Баш најголем потег е тоа, после Бо (нормално он секогаш е најдобар) беше man of the match, трча, се труди, рипа...Јас не барам кошеви од него, па ни од никој друг, ама барем да се трудиш.
Нападот ни беше за никаде, Војдан на лева тројка, Дамјан на десна, Антиќ не може да се открие. Илиевски нешто се труди, а Брчков иако му замеравам, барем трчаше за да се најде во таа ситуација на контра.
Најсмешно ми беше кога Антиќ му се издра на Бо во стилот „положи ја бе брат, што ми ја даваш под кош“...
Јас да бев на местото на Пипан, ќе ставев бар млади некои на крај, ќе гризат барем. Исто не ми е јасно како тој Wright (црнец е ај) им украде 10 rebounds. Па 4 лични имаше на 7 минути до крај, ама за Војдан или Дамјан да влезат за да изнудат уште една треба да дојде очигледно и Мекејлеб да им нацрта.
Све ќе сфатам, ама маалска утакмица се игра подобро од ова бе, 3 тројки од 23 шута...ако ова е најдобро што може да го понудиме, што мајка бараме на Европско?
Трагичното е што не е до талентот, него не се трудат - доказ за тоа е натпреварот со Србија.