Прегледај го приврзокот 72407.
Плетење - колку добра тема ( треба вакви теми за „домаќинлук“ а не
уличарски или не оние што имаат и најповеќе посетеност а се глупи )
Има ли поубав покривач за двосед-тросед од овој на сликава.
Ама сега снајкиве не сакаат ништо од свијте свекрви, што сплеле рачно.
Оставина од мајка ми, да и овде жените некогаш знаева да плетат и да везат,море и да ткаат. Имам уште некои вакви плетени работи од неа.
Замислете и плетени рачно завеси за прозор.Колку ли само време треба да речеме за 1метар Кв,да се исплете завеса од конец. Има ли цена тоа.
А енеги лежат негде најдоле во регал,не сме ги ставиле(турските се во мода). Понатаму и нив ќе ги сликам. А некој килими и јамболии
.
.
ги отуѓив. За оние милиња не прашувај се са фрлени,не се и тие во мода.
Две еднакви плетени квадрати не можеш да најдеш,се разни бои, најчесто е тоа волница од „износени“ џемпери и блузи или омалени или слично.
И јас и брат ми сме ги расплетувале исто како оној во К15.Ама баш исто.
Порано 50-60 години не се фрлаше од стара облека ништо,на пример од другите алишта-штов,го сечевме на долги траки-тенки 1 см,па за черги.