Мака ми е на душава што на најмизерен начин испаднавме на Европско во кое имавме големи шанси да стигнеме далеку.Не знам дали заради оној гаден пораз од Црна Гора во следните натпревари психички беа паднати или не беа доволно физички спремни(иако викаа 100% идат на медал и биле 100 % подготвени),но знам дека кошарката по ова ни е еднаква на фудбалот.Многу срање иднина имаме.Само Брчков шо ми дава надеж дека ќе го биде за центар.Највеќе на ова Европско разочараа браќата.Многу беа стегнати.На високо ниво беа против Црна Гора само.Гечевски се заебаа што го земаа.Не може човекот да оди,па камоли да се натрчува со оние младине.Бо беше солиден,но далеку од оние партии што ги прикажуваше во Литванија.Жално е што иден плејмејкер ќе биде Костоски.
Тој и искусен не верувам нешто да постигне.Може да се прави јак против Пелистер или Кожув.
Општо на репрезентативно ниво ова ни беше шансата за голем успех.Но за жал и кошарката после овој дебакл ќе се врати на старото.Ќе се радуваме на учество на Европско во иднина.Тоа е факт.Светското и Олимписките ќе треба да поминат многу години за да се создаде тим кој ќе биде конкурентен за такво достигнување.
Следно е Европското во ракомет во Данска.Се надевам таму на поголеми успеси.Во меѓувреме со срце да навиваме и за МЗТ,Вардар,Металург... Тоа е.Животот продолжува.