Јас пре би рекала дека секој си ги бира за пријатели оние луге кои му се блиски до размислувањата , а обратно ги бира/анализира оние примери од околината и пошироко ,кои се целосно поинакви од неговите размислувања/гледишта (тоа може да се потврди и тука на форумов кој кои теми го привлекуваат да ги коментира ...),што е и нормално за мене барем, бидејки на тој начин секој може да си ги прошири своите видици да научи нешто ново,без да има потреба да ги менува своите убедувања...Во сечија околина постојат еден куп примери кои ја подржуваат и едната и другата страна. Интересно е како секој си ги бира оние примери кои му се блиски до размислувањата и потоа насила се обидува да ги протне како аргументи со кои ќе си го поддржи ставот во дискусијата.
Ситуацијата на Дијана и Камила, како и ситуацијата на братот на другаркати се изолирани случаи и не се репер за генералната состојба, а уште помалку се репер за индивидуална. На секој твој пример против, јас ќе напишам пример за. На крај, пак нема да се сложиме.
Мотото „верувај, но проверувај“ е прикриено признавање на фактот дека постои љубомора и недоверба. Инсистирање на дружба со сите другари и другарки на партнерот е прикриен обид за контрола.
П.С. И маж што чисти со правосмукалка не е папучар, туку домаќин![]()
Не би рекла дека се работи за изолирани случаи ,јас пре би рекла дека обратните случаи на ова ке бидат изолирани , јас не прочитав некој да напише пример од реалниот живот за обратен случај од нив ,а баш многу сакам кога теоријата е поткрепана со пракса т.е кога се води дискусија каде теретскиот дел е поткрепен со аргументи од реалниот живот ... Се сложувам дека мотото „верувај, но проверувај“ е прикриено признавање на фактот дека постои љубомора (али нормална не болна љубомора)и недоверба. но исто така факт е дека тоа води кон признавање на фактот дека тоа е исто така признавање дека постои љубов .....исто не верувам дека постои апсолутна доверба како што не постои совршенство .Исто ако на инсистирањето на дружба со другарите и другарките на партнерот гледаш како на прикриен обид за контрола.,тогаш спротивно на тоа размислување би било неспособност да се ослободите од сопственото его и да прифатите дека животот е постојана промена ... И за крај конкретно во врска со темава за машко /женско пријателство,да кажам нешто што викаше мојата баба ... дека тоа пријателство е како жарчиња кои си тлеат ,а не се запалиле само затоа ветерот сеуште си дувка полека ,но знаеме дека ветерот е непредвидлив и незнаеш кога може да дувне силно и да ги запали тие жарчиња во оган ...
П.С. Се сложувам дека е домаќин ,ама домаќин кој на својата домаќинка и вика ...“ти се мешам ли јас на тебе кога гледаш спортски преглед !!!! НЕ!!! ОНА НА МЕНЕ






