leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Потпис на ова.Жена ако зароботува повеќе од еден маж, ќе му го изваде низ нос. Барем еднаш дневно. Барем.
Потпис на ова.Жена ако зароботува повеќе од еден маж, ќе му го изваде низ нос. Барем еднаш дневно. Барем.
Така е.Жена ако зароботува повеќе од еден маж, ќе му го изваде низ нос. Барем еднаш дневно. Барем.
Да е подобар од тебе може ,а да не е подобар не може нели ?Убаво се вика за се во животот дека ти треба златна средина.
Не ме интересира колку е богат, т.е колку се мајка му и татко му богати, туку колку тој истиот е амбициозен и сака да направи нешто од себе во животот.
Под тоа подразбирам образование, факултет и работа во кој се пронаоѓа, во која ќе може да се надоградува. Таков човек е само по себе паметен и се грижи за иднината.
Мразам неамбициозни луѓе, значи не можам да ги поднесам, не се наоѓам на иста бранова должина со нив. Луѓе кои се задоволуваат со помалце, а можат многу повеќе да направат.
Со нискоинтелигентни не пронаоѓам заеднички јазик, не знам што муабет да направам со нив, а камоли да почнам било што со таков.
Значи, барам некој сличен на мене, па сега ако е попаметен или заработува повеќе нема да ми биде гајле.
За убавината, таа е секогаш релативна работа, оти може јас да го сметам за лепотан, а во други очи јас да бидам многу поубава од него. А и тие ептен убавите типци некако не ме ни привлекуваат, така што, тешко да е поубав од мене.
Лесно е ако имаш сметка. Ама што ако си дигнал пари, а нема сметка каде се потрошени (мислам дека певаљките не даваат фискална ако им ставаш пари во деколтето), тогаш си нае*ал.Е да знаеш која контрола може да ти ја прави на тој начин. Ќе погледне што (и каде) се си плаќал со картичката и ќе те праша: ,, Кој испил 10 пива на 15ти прошлиот месец?,,
Неса, добро ќе беше ние да имавме некакви допирни точки со Европа, што би рекол Џорџе - Putuj Evropo nemoj vise cekati na nas, но тоа е друга тема.Тоа може во твоето село е така, остатокот од Македонија се движи кон Европа...
Да е подобар од тебе може ,а да не е подобар не може нели ?
Најдобро е еднакво и треба да се избегнуваат долготрајни врски или бракови каде што нема еднаквост.
Не само во однос на заработката туку во однос на се друго
Најповолни се врските кога партнерите се на еднакви години, со еднаков степен на образование, потекнуваат од еднакви социјални слоеви, се со еднаква културна и религиозна определба, имаат еднакви приходи, имаат заеднички пријатели и тн.
Според мое мислење најповолни брачни партнери, се другарките и другарите од школо, од маало, комшиите, децата на фамилијарните пријатели и слично, односно тие кои однапред ги познаваме и во кои нема изгледи да се вљубиме на „ романтичен начин “.
Таквите врски не се одликуваат со „страствена заљубеност и романтичност„, но се постојани и успешни за подолг рок.
Познавам еден брачен пар кои пред да стапат во брак живееа едниот на 2 а другиот на 4 кат, во ист влез. Бракот им е одличен, имаат две деца ....
Со самиот факт дека работи за да преживее егото треба да му е стабилно, ако седи и кука дека нема ич пари а притоа не прави ништо за да ги добие, тогаш егото треба да му е повредено, на било кој.Радо би да е поуспешен од мене, отколку обратно.
Во обратниот случај, веројатно егото би му било повредено, ко што скоро сите овде се изјаснија, па дури и би прекинале врска ако заработуваат помалку од партнерката. Тоа му доаѓа исто ко да ја казнуваат ради тоа што се труди да заработи и е успешна.
Затоа, поарно е нека заработува бар малце повеќе од мене, мене не ми го тепа тоа егото.
Со самиот факт дека работи за да преживее егото треба да му е стабилно, ако седи и кука дека нема ич пари а притоа не прави ништо за да ги добие, тогаш егото треба да му е повредено, на било кој.
Убаво се вика за се во животот дека ти треба златна средина.
Не ме интересира колку е богат, т.е колку се мајка му и татко му богати, туку колку тој истиот е амбициозен и сака да направи нешто од себе во животот.
Под тоа подразбирам образование, факултет и работа во кој се пронаоѓа, во која ќе може да се надоградува. Таков човек е само по себе паметен и се грижи за иднината.
Мразам неамбициозни луѓе, значи не можам да ги поднесам, не се наоѓам на иста бранова должина со нив. Луѓе кои се задоволуваат со помалце, а можат многу повеќе да направат.
Со нискоинтелигентни не пронаоѓам заеднички јазик, не знам што муабет да направам со нив, а камоли да почнам било што со таков.
Значи, барам некој сличен на мене, па сега ако е попаметен или заработува повеќе нема да ми биде гајле.
За убавината, таа е секогаш релативна работа, оти може јас да го сметам за лепотан, а во други очи јас да бидам многу поубава од него. А и тие ептен убавите типци некако не ме ни привлекуваат, така што, тешко да е поубав од мене.
А, ти да не чистиш вециња како професија? Па да те мава срам?За почеток ќе дадам едно кратко мислење. Не ми смета да сум со поубава или попаметна женска, али ако заработува повеќе од мене е тој срам не би го издржал - значи раскин.
И сета романтика и љубов излезе низ врата ... Суси го претставуваш човечкиот род како да сме роботи.Одличен пост кој и од моја страна гледано се покажал за точен, особено делот за избор на партнер од школо, маало итн каде што нема да има страствена заљубеност и романтичност но се постојани и успешни на подолг рок.
Ќе дополнам само дека онаа еднаквост од типот на да се тука некаде од аспект на плата, социјален статус, лепота итн е минимумот. Се кога мажот е подобар и над во тие аспекти е добро, се кога жената е онаа со подобра позиција е полошо.
Во сржта на жената е да биде доминирана и тука не мислам од аспектот-Оди мори миј садови. Во сржта и е да најде маж достоен за пренос на генетски материјал. Колку повеќе таа смета дека е недостојна за тој маж, толку поголеми се шансите за добра врска/брак. Како што пишав жените размислуваат строго економски на тема мажи. Кога за некоја (под)просечно убава, образована, материјално обезбедено жена ќе се заинтересира маж кој е надпросечен во тие аспекти, автоматски тука доминацијата е веднаш воспоставена и она не е глупа таа инвестиција што ретко во животот се погодува да ја испушти.
Меѓу другото тој пример перфектно го гледаме во случајот скопјани и провинцијалки. Провинцијалките не се срамат да бидат ултра домаќинки и послушнии жени (додека скопјанките тоа го сфаќаат како понижување) кога ќе видат дека имаш стан и кола во Скопје http://forum.kajgana.com/threads/Релација-Скопје-Провинција.60435/page-7#post-5007804. По економска логика на нив очајно им треба тој капитал за да си го подобрат животниот стандард оти алтернативата е одгледување пиперки на нива за приход од 100 евра месечно.
Подолго објаснето тука да не пишувам реферати http://forum.kajgana.com/threads/Вистинска-љубов-постои-ли-Како-би-ја-познале.2477/page-10#post-5064669
Значи или на исто ниво со девојката или она испод твое ниво што е и уште подобро.
А што правиме со вадењто низ нос како што погоре беше спомнато и дури потврдено од женскиот пол?Јас се согласувам со ова и мене ми е тоа многу јасно, али нели, пуст менталитет и срам од комшиите дека жена ти вади повеќе пари од тебе.
Еве, во првиот пост типот си кажува дека преку таков срам не може да помине и би раскинал.
Мене не ми е јасно, наместо да се чукате во гради дека сте нашле некоја која е финансиски независна од вас, да се гордеете дека е паметна и сама си се снаоѓа во животот, не чека пари од вас (во време кога сеуште на моја возраст раѓаат по едно дете, цел живот после тоа се домаќинки и не придонесуваат за подобар финансиски живот во семејството) вас ви е срам оти ќе заработи некоја илјадарка повеќе.
Ај пак менталитетот нека биде крив и за ваквото размислување.