Прашање од почетник (Street workout)

  • Креатор на темата Креатор на темата vizzix
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, имам 14 години и сум низок така да теговите и секакви вежби освен оние со сопствена тежина ми се надвор од план. Затоа започнав со Street Workout.. Многумина ми имаат кажано дека имам многу добра дефиниција на телото но дека немам маса. Е сега проблемот е во тоа што исхраната ми е добра, ама некако како да не оди во мускулите тоа што се јаде.. Протеини и други хемии не внесувам, освен она што пијам протеински шејк без никаква хемија во Среда кога вежбам најнапорен тренинг.. Значи прашањето е:
Како да постигнам маса и големина во мускулите на пример градите и бицепсот.. Кои се најдобри вежби и по кој план да ги вежбам.. Благодарам

Не може тоа што се јаде да оди во мускулите, ако јадеш повеќе од што треба храната ќе оди во сало. Мускулите растат т.е. накачуваш мускулна маса само ако има соодветен стимулус што ќе ги натера да растат. Без тоа, јади како сакаш и колку сакаш, ама ништо.
Ако вежбаш без тегови, тогаш овој стимулус ќе го постигнеш со менување на темпото со кое ги правиш вежбите, пример темпо 4-4-4. Да речеме правиш склек, одиш 4 секунди нагоре, држиш 4, спушташ надоле 4. Целта не треба да ти биде да направиш одреден број на повторувања, туку што подолго време да го држиш мускулот под тензија. Оптимално еден сет гледај да ти трае 1 минута.

Вратило - широк и тесен фат - кревај се полека нагоре, кога ќе дојдеш до горе задржи неколку секунди, спушти надоле, полека и контролирано. Најбитно е да не скокаш горе доле, држи го телото стегнато и концентирај се на тензијата на мускулите, не на тоа колку пати ќе се кренеш.
Вратило - тесен фат со дланките накај лицето - ова ти е за бицепс. Битно е да се фокусираш на контракција на бицепсот, значи треба да се поставиш под одреден агол, инаку голем дел од работата ќе ја врши грбот. Вака е тешко да се објасни, ама кога ќе вежбаш ќе ти биде јасно.
Склекови - нормални, подигнати нозе на стол, зближени дланки - ова е за гради, рамо и трицепс. Формата треба да ти биде цврста, телото право, градите испакнати напред, рамењата наназад. Стегни се цел од глава до пети. Кога правиш со зближени дланки, тоа ти е за трицепс, стисни малку на надворешниот дел од дланките за да удри на трицепсот повеќе, ќе осетиш дур вежбаш.
Чучњеви - за нозе има многу вежби, ама малце потешко е да се здебелат без тегови. Единствена вежба што можам да ти ја препорачам е Pistol squats, побарај на Гугл.

Вежбај вака секој ден. Подели ги тренинзите на буткање, влечење и нозе. Никогаш не вежбај мускули со иста функција два дена по ред. Пример понеделник, буткање (гради, рамо, трицепс), вторник влечење (грб, бицепс), среда нозе. Недела одмарај. Јади здрава храна со многу протеини (јајца, пилешко, млеко, сирење, риба итн..) и секако овошје и зеленчук. Никогаш не дозволувај да осеќаш глад, кога осеќаш глад телото зима од мускулите и губиш маса. Спиј доволно, идеално е сам да се будиш на сабајле, без аларм. Прифати го ова како начин на живот и фурај. Тоа е тоа.
 
Убаво се што му кажа,но најдобро за мускулна маса и најоптимално е цело тело.
Не може тоа да го прави со street вежбање,како што во теретана.
 
Убаво се што му кажа,но најдобро за мускулна маса и најоптимално е цело тело.
Не може тоа да го прави со street вежбање,како што во теретана.


e kako sea neli teretanite ne cinea???pak se premisluvas?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom