Дали бог е совршен? Зошто?

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Првиот дел кој го опишуваш е кабалистичкиот малкут - светот на дуалноста или материјалниот свет. Вториот дел е центарот на дрвото на животот - светот на тифарет, кој гледано од малкут е едно со отецот (Кетер).
Третиот дел е бездната, местото на Даат - лажната сефира на знаењето.

Сите тие се само нивоа на божественото. Судењето кое е предмет на критика во случајов, нема врска со овие концепти, ниту пак овие концепти се предмет на критика или судење.
Првиот дел го искусуваш,а вториот и третиот ќе останат само зборови кој никогаш нема да ги разбереш и осознаеш.

Процесот на осознавање во себе ја вклучува и асимилицаијата со спротивностите, без тоа искуство, нема осознавање - нема духовност. Го спомна Тао па ќе го искористам во овој случај, ако немаше потреба спротивностите да се измешаат, зошто во приказот на Јин и Јанг тие се испреплетуваат и секој контраст во својот центар (суштина) ја има неговата спротивност?
Критиката многу пати знае да биде патот кој некому ги отвора вратите на вистината, само ограничениот и суетен ум во критиката може да види разделување.
Процесот на спротивностите во себе го вклучува и крајниот дел,а тоа е убиство.Еден од најгорките моменти во човековото постоење кое тесно поврзано со духовното.
Без тоа нема осознавање!

Тао значи празно,место во кое не постои човек.
Замрзнат момент од вкусувањето на смртта и повторно раѓање.Можеш да прочиташ уште многу книги,но тоа никогаш со збор нема да го разбереш.

Критика усмерена во вистинска насока носи резултат,но доколку критиката ја промаши целта,таа ќе биде ништо друго освен удирање со глава во ѕид.;)

Да го ословиш бог како совршен,треба да разбереш како тој комуницира со човек инаку бог со својата сила би ја скршил крвката душа на човекот.:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Првиот дел го искусуваш,а вториот и третиот ќе останат само зборови кој никогаш нема да ги разбереш и осознаеш.
Тоа ти така си мислиш.
1.Процесот на спротивностите во себе го вклучува и крајниот дел,а тоа е убиство.Еден од најгорките моменти во човековото постоење кое тесно поврзано со духовното.
Без тоа нема осознавање!

2.Тао значи празно,место во кое не постои човек.
Замрзнат момент од вкусувањето на смртта и повторно раѓање.Можеш да прочиташ уште многу книги,но тоа никогаш со збор нема да го разбереш.

3.Да го ословиш бог како совршен,треба да разбереш како тој комуницира со човек инаку бог со својата сила би ја скршил крвката душа на човекот.:)
1.Точно, крајната фаза во осознавањето е искусувањето на смртта, но не е точно дека е еден од најгорките моменти. Еден од фундаменталните закони на универзумот вели дека ништо неможе да се уништи ниту да се создаде, само да помине од една во друга форма. Кога некој својата есенција ја поистоветува со одредена форма, во губењето на таа форма гледа анихилација и на својата есенција.

2.Книгите се лушпи, симболика, тие се компаративно средство кое доколку не се темели на взаемно искуство нема никаква моќ да ја пренесе мудроста која потенцијално е таму.

3.Токму затоа стравот не само што не е пат до мудроста, туку е и предзнак на неуспехот.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Тоа ти така си мислиш.
Србите имаа една изрека која малку ја променив за да биде во контекс на разговорот,иде вака.
"Мртви" били,па видели.:D
1.Точно, крајната фаза во осознавањето е искусувањето на смртта, но не е точно дека е еден од најгорките моменти. Еден од фундаменталните закони на универзумот вели дека ништо неможе да се уништи ниту да се создаде, само да помине од една во друга форма. Кога некој својата есенција ја поистоветува со одредена форма, во губењето на таа форма гледа анихилација и на својата есенција.

2.Книгите се лушпи, симболика, тие се компаративно средство кое доколку не се темели на взаемно искуство нема никаква моќ да ја пренесе мудроста која потенцијално е таму.

3.Токму затоа стравот не само што не е пат до мудроста, туку е и предзнак на неуспехот.
Имаш помешано нешто.
1.Ако смртта не беше нагоркиот момент од човековото постоење,немаше од истиот да се плашат,тоа што го спомна во точка 3.
Никој не сака да умре и од тоа најмногу се плашат, а токму тоа е пат до мудроста.:(

2.Ако ништо не се уништува,тогаш залудно е тоа што некој некого убива и друг што за тоа го осудува,нели?

И како за крај на нашиот разговор.
Не слушнав твое мислење,дали бог е совршен?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Имаш помешано нешто.
1.Ако смртта не беше нагоркиот момент од човековото постоење,немаше од истиот да се плашат,тоа што го спомна во точка 3.
Никој не сака да умре и од тоа најмногу се плашат, а токму тоа е пат до мудроста.:(

2.Ако ништо не се уништува,тогаш залудно е тоа што некој некого убива и друг што за тоа го осудува,нели?
1. Оној што го спознал своето Себство, свесен е дека тоа е дел од вечната есенција или суштина на божественото, свесен е дека тоа е неуништливо и бесмртно. Горчина и страв чуствуваат оние што се идентификувале себеси со своите желби, очекувања, сеќавања и слично, нешта кои се минливи и кои зависат од надворешни фактори а не од внатрешни. Дете од 5 години во продавница за играчки има само една желба, да ја има играчката која во тој момент му се видела најдобра. Во тој момент спремно е да плаче, да моли, да очајува....се со цел да ја добие. Тоа е животна цел за него во тој момент, не постои ништо поважно од неа. Но кога ќе има 25 тогаш тоа што го правел за играчката ќе му изгледа смешно. Тогаш приоритет ќе му биде спротивниот пол, тоа ќе биде најбитното нешто во целиот универзум. И се така се додека не свати дека сите желби се минливи, потекнуваат од суетата или егото. Единствено што е вечно е она што за цело време останало непроменливо - исто.
Стравот е само очајност да не се изгуби тоа што е минливо, и токму затоа е предзнак за неуспех.

2. Ништо не може да се уништи, само да помине од еден облик во друг. Тоа е еден од законите на универзумот.
И како за крај на нашиот разговор.
Не слушнав твое мислење,дали бог е совршен?
Да, совршен е, бидејќи тој е суштината - битието, унитарноста, центарот на сите нешта, и сите нешта се негов составен дел. Несовршеноста, концептите за добро и зло, страдањето, среќата и тагата....сите тие се надворешни "обвивки" - "слоеви". Колку подалеку се од "центарот", толку се поизразени. Толку повеќе во нив се присутни концептите за судење и делење на добри и зли, потребни и непотребни.
 
А оној што не го спознал?

2. Ништо не може да се уништи, само да помине од еден облик во друг. Тоа е еден од законите на универзумот.

Да, совршен е, бидејќи тој е суштината - битието, унитарноста, центарот на сите нешта, и сите нешта се негов составен дел. Несовршеноста, концептите за добро и зло, страдањето, среќата и тагата....сите тие се надворешни "обвивки" - "слоеви". Колку подалеку се од "центарот", толку се поизразени. Толку повеќе во нив се присутни концептите за судење и делење на добри и зли, потребни и непотребни.

А да го убиеме бог,совршенството и несовршенството и сите спротивности што тој ги носи да ги закопаме и да не го пуштаме да излезе,може ли?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А оној што не го спознал?
Тој ќе создава религии, каде богот ќе биде рефлексија на неговите човечки - несовршени замисли. Ќе го претставува богот како судија или како родителска фигура која треба да му каже што е лошо а што добро.
Ќе го бара надвор од себе и ќе мисли дека е нешто одвоено од него самиот.
А да го убиеме бог,совршенството и несовршенството и сите спротивности што тој ги носи да ги закопаме и да не го пуштаме да излезе,може ли?
За тоа е потребно да станеме едно со него. Неможеш да ја убиеш желбата за играчката, додека си сеуште 5 годишно дете на кое таа му е животна желба, затоа што сеуште незнаеш дека постојат искуства во однос на кои таа желба по играчката е смешна, исто како што неможеш ни да ги "убиеш" и "закопаш" спротивностите, се додека не ги надминеш.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Поштеди ме, оди рендај нешто.
Ти ги читав глупостите што ги пишуваше во дискусијата со алф.
Човекот сака да ти помогне, ама.. едитирано од модератор.
Го жалам алф, како сизив е човекот, турка, турка, ама и со инка да става ...џабе е.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Тој ќе создава религии, каде богот ќе биде рефлексија на неговите човечки - несовршени замисли. Ќе го претставува богот како судија или како родителска фигура која треба да му каже што е лошо а што добро.
Ќе го бара надвор од себе и ќе мисли дека е нешто одвоено од него самиот.
Што стана со совршениот бог?
Сега како да не го прифаќаш несовршениот во твојот свет.
За тоа е потребно да станеме едно со него. Неможеш да ја убиеш желбата за играчката, додека си сеуште 5 годишно дете на кое таа му е животна желба, затоа што сеуште незнаеш дека постојат искуства во однос на кои таа желба по играчката е смешна, исто како што неможеш ни да ги "убиеш" и "закопаш" спротивностите, се додека не ги надминеш.
Можеме играчката да ја уништиме (закопаме).
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што стана со совршениот бог?
Сега како да не го прифаќаш несовршениот во твојот свет.
Тој е битието, суштината. За да се стигне до таа совршеност, потребно е да се помине низ тие "слоеви". Тоа е начинот на кој спознавајќи, се доближуваш до есенцијата на сите нешта.
Постојат ситуации и нешта кои иако знам дека не се непотребни и си имаат своја цел, сепак ги доживувам како нешто негативно - и покрај тоа што знам дека е потребно да ги живеам, да ги надминам. На пример знам дека одредени личности во мојот живот се со причина и покрај тоа што ги доживувам како негативна и штетна појава. Единствено на она највисоко ниво (центарот, битието), дуалноста се претвора во унитарност.
Можеме играчката да ја уништиме (закопаме).
Ако го направиме тоа, сме останале посиромашни за искуствата поминати на таа возраст со таа играчка. На 25 играчките и игрите на децата изгледаат смешно, но на 5 години, тие си имаат своја цел - своја причина.
Нема скратени патишта, се што постои, мора да се искуси, тоа е единствениот пат. Ако предвреме "закопаш" некое искуство, ќе останеш "посиромашен" во своето спознавање.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Тој е битието, суштината. За да се стигне до таа совршеност, потребно е да се помине низ тие "слоеви". Тоа е начинот на кој спознавајќи се доближуваш до есенцијата на сите нешта.
Постојат ситуации и нешта кои иако знам дека не се непотребни и си имаат своја цел, сепак ги доживувам како нешто негативно - и покрај тоа што знам дека е потребно да ги живеам, да ги надминам. На пример знам дека одредени личности во мојот живот се со причина и покрај тоа што ги доживувам како негативна и штетна појава. Единствено на она највисоко ниво (центарот, битието), дуалноста се претвора во унитарност.
Тогаш,дали луѓе на различно искусно ниво меѓу себе треба да се судат и едниот да ја покажува надмоќноста над другиот?
Сепак да не заборавиме,бог е совршен!
Ако го направиме тоа, сме останале посиромашни за искуствата поминати на таа возраст со таа играчка. На 25 играчките и игрите на децата изгледаат смешно, но на 5 години, тие си имаат своја цел - своја причина.
Нема скратени патишта, се што постои, мора да се искуси, тоа е единствениот пат. Ако предвреме "закопаш" некое искуство, ќе останеш "посиромашен" во своето спознавање.
Сосема е јасно дека секое искуство има своја цел само што токму тие искуства можат да го закопаат никулецот,јас зборувам за обратно да се закопа искусувањето за да се зачува никулецот на површина.

Ако го знаеш исходот од некое искусување,нема да имаш потреба истото да го доживееш.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тогаш,дали луѓе на различно искусно ниво меѓу себе треба да се судат и едниот да ја покажува надмоќноста над другиот?
Сепак да не заборавиме,бог е совршен!
Нештата кои треба да се случат, многу малку имаат врска со очекувањата на луѓето или со нивните навидум моментални проблеми и потреби. Ако сите потенцијални ситуации и особини доаѓаат од истиот совршен извор, тогаш сите тие имаат своја намена - своја цел. Па така сите интеракции помеѓу луѓето се некој вид на искуство, а сите искуства се потребни.
Сосема е јасно дека секое искуство има своја цел само што токму тие искуства можат да го закопаат никулецот,јас зборувам за обратно да се закопа искусувањето за да се зачува никулецот на површина.

Ако го знаеш исходот од некое искусување,нема да имаш потреба истото да го доживееш.
Ајде еден пример - Да речеме дека ти си планинар, и постои врв на кој треба да се искачиш. Дали ако го дознаеш исходот (дознаеш како изгледа врвот, патеката, теренот), ќе нема потреба да се искачуваш? Дали тоа што си го дознал е замена за доживувањето да го почуствуваш теренот, да го остеиш заморот и ветерот кој ќе те освежи.....дали тоа е замена за погледот кога ќе стигнеш на врвот?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Нештата кои треба да се случат, многу малку имаат врска со очекувањата на луѓето или со нивните навидум моментални проблеми и потреби. Ако сите потенцијални ситуации и особини доаѓаат од истиот совршен извор, тогаш сите тие имаат своја намена - своја цел. Па така сите интеракции помеѓу луѓето се некој вид на искуство, а сите искуства се потребни.
Заборави на ќарот и зијанот,сите тие нешта кој како што викаш ти имаат многу малку врска со очекувањата на луѓето се производ од човековата похот-желба.
Па отука луѓето само разменуваат желби и од него гледаат да извлечат некој ќар,а други да добијат зијан.
Еве тргни од самиот себе,желбата да искусиш повеќе доживувања за истите да ги анализираш и свесно набљудуваш се производ на човечка похот,од кој би требало да извлечеш некој ќар,добивака.

Ајде еден пример - Да речеме дека ти си планинар, и постои врв на кој треба да се искачиш. Дали ако го дознаеш исходот (дознаеш како изгледа врвот, патеката, теренот), ќе нема потреба да се искачуваш? Дали тоа што си го дознал е замена за доживувањето да го почуствуваш теренот, да го остеиш заморот и ветерот кој ќе те освежи.....дали тоа е замена за погледот кога ќе стигнеш на врвот?
Пробај поинаку да ги поставиш работите,биди ти планината.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Заборави на ќарот и зијанот,сите тие нешта кој како што викаш ти имаат многу малку врска со очекувањата на луѓето се производ од човековата похот-желба.
Па отука луѓето само разменуваат желби и од него гледаат да извлечат некој ќар,а други да добијат зијан.
Еве тргни од самиот себе,желбата да искусиш повеќе доживувања за истите да ги анализираш и свесно набљудуваш се производ на човечка похот,од кој би требало да извлечеш некој ќар,добивака.
Ќарот и зијанот се перспектива која постои гледано единствено низ призмата на желбите и очекувањата. Кога тие ќе се надминат, се надминува и таа перспектива која ги создава. Но со заобиколување и барање скратени патишта нема ништо да се надмине. Не е доволно да знаеш, потребно е да го искусиш и со тоа и надминеш истото, во спротивно само го потиснуваш и го зголемуваш потенцијалот за да избие на површина.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Ќарот и зијанот се перспектива која постои гледано единствено низ призмата на желбите и очекувањата. Кога тие ќе се надминат, се надминува и таа перспектива која ги создава. Но со заобиколување и барање скратени патишта нема ништо да се надмине. Не е доволно да знаеш, потребно е да го искусиш и со тоа и надминеш истото, во спротивно само го потиснуваш и го зголемуваш потенцијалот за да избие на површина.
Желбата за искусување исчезнува со самото поимање за себе .
Ако умре човек повеќе нема желба ниту некакви очекувања,затоа кога зборуваш дека е потребно да искусиш треба првин да побараш од каде и зошто постоиш.
Искусувањето на различни доживувања нема да прекине се додека не искусиш смрт.

Ако некој во случајов бара скратени патишта се токму оние кој сметаат дека со искусување на спротивностите истите ќе ги надминат,наместо директно да одат на смртта.

Знам дека ќе кажеш дека постојат многу патишта,само на никој не му текна да ги избрише сите поимови за некаква внатрешна духовност.
Бог е совршен и тогаш кога нема да го спомнуваме дека постои.Ама сега кога преку книги некој оставил искуство за негово постоење,тоа стана предмет на раздор,поделби на луѓето,едни кој живеат во сенка чувајќи божем некој тајни други на докажување чии бог е посилен..итн.

Како и самиот бог да оди директно на смртта,разбирајќи колкава опасност носи неговото постоење.
 
За да се пронајде одговор зошто тој иницирачки феномен, во темава дефиниран како Бог, е причина за различни доживувања, потребно е да се одговори на неколку филозофски прашања:

-Зошто нешто, а не ништо?
-Зошто активност а не пасивност?
-Зошто таа активност води кон неограничен број на исходи, можности?
-Зошто постојат контрастите и спротивностите?

Одговорот води кон само едно нешто - Искуството! Го пишувам со голема буква, затоа што мислам на она кое ги вклучува сите можни искуства. Ако од Искуството, одземеш било кое искуство, тогаш си го осиромашил истото. Тоа е причината поради која Бог "создава" и тоа е причината поради која Бог е совршен, бидејќи нема потреба да суди, судењето е акт со кој одредени особини и ситуации се прогласуваат за непотребни.

За крај да го коментирам болдот. Ако ти си суштество без почеток и крај и без форма, а целта ти е да ги искусиш сите можни ситуации, како ќе ги искусиш раѓањето и смртта? Како поинаку ако не својата неменливост - есенција не ја поставиш како центар и есенција на своите минливи манифестации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom