Религиска поделеност или Меѓурелигиски соживот?

  • Креатор на темата Креатор на темата kralot
  • Време на започнување Време на започнување

Религиска поделеност или Меѓурелигиски соживот?

  • Вкупно гласачи
    82
Темата е за религиски соживот. Христијанството нема проблем со уставното уредување на западните демократии, затоа што не се меша во тоа уредување. Муслиманите имаат проблем, затоа што шеријатот се стреми да биде над државата. Сега, од аспект на соживот, објасни ми како е можен соживот со некого кој сака да го урне ова уредување и да ги наметне шеријатските вредности?

Разбираш каде е проблемот? Јс не би имал никакви проблеми со муслиманите кога тие би ја практикувале својата вера по дома, или по џамиите. Но самата суштина на исламот е наметнување на шеријатот секаде каде што живеат муслимани. Како може да се има соживот со некој кој сака да го урне мојот систем на вредности?

Е тоа е проблемот бе друже. :)
Многу е погрешно дури и тажно кога ќе речете: Христијанството нема проблем со уставното уредување на западните демократии.
Можеш да кажеш: Христијаните немаат проблем со уставното уредување на западните демократии,а христијанството има. Тоа што вие не го почитувате тоа.. па тоа е ваш проблем.
Ти сега и ќе ми кажеш можеби дека Христијанството нема проблем ни со на пр. сексот пред брак или пијанчењето по дискотеки,или венчавање на педери и слично.
но тоа не е така,Христијаните денес немаат проблем со тоа,а христијанството итекако има.

А уште поголем проблем е што со своето уредување сакате да им наметнете на муслиманите дека верата е за по дома или по џамиите,или стандард комуниистичка финта: Цару царево,Богу божије.
Сакате да ги 'христијанизирате' муслиманите во поглед на нивната религија,и да ја сфаќаат онака како што вие сте замислиле.
Со исламот не е така,а и со муслиманите исто,комунизмот заврши,тито умре.
Цару царево не важи повеќе,и царево и божије се му припаѓа на Бога.

Јас знам дека ти не би имал проблем кога муслиманите би ја практикувале својата вера онака како ти си замислил :)
 
Во една држава е валидно право она ште е дефинирано со уставот и законите на таа држава. Секој што се стреми да ги урне тие закони заради својата вера во имагинарно другарче е опасност за мирот и редот во таа држава, и со таков човек не може да се има соживот. Во сржта на твојата идеологија е да бидеш нетолерантен и опасност за сите кои не мислат како тебе.

Многу е просто ова, не може да се има соживот со некој кој не толерира различност.
 
Кога цитираш нечие мислење тоа значи дека сакаш да искоментираш нешто во врска со она што цитираш,ова твоето воопшто не е поврзано со тоа што си ме цитирал.
Но пак ќе ти кажам,проблемот е што кога другите се против законите нема проблем,но кога муслиманите се против тоа одма е опасност за мирод и редот во таа држава.
Па и комунистите се опасност за мирот и редот во демократска држава,зошто со нив не се позанимавате.
Па и ти кога бараш врски за да не платиш казна затоа што си поминал на црвено или со возел над дозволеното си исто така опасност за редот и мирот во таа држава.

Проблемот е што на хартија имаме закони кои ни овозможуваат многу права а во реалноста живееме во диктатура.
И кога се е катастрофа и се оди надолу,барај виновници за да си го извлечеш газот, и стандард: Ќе најдеш муслимани,тие ионака се терористи,нив ќе ги обвиниме.

А јас искрено прашувам: ИМА ЛИ ПОГОЛЕМИ ТЕРОРИСТИ ОД ОНИЕ ШТО И ДАВААТ НА ЕСМА РЕЏЕПОВА ДОЖИВОТНА ПЕНЗИЈА ОД 1000 ЕВРА,А НАРОДОТ НЕМА ЛЕБ ДА ЈАДЕ??

ИМА ЛИ ПОГОЛЕМИ ТЕРОРИСТИ ОД ОНИЕ КОИ ТРОШАТ МИЛИЈАРДИ ЗА ЦИРКУЗИ А НЕМАМЕ НОРМАЛНА БОЛНИЦА ВО ДРЖАВАТА??

ИМА ЛИ ПОГОЛЕМИ ТЕРОРИСТИ ОД ЛУЃЕТО КОИ ИМААТ ЛИЧНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ А НЕ ГИ ОБЕЗБЕДИЛЕ СВОИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА СО КОЈА РАКОВОДАТ??

За каков устав и држава зборуваш момче,а први непочитувачи на законот се тие што го донесле и изгласале.
НАЈГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА РЕДОТ И МИРОТ ВО ДРЖАВАТА СЕ ОНИЕ 120 ДРВА ШТО СЕДАТ ВО ПАРЛАМЕНТ,БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИСКА,НАЦИОНАЛНА И ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ.
 
Никој не вели дека законите во западните демократии се идеални, или дека нивното почитување е 100%. Но и вакви како што се, со овој степен на имплементација, се БЕСКРАЈНО ПОДОБРИ од идејата некој забеган лудак да ми пропишува како да живеам во името на неговото замислено другарче. Под забеган лудак мислам и на оној кој што верува дека Месечината ја пукнале па ја лепеле, исто како и оној што верува дека човекот е направен од кал. Како што гледаш, јас не дискриминирам религиски, сите ми сте подеднакво избегани...
 
Е тоа е проблемот бе друже. :)
Многу е погрешно дури и тажно кога ќе речете: Христијанството нема проблем со уставното уредување на западните демократии.
Можеш да кажеш: Христијаните немаат проблем со уставното уредување на западните демократии,а христијанството има. Тоа што вие не го почитувате тоа.. па тоа е ваш проблем.
Ти сега и ќе ми кажеш можеби дека Христијанството нема проблем ни со на пр. сексот пред брак или пијанчењето по дискотеки,или венчавање на педери и слично.
но тоа не е така,Христијаните денес немаат проблем со тоа,а христијанството итекако има.

А уште поголем проблем е што со своето уредување сакате да им наметнете на муслиманите дека верата е за по дома или по џамиите,или стандард комуниистичка финта: Цару царево,Богу божије.
Сакате да ги 'христијанизирате' муслиманите во поглед на нивната религија,и да ја сфаќаат онака како што вие сте замислиле.
Со исламот не е така,а и со муслиманите исто,комунизмот заврши,тито умре.
Цару царево не важи повеќе,и царево и божије се му припаѓа на Бога.

Јас знам дека ти не би имал проблем кога муслиманите би ја практикувале својата вера онака како ти си замислил :)

Проблемот се сведува на тоа како муслиманите ја практикуваат нивната вера и што се` се подразбира под тоа практикување. Се разбира, се обидувам да изградам некаков неутрален став и барем за момент да тргнам настрана извесни (многу чести) појави за кои повеќе декларирани муслимани (барем во комуникација со неприпадниците на исламот, што си мислите во себе и разговарате меѓу вас е можеби сосем друга приказна) често се оградуваат.
Вообичаено е во држави каде што исламот не е доминантна религија, шеријатот и муслиманскиот начин на живеење да се спроведува во домашна атмосфера и по џамиите, односно на начин кој не би претставувал наметнување на сопствени убедувања на недолжни и незаинтересирани за нив лица. Од друга страна животот во такви, немуслимански држави, си носи извесни предизвици, и принудува на компромиси, на почитување на важечките закони, со цел да се дојде до некаков соживот. Тоа значи дека ќе треба да коегзистирате заедно со кафирите без притоа да се обидувате присилно да им отстраните одредени делови од телото.
Дека христијанството има проблем со одредени појави - така е. Тоа значи дека и христијаните се принудени на компромиси, што пак не враќа на прикаската за соживотарењето.
Божјото на Бога, а цезаровото на цезарот е христијанска финта, не комунистичка. Тешко дека е поврзана со Тито и со неговата смрт.
 
Тоа се убави примери за соживот но не и соживот генерално.
Бидејќи тој е еден што го направил тоа а неговите колеги убиваат деца во Авганистан.
Но тоа е друг муабет.
Воглавном,анкета да направиме овде на оваа тема: Дали некој има другар/пријател кој вистински се придржува до исламот(клања 5 пати на ден итн итн) никој нема да одговори позитивно.
Сите имате другари 'муслимани' кои со вас се пијанчат по дискотеки,и сите што се поразлични од нив одма се радикални :D
И своето мислење го правите спрема вестите што ќе ви ги кажат за некои 'радикални исламисти' со бради кои колат се што не е муслиманско,а никогаш во животот не сте позборувале или дружеле со таквите.
:)
--- надополнето: 14 септември 2013 во 14:51 ---
морам да го искоментирам овој болдов. ДА, имам другар кој го практикува исламот, но од практични причини не е во можност секогаш да го прави тоа. али затоа џумата не му бега.
е сега се наметнува прашањето, дали тој мој другар НЕ е муслиманин затоа што ако го практикува тоа правило ќе остане без лебот на масата? :cautious:
 
Аллах на повеќе од 90 места во Куранот вели дека единствено Тој дава опскрба и нафака(би требало да ти се познати овие термини),а на само едно место во Куранот вели:
268. Шејтанот ве плаши со сиромаштво и ве наведува на зло, а Аллах ви ветува прошка и награда од Него; Аллах е неизмерно добар и Сезнаен.

И тој како муслиман се сомнева во зборовите на Аллах,а се уплаши од ова Шејтанот ве плаши со сиромаштво...
Се уплашил дека заради Исламот ќе остане без леб на маса :)
Тоа е веќе до цврстината негова како верник а не до работата.
Мухаммед а.с. рекол: Оној кој ќе остави нешто заради задоволството на Аллах,Возвишениот ќе му го замени тоа со подобро.
Се зависи од него :)
А дали е муслиман или не,тоа е дискутабилно прашање.
Јас не сум тој кој за такви луѓе може да каже дали се муслимани или не. :)
--- надополнето: 14 септември 2013 во 21:16 ---
Никој не вели дека законите во западните демократии се идеални, или дека нивното почитување е 100%. Но и вакви како што се, со овој степен на имплементација, се БЕСКРАЈНО ПОДОБРИ од идејата некој забеган лудак да ми пропишува како да живеам во името на неговото замислено другарче. Под забеган лудак мислам и на оној кој што верува дека Месечината ја пукнале па ја лепеле, исто како и оној што верува дека човекот е направен од кал. Како што гледаш, јас не дискриминирам религиски, сите ми сте подеднакво избегани...

Тоа е веќе твое размислување друже.
Јас ти реков како стојат работите,прочитај си ги болдираните реченици уште еднаш и убаво размисли.
Јас мислев зборуваш од религиска перспектива ама ти да си бил атеиста.
А со такви не ја гледам поентата на муабетот на тема: Меѓурелигиски соживот,бидејќи еве и ние да се договориме на некој меѓурелигиски соживот вие не влегувате во ниедна комбинација :D
 
Меѓурелигиски соживот во Македонија имало во минатото додека преку Босна и Косово во Македонија не влезе вахабистичкото движење кои со финансии од Саудиска Арабија почнаа да градат нелегални Џамији и во мешаните средини да го стават немуслиманскот население под постојан притисок со тоа створувајќи религиско чисти региони. Факт е дека христијаните не само во Македонија туку во цел свет секогаш биле за меѓурелигиска толеранција, муслиманите се тие кои палат цркви , кои прогонуват немуслимани , кои образуват муслимански држави во кои немуслиманите не се пожелни и така натаму.
 
Проблемот се сведува на тоа како муслиманите ја практикуваат нивната вера и што се` се подразбира под тоа практикување. Се разбира, се обидувам да изградам некаков неутрален став и барем за момент да тргнам настрана извесни (многу чести) појави за кои повеќе декларирани муслимани (барем во комуникација со неприпадниците на исламот, што си мислите во себе и разговарате меѓу вас е можеби сосем друга приказна) често се оградуваат.
Вообичаено е во држави каде што исламот не е доминантна религија, шеријатот и муслиманскиот начин на живеење да се спроведува во домашна атмосфера и по џамиите, односно на начин кој не би претставувал наметнување на сопствени убедувања на недолжни и незаинтересирани за нив лица. Од друга страна животот во такви, немуслимански држави, си носи извесни предизвици, и принудува на компромиси, на почитување на важечките закони, со цел да се дојде до некаков соживот. Тоа значи дека ќе треба да коегзистирате заедно со кафирите без притоа да се обидувате присилно да им отстраните одредени делови од телото.
Дека христијанството има проблем со одредени појави - така е. Тоа значи дека и христијаните се принудени на компромиси, што пак не враќа на прикаската за соживотарењето.
Божјото на Бога, а цезаровото на цезарот е христијанска финта, не комунистичка. Тешко дека е поврзана со Тито и со неговата смрт.

Проблемот е што на муслиманите некој што нема врска со Ислам им кажува како се практикува верата. Никако муслиманите да си одлучат за тоа. :)

Втор проблем,нема врска што исламот не е доминантна религија во некоја држава,прашањето е какво е уредувањето на државата.
Ако државата се чука во гради дека е мултикултурна,мултиконфесионална,сите имаат права итн итн тогаш муслиманите во таа држава исто така ги уживаат правата како и останатите луѓе.
Не можеш да се чукаш во гради дека си демократска држава а секој ден викаш луѓе на разговор по станици само затоа што носат брада,нели? :)
Држава која се фали дека е секуларна и демократска а не може спортска сала да отвори без осветување од поп,како да и верувам и да ја почитувам??
Држава која се фали дека е секуларна прави црква на сред плоштад од државни пари,и ти сакаш да ја почитувам државата и законите??
Повеќе би ја почитувал ако каже: Ова е христијанска држава,поповите го имаат главниот збор,на кој не му одговара нека си ги собира парталите :)
Немој да се чукаш во гради дека религијата е одвоена од државата а секој светец има слободен ден.
Кажи си отворено што си и со кого имаме работа,да бидеме на чисто :)
Тоа е фер нели.

Муслиманите во Македонија никогаш не спроведувале шеријатски закон кога е во прашање присилно отстранување на делови од телото,ако живеат во држави кои не се шеријатски,а уште помалку ако живеат во држава која има доминантно немуслиманско население.

А ако Божјото на Бога,на цезар цезаревото е христијанска финта,тогаш имате голем проблем.
Тоа не е она на што Исус подучувал,но тоа е башка тема,во некоја друга прилика тоа. :)
 
--- надополнето: 14 септември 2013 во 23:50 ---

Од крајот ќе почнам, па кон почетокот:
Подучувањата на Исус се работа на верата. Секој има право да верува дека Исус (или некој друг) велел вака или онака. Или пак да не верува воопшто. Да не ја губиме главата околу тоа. Единствениот вистински проблем е што се нема широчина да се разбере дека разликите се неминовни, дека ги имало, ги има и ќе ги има.
Не дека нешто ми значи осветувањето објекти, но и тоа е право на нечиј избор. Белки не е пропишано со закон кога градите џамија да викате поп да ви ја освети? А и со џамии не заостанувате премногу зад црквите. Лично мислам дека и едните и другите ги има премногу и дека зад нивниот број, како и зад причините за градба има мотиви кои и не се баш поврзани со реалните потреби на верниците. Глума, популизам, политика.
И бидејќи некој сака црква на плоштад ти нема да ги почитуваш државата и законите? Што би значело тоа непочитување? Како би го изразил? Еве на пример некој кој очигледно не ги почитува законите и државата својот револт го изразува со убивање деца пред Велигден. Да се разбереме, не велам дека и ти би направил така, но разулавена толпа излезе да брани осомничени, кои однапред ги прогласи за невини, што би требало да значи дека на таквите дела две верски групи гледаат различно.
Брадосаноста како таква тешко дека е мотив некој да се викне на информативен разговор. Сум носел брада и никому ништо. Додуша, еднаш ме запре промоторка на Gillette, но преживеав.
Што сум и со кого си имат(е) работа? Сигурно не со џин или шејтан.:) Аман, човек сум и мислам дека тоа секогаш и секаде треба да биде доволно.
 
Јас ќе го прескокнам тоа околу подучувањата на Исус бидејќи гледам дека тука не можеш баш да дебатираш/дискутираш. :)

Не ми е муабетот дека се градат цркви,муабетот е дека се градат со државни пари,а нели Религијата е одвоена од државата.
Или ќе градиш за сите или за никого.
Дали се премногу или не се,тоа е друг муабет. За мене како верник кој редовно иде во џамија не се премногу. За црквите нека ти одговорат христијаните.
Значи муабетот ми е ако е веќе државата одвоена религијата,нека ги одвои и парите од градење цркви и манастири,а не за едни мајка за други маќеа.
а најтрагично е што државата вели дека не е ни мајка ни маќеа ни за едните ни за другите,а во пракса скроз друга приказна.
Си носел брада ама не си носел муслиманска брада,и даме груев носел брада.
Јас сигурно ти кажувам дека луѓе се викаат на информативни разговори заради брадата :)
Ете и ти наседна на муабетот за убиени деца,мене ми е смачено таа тема да ја отворам по 100 пати.
 
Изостанувањето на дискусија околу некое прашање не секогаш значи непознавање на темата. Во случајов се работи за незаинтересираност и за немање желба. Дискутантите за вакви прашања си имаат теми на форумов каде што без меѓусебно разбирање го дрват од 2005.

И мене ми е смачено од темата за убиените деца. Но причините за тоа се различни, претпоставувам.
 
Се извинувам,може и тоа да е. Како и да е,најбезболно е да го прескокнеме тоа. :)
 
А ако Божјото на Бога,на цезар цезаревото е христијанска финта,тогаш имате голем проблем.
Тоа не е она на што Исус подучувал,но тоа е башка тема,во некоја друга прилика тоа. :)
Јас ќе го прескокнам тоа околу подучувањата на Исус бидејќи гледам дека тука не можеш баш да дебатираш/дискутираш. :)
Матеј 22
17 И така, речи ни, што мислиш Ти! Дали е дозволено да му се дава данок на царот или не?”
18 А Исус, го разбра нивното лукавство и рече:
19 ”Зошто Ме искушувате, лицемери? Покажете ми даночна монета!” Тие Му донесоа денариј.
20 И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?”
21 Му рекоа: „На царот!” Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!
 
Македонија и не е прав пример за секуларност, мислам дека често се загрозува со тоа што државата гради верски објекти и некои други ствари. Сепак, интересно е што секогаш Македонија за пример ја земате и се расфрлате со акузации.

Што правиме со земји каде е права секуларноста ? Како Нордијските земји, Германија ? Таму комплетно религиите се искоренети од водењето на политиката на земјата.

И сепак, повторно во тие земји, муслиманите се главен проблем. Гетоизирање, насилство, наметнување... Всушност во секоја земја каде муслиманите бележат пораст степенот на криминал се зголемува.

За брадата муабетот да се надоврзам, оние муслимани кои имаат брада и носат 3/4 пантолони се повикувани на разговор заради сомневање дека се поврзани со некои терористички организации. Во селата во западниот дел на Македонија кружат опасни групи, кои примаат огромни суми од КСА. Ти ова добро го знаеш, само муабетот ти се сведува на глупави примери затоа што така ти одговара.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom