- Член од
- 28 јануари 2010
- Мислења
- 1.546
- Поени од реакции
- 1.102
Ипси,зборуваме за совршенство,па отука прашањата не може да се постават зошто едно ,а не дуго.За да се пронајде одговор зошто тој иницирачки феномен, во темава дефиниран како Бог, е причина за различни доживувања, потребно е да се одговори на неколку филозофски прашања:
-Зошто нешто, а не ништо?
-Зошто активност а не пасивност?
-Зошто таа активност води кон неограничен број на исходи, можности?
-Зошто постојат контрастите и спротивностите?
Одговорот води кон само едно нешто - Искуството! Го пишувам со голема буква, затоа што мислам на она кое ги вклучува сите можни искуства. Ако од Искуството, одземеш било кое искуство, тогаш си го осиромашил истото. Тоа е причината поради која Бог "создава" и тоа е причината поради која Бог е совршен, бидејќи нема потреба да суди, судењето е акт со кој одредени особини и ситуации се прогласуваат за непотребни.
Во совршенството се застапени и двете,таму е празно и полно ,активно и пасивно.
Работата е што секогаш се гледа само од една перспектива,ти викаш дека треба искусување за се надмине,а јас велам зошто да искусувам кога секое искусување е со познат содржина.
Сосема јасно е дека ти го наметнуваш прашањето како јас сум дошол до тоа ако не сум тргнал од позиција на искусувач.
Тоа можам да го опишам само со поимот раѓање,таму сум се родил,откако умрев на местото во кое ти сега настојуваш да искусуваш.Два различни света!
Ако не се лажам,токму искусвањето на смртта е централно место кон кое се стремиш,па сега ако совршенството се посомнева во себе и се застапи за еден свет не би било совршено.
Така и секое дете кое ќе се роди во било кој од тие два света,се стреми кон спротивниот.
Дали тие треба да се гледаат како непријатели,како две спротивности кој кога би се соединиле,се раѓа сосема поинаков свет,прашањето е само дали сме спремни да го напуштиме стариот свет.
Тоа е совршенството, две спротивности кој раѓаат друго секогаш поразлично од предходното.
Прво,немам цел самиот поим за тоа се губи во исходот.За крај да го коментирам болдот. Ако ти си суштество без почеток и крај и без форма, а целта ти е да ги искусиш сите можни ситуации, како ќе ги искусиш раѓањето и смртта? Како поинаку ако не својата неменливост - есенција не ја поставиш како центар и есенција на своите минливи манифестации.
Второ,нема центар.