SpiderWeb
ја заменува титулата под името во вашите мислења.
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 632
- Поени од реакции
- 622
Тарифникот во црковните храмови се однесува на требите кои ги врши свештенството, а не на советите кои свештенството го дава до верниците.
Мислам дека ја имам напишано случката во друг пост, ама ете, во интерес на „тарифникот на требите кои ги врши свештенството“ ќе ја повторам пак...
Иде попот со клисарот на гробишта кај покојник за спевање. Настрана тоа што доцнеше (а терминот беше договорен претходно), и 20тина луѓе го чекаа пола саат на 30 степени, кога пристигна го завлечкаа по други места, да спеел „набрзина“. Кога на крајот дојде (сите нервозни, нормално), почна нервозно да гледа под виното, под погачата, да префаќа... Синот на покојникот виде „колку е сато“ и го праша:
- Колку треба, попе?
- Спевањето, за 40 дена е или за 3 месеци?
- Што е разликата?
- Па за 40 дена е 500, за 3 или 6 месеци е 300
- Пеј попе за 5 стотки!