Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Де бре 1 сцена 2 секунди недовршена и готово ја усраа цела серија. Сигурно нема да ја гледате наредната епизода, а?

Kласичен македонски хејтеризам, ќе се навикнеш со тек на време :)
 
Псајсајд сериозно чоек ти ќе држиш лекции за хејтеризам. Не памтам на кој последен филм си му дал над 5ка.
Реално зезнаа работа со сценава, од Брејкинг Бед такво нешто не се очекуваше.
 
Псајсајд сериозно чоек ти ќе држиш лекции за хејтеризам. Не памтам на кој последен филм си му дал над 5ка.
Реално зезнаа работа со сценава, од Брејкинг Бед такво нешто не се очекуваше.

Да не барам по темите, има многу со 6 и 6.5, тоа не е хејтеризам, него висок критериум за оценки, има разлика.

За крај 5-ка е просек, според мој начин на оцена, и не спаѓа во лош филм, него просечен.
 
Да не барам по темите, има многу со 6 и 6.5, тоа не е хејтеризам, него висок критериум за оценки, има разлика.

За крај 5-ка е просек, според мој начин на оцена, и не спаѓа во лош филм, него просечен.

Епа тоа де, со двојни критериуми влегуваш.
Висок критериум за оценка, а не ти беше аматерски направена сценава со пукањево. Како од некој филм од Боливуд од осумдесетите беше, мислам сериозно Хенк и Гомез беа на отворено еден куршум не ги допре.
Да не зборувам за аматерсконо пукање на Тод, а пази за криминалец правиме муабет тука.

И да ми текна една теорија. Ако Хенк умре утре и ако одиме по логика дека во серијава ни една сцена не е за пополнување време, тогаш очекувам Мари да земе тоа отровот шо го спомнуваше кај психијатарот и да убие еден од Скајлер/Волтер Џуниор, па Волт после да тргне на killing spree со автоматот од првата сцена од серијава по Џеси, Мари и шо го знаеш можда у Ал Пачино стил и на нацистиве ќе им влезе.
 
Епа тоа де, со двојни критериуми влегуваш.
Висок критериум за оценка, а не ти беше аматерски направена сценава со пукањево. Како од некој филм од Боливуд од осумдесетите беше, мислам сериозно Хенк и Гомез беа на отворено еден куршум не ги допре.
Да не зборувам за аматерсконо пукање на Тод, а пази за криминалец правиме муабет тука.

Сцената не беше добра, тоа е јасно, јас се согласувам со тоа.

Но тоа не значи дека треба за една сцена да се плука на големо и да се зборат лоши работи, како цела епизода да била катастрофална. Да не заборавиме дека голем дел од тука гледаме Декстер :pos:
 
Добро сега Декстер е друга приказна :). Таму ни се намалија критериумите оваква сцена таму, хајлајтот на сезоната ќе биде тоа.
 
Млитава епизода со уште покилав крај. Ми фали ликот :( Како ја изведоа сценава, не е лошо да го убацат ко зомби.

63gB5GJh-650x457.jpg

П.с

nejkam da hejtam...ali fali use cela sezona..ko so gi vlecat rabotite.....epizodava bese definitivno losa...Jessie sakam da umre definitvno on e kuckata...mn e sve isforsirano....pocnuvaat da se serat na kraj so serijava....
 
Не знам зошто мислите дека ситниве критики се хејтеризам спрема Брејкинг Бед. Па тука не дискутираме за некоја лесна серија од типот на Вемпајр Дијареас туку за една од најдобрите серии на сите времиња. Скоро сите постови овде се со највисоки пофалби и еуфорични величења на ББ, и нормално дека кога ќе утнат тоа ќе го прокоментираме, сепак серијава има оцена од 99 на Метакритик.

Што се однесува до следната епизода, се освен смрт на Хенк и Гомез ќе биде во најмала рака смешно и глупаво. Пет-шест нацисти вооружани со емки, пиштоли и автоматски шатгани (плус панцири) против два ДЕА агенти со пиштол и сачмарка. Исход во полза на цајканиве е можен само во некој приглуп акционен филм. Сигурно Хенк нема сите да ги испотепа а и нацистиве сигурно нема да ги поштедат, без разлика дали би имало рецимо прекин на огнот и Волт некако им забрани да ги убијат. Еј другови, се распуцавме што се распуцавме, ајт сега сите дома... :tapp:

Тоа би значело дека судбината им е запечатена, што го прави клифхенгерот комплетно непотребен, т.е евтин обид да се задржи вниманието на публиката (бар оние кежуал гледачи на серии). Е ова ми боде очи по малку, што не значи дека мислам дека ја усрале ББ или нема да ја симнам следната епизода фрст тинг ин де морнинг... :D
 
Иначе, Хенк веќе преживеа блиска средба со 2ца професионални убијци, од кој еден уби а друг го остави без нозе. Така да...
 
Иначе, Хенк веќе преживеа блиска средба со 2ца професионални убијци, од кој еден уби а друг го остави без нозе. Така да...

И едвај преживеа... Сосема различна ситуација. Тука тој и партнерот негов се соочени со шест професионални убијци со супериорно вооружување. (да, изгледаа ко аматери во епизодава ама сети се на претходната епизода, со масакрот нарачан од Лидија).
 
Премногу клише е да умре Хенк после муабетот со Мари, каде што и кажа дека конечно успеа, I love you и слично. Ама ќе биде и клише да избега. Така да...Битно знаеме дека Волт со сигурност ќе се извлече од ова и дека нема да оди во DEA со Хенк и Гомез. Дали ќе бидат мртви или сериозно повредени - ќе видиме...
 
bulletproof vests maybe..

Со оглед што веќе спомнаа панцир во сцената со Сол...може. Си имаат обичаи такви работи да прават. Всушност, зашто и ни кажаа дека Сол носи панцир, освен дека е параноичен?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom