Фактички ако Кили докаже дека не продавал, дека е болен од рак, дека имал намера да ја користи за своја лична употреба и лечење, ако успее да изведе докази на пример дека поседува книги за алтернативно лечење и медицина за да се докаже неговата намера, да изведе научни докази за дејството на марихуаната, тогаш би можел да има мали шанси да го јаде помалку.
Еве Кривичниот законик што вели:
(1) Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.
(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години.
Што значи дека според мое мислење ако се докажат сите околности, и ако судијата не ја смета количината од 80 саксии за голема, може да лежи Кили околу 2 год. И плус зависи како судијата ќе ја земе у предвид неговата наркоманска историја (дали како позитивно или негативно у смисла дека чуеков е наркоман и не може да се откаже од тие работизасекогаш). Нормално има и многу други фактори како на пример надворешен притисок, јавно мислење, морал, така да зависи од судот што ќе се случи и колку ќе му се даде
