Вториот ајет кој го напиша.
65. А следбениците на Книгата да веруваат и од гревови да се чуваат, Ние би поминале преку лошите постапки нивни и сигурно би ги внеле во џеннетските градини на уживањето.
66. Да се придржуваат до Тевратот и Инџилот и до тоа што им го објавува Господарот нивен, би имале што да јадат, и од тоа што е над нив и од тоа што е под нозете нивни. Има и умерени меѓу нив, но лошо е тоа што повеќето од нив го прават!
67. О, Пратенику, кажувај го тоа што ти се објавува од Господарот твој! Ако не го сториш тоа, тогаш не си ја доставил Објавата Негова, а Аллах од луѓето ќе те штити. Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот кој не сака да верува.
68. Кажи: „О, следбеници на Книгата, вие немате никаква вера доколку не се придржувате до Тевратот, Инџилот и до тоа што ви го објавува Господарот ваш!“ А тоа што ти го објавува Господарот твој на повеќето од нив ќе им ја зголеми непокорноста и неверувањето, но, ти не очајувај поради народот кој не сака да верува.(сура Ел-Маида)
И понатаму во истата сура,Аллах во куранот вели:
72. Неверници се тие што велат: „Бог е Месих,синот Мерјемин!“ А Месих говореше: „О, синови Израилови, обожувајте Го само Аллах, и мојот и вашиот Господар!“ Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!
73. Неверници се тие што велат: „Бог е дел од тројството!“ А само еден е Бог! И доколку тие не се откажат од тоа што го велат, неиздржливо страдање, навистина, ќе го стигне секој од нив кој неверник ќе остане.
74. Зошто тие не се покајат кај Аллах и не замолат прошка од Него? А Аллах простува и Милостив е.
75. Месих, синот Мерјемин, е само Пратеник, и пред него доаѓаа и заминуваа Пратеници, а мајката негова беше вистинољубива; и двајцата јадеа храна. Погледни како Ние изнесуваме јасни докази и потоа погледни ги нив како се одметнуваат.
76. Кажи: „Како можете, освен Аллах, да обожувате некого кој не е во состојба ни да ви наштети ни да ви биде од корист, а Аллах е Тој што сè слуша и знае?“
77. Кажи: „О, следбеници на Книгата, не застранувајте во верувањето свое, спротивно на вистината, и не следете ги страстите на луѓето кои уште одамна заталкале, и многумина во заблуда одвеле, и самите од Вистинскиот пат скршнале!“(сура Ел-Маида)
Прочитај си внимателно,за да не трошам зборови и да ти објаснувам додатно.