едниот на 2 а другиот на 4 кат, во ист влез. Бракот им е одличен, имаат две деца ....


Одличен пост кој и од моја страна гледано се покажал за точен, особено делот за избор на партнер од школо, маало итн каде што нема да има страствена заљубеност и романтичност но се постојани и успешни на подолг рок.

Ќе дополнам само дека онаа еднаквост од типот на да се тука некаде од аспект на плата, социјален статус, лепота итн е минимумот. Се кога мажот е подобар и над во тие аспекти е добро, се кога жената е онаа со подобра позиција е полошо.
Во сржта на жената е да биде доминирана и тука не мислам од аспектот-Оди мори миј садови. Во сржта и е да најде маж достоен за пренос на генетски материјал. Колку повеќе таа смета дека е недостојна за тој маж, толку поголеми се шансите за добра врска/брак. Како што пишав жените размислуваат строго економски на тема мажи. Кога за некоја (под)просечно убава, образована, материјално обезбедено жена ќе се заинтересира маж кој е надпросечен во тие аспекти, автоматски тука доминацијата е веднаш воспоставена и она не е глупа таа инвестиција што ретко во животот се погодува да ја испушти.
Меѓу другото тој пример перфектно го гледаме во случајот скопјани и провинцијалки. Провинцијалките не се срамат да бидат ултра домаќинки и послушнии жени (додека скопјанките тоа го сфаќаат како понижување) кога ќе видат дека имаш стан и кола во Скопје http://forum.kajgana.com/threads/Релација-Скопје-Провинција.60435/page-7#post-5007804. По економска логика на нив очајно им треба тој капитал за да си го подобрат животниот стандард оти алтернативата е одгледување пиперки на нива за приход од 100 евра месечно.

Подолго објаснето тука да не пишувам реферати http://forum.kajgana.com/threads/Вистинска-љубов-постои-ли-Како-би-ја-познале.2477/page-10#post-5064669

Значи или на исто ниво со девојката или она испод твое ниво што е и уште подобро.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.897
Поени од реакции
11.198
Радо би да е поуспешен од мене, отколку обратно.
Во обратниот случај, веројатно егото би му било повредено, ко што скоро сите овде се изјаснија, па дури и би прекинале врска ако заработуваат помалку од партнерката. Тоа му доаѓа исто ко да ја казнуваат ради тоа што се труди да заработи и е успешна.
Затоа, поарно е нека заработува бар малце повеќе од мене, мене не ми го тепа тоа егото.
Со самиот факт дека работи за да преживее егото треба да му е стабилно, ако седи и кука дека нема ич пари а притоа не прави ништо за да ги добие, тогаш егото треба да му е повредено, на било кој.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Со самиот факт дека работи за да преживее егото треба да му е стабилно, ако седи и кука дека нема ич пари а притоа не прави ништо за да ги добие, тогаш егото треба да му е повредено, на било кој.

Јас се согласувам со ова и мене ми е тоа многу јасно, али нели, пуст менталитет и срам од комшиите дека жена ти вади повеќе пари од тебе.

Еве, во првиот пост типот си кажува дека преку таков срам не може да помине и би раскинал.
Мене не ми е јасно, наместо да се чукате во гради дека сте нашле некоја која е финансиски независна од вас, да се гордеете дека е паметна и сама си се снаоѓа во животот, не чека пари од вас (во време кога сеуште на моја возраст раѓаат по едно дете, цел живот после тоа се домаќинки и не придонесуваат за подобар финансиски живот во семејството) вас ви е срам оти ќе заработи некоја илјадарка повеќе.
Ај пак менталитетот нека биде крив и за ваквото размислување.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
neka zarabotuva zs da ne, povise pari ne se na odmet, samo da ne mi go vadi niz nos toa sekoj den pa da ja oteram u 3 lepe
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
Убаво се вика за се во животот дека ти треба златна средина.

Не ме интересира колку е богат, т.е колку се мајка му и татко му богати, туку колку тој истиот е амбициозен и сака да направи нешто од себе во животот.
Под тоа подразбирам образование, факултет и работа во кој се пронаоѓа, во која ќе може да се надоградува. Таков човек е само по себе паметен и се грижи за иднината.
Мразам неамбициозни луѓе, значи не можам да ги поднесам, не се наоѓам на иста бранова должина со нив. Луѓе кои се задоволуваат со помалце, а можат многу повеќе да направат.
Со нискоинтелигентни не пронаоѓам заеднички јазик, не знам што муабет да направам со нив, а камоли да почнам било што со таков.
Значи, барам некој сличен на мене, па сега ако е попаметен или заработува повеќе нема да ми биде гајле.


За убавината, таа е секогаш релативна работа, оти може јас да го сметам за лепотан, а во други очи јас да бидам многу поубава од него. А и тие ептен убавите типци некако не ме ни привлекуваат, така што, тешко да е поубав од мене. :D

Чисто информативно ме интересираат неколку работи:
Ме интересира дали студираш/работиш/бараш работа ?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
За почеток ќе дадам едно кратко мислење. Не ми смета да сум со поубава или попаметна женска, али ако заработува повеќе од мене е тој срам не би го издржал - значи раскин.
А, ти да не чистиш вециња како професија? Па да те мава срам?



За да се осеќате удобно покрај женска, морате да се осеќате супериорни. А тоа значи:


- Девојката да биде убава и привлечна, другарите да ви љубоморат, но не преубава да ја засени вашата "згодност", нели, за да не навлечеш коментари од типот "што бара убавицава со овој ашлак?" и сл.;

- Мора да биде интелигентна, но не попаметна од вас за секогаш кога ќе навлезете во ментален дуел да ти искочиш попаметниот и во право, за да ви преживее машкото Его;

- Да биде одлична во кревет, но не премногу добра за да испаднеш неискусен и невешт;

- Да не биде golddigger, да не ја интересираат вашите пари, да си заработува сама, но да не биде поплатена, на повисоко место, или да напредува побрзо од вас, бидејќи ете, и тоа ви смета и ве "срами";


Јас не знам како не ти е срам да и раскинеш на девојка само затоа што има подобро платена работа од тебе, за која сигурно и ферски се изборила да ја добие. И после ќе ве читам во темана за љубовни проблеми како не можете да најдете "асална" девојка или жена. Со ваков памет, веќе не ми е ни чудно зошто грото од вас или се сингл и не можат да мрднат од тој статус, или имаат "комплицирани" врски кои те одат, те прекинуваат, па пак се рестартираат.


Кога се правите да се врти околу вас и вашето Его, никнуваат и парадоксални, нереални барања и очекувања во врска со девојките. И нормално, не гледам зошто некоја солидна девојка би се интересирала за тебе со такви ставови ако си (без разлика дали повеќе или помалку заработува од тебе).
--- надополнето: 15 септември 2013 во 13:56 ---
Истово важи и за жените, бидејќи доста од нив на сличен начин размислуваат.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Одличен пост кој и од моја страна гледано се покажал за точен, особено делот за избор на партнер од школо, маало итн каде што нема да има страствена заљубеност и романтичност но се постојани и успешни на подолг рок.

Ќе дополнам само дека онаа еднаквост од типот на да се тука некаде од аспект на плата, социјален статус, лепота итн е минимумот. Се кога мажот е подобар и над во тие аспекти е добро, се кога жената е онаа со подобра позиција е полошо.
Во сржта на жената е да биде доминирана и тука не мислам од аспектот-Оди мори миј садови. Во сржта и е да најде маж достоен за пренос на генетски материјал. Колку повеќе таа смета дека е недостојна за тој маж, толку поголеми се шансите за добра врска/брак. Како што пишав жените размислуваат строго економски на тема мажи. Кога за некоја (под)просечно убава, образована, материјално обезбедено жена ќе се заинтересира маж кој е надпросечен во тие аспекти, автоматски тука доминацијата е веднаш воспоставена и она не е глупа таа инвестиција што ретко во животот се погодува да ја испушти.
Меѓу другото тој пример перфектно го гледаме во случајот скопјани и провинцијалки. Провинцијалките не се срамат да бидат ултра домаќинки и послушнии жени (додека скопјанките тоа го сфаќаат како понижување) кога ќе видат дека имаш стан и кола во Скопје http://forum.kajgana.com/threads/Релација-Скопје-Провинција.60435/page-7#post-5007804. По економска логика на нив очајно им треба тој капитал за да си го подобрат животниот стандард оти алтернативата е одгледување пиперки на нива за приход од 100 евра месечно.

Подолго објаснето тука да не пишувам реферати http://forum.kajgana.com/threads/Вистинска-љубов-постои-ли-Како-би-ја-познале.2477/page-10#post-5064669

Значи или на исто ниво со девојката или она испод твое ниво што е и уште подобро.
И сета романтика и љубов излезе низ врата ... Суси го претставуваш човечкиот род како да сме роботи.
Ти мислиш дека знаеш што е во сржта на секоја жена, но од самиот факт што не си жена, не можеш да знаеш. :)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Јас се согласувам со ова и мене ми е тоа многу јасно, али нели, пуст менталитет и срам од комшиите дека жена ти вади повеќе пари од тебе.

Еве, во првиот пост типот си кажува дека преку таков срам не може да помине и би раскинал.
Мене не ми е јасно, наместо да се чукате во гради дека сте нашле некоја која е финансиски независна од вас, да се гордеете дека е паметна и сама си се снаоѓа во животот, не чека пари од вас (во време кога сеуште на моја возраст раѓаат по едно дете, цел живот после тоа се домаќинки и не придонесуваат за подобар финансиски живот во семејството) вас ви е срам оти ќе заработи некоја илјадарка повеќе.
Ај пак менталитетот нека биде крив и за ваквото размислување.
А што правиме со вадењто низ нос како што погоре беше спомнато и дури потврдено од женскиот пол?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom