- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.050
- Поени од реакции
- 74.574
Брат не мора од ФИБА да гледате, тоа е општо познато кога се прави круг од селекции со ист број на бодови.Oд кај си 100 % сигурен за ова? Претседателот на ФИБА ти кажа? Дај линк ако си прочитал од негде,вака звучиш како сезнајко.. Го има ли во правила ова чудо што го збориш?
Не може некој што има скор 1-2 да биде пред некој со скор 2-1.
Да ви појаснам:
До крај да замислиме дека Литванија вечер ја тепа Црна Гора, ние ја тепаме утре Летонија со било колку разлика, Литванија ја тепа Босна и Србија губи од Црна Гора.
Тогаш Литванија и Србија ќе имаат 3 победи и 2 порази, а ние, Црна Гора, Летонија и Босна 2 победи и 3 порази.
Од нас 4 се прави мини група СО РЕЗУЛТАТИТЕ ПОМЕЃУ СЕБЕ.
Ние ја добивме Летонија, изгубивме од Црна Гора и Босна = 1 победа и 2 порази = 4 бода.
Босна не доби нас и Црна Гора, изгуби од Летонија = 2 победи и 1 пораз = 5 бода.
Летонија ги доби Босна и Црна Гора, изгуби од нас = 2 победи и 1 пораз = 5 бода.
Црна Гора не тепа нас, изгуби од Летонија и Босна = 1 победа и 2 порази = 4 бода.
Значи:
Летонија 5
Босна 5
Црна Гора 4
Македонија 4
Летонија е прва пошто со Босна имаат по 5 бода, АМА во нивниот дуел тепаа Летонците