јас прашав за одењето на гробишта ( кога ке почине некој), дали и тие жени што се покриени цели и во црно ставаат бела шамија?
Никој не е условен да става бела или црна шамија, разбираш??? секој си става онаква каква што сака.
Шамијата е битна, бојата не е битна, сфаќаш??
--- надополнето: 7 септември 2013 во 18:18 ---
Овде таков одговор не можеш да добиеш навистина овде на форумов не можеш да најдеш толку квалитени муслимани што толку си ја познаваат верата.
Имено се работи за три Боженства обожавани од Саудиска арабија и тоа дека се Месечината,Венера и уште една ѕвезда,Муслиманите ги сметале како ќерки на Алах Лата, Узаа и Менат. и затоа ги обожавале а зашто и од каде баш тие ни мене не ми е јасно не знам и дали имаат одговор!
А и самиот Алах не знаат кој е, го сметаат како некоја сила која што создала се и не знаат повеќе за него ништо.освен тој е голем,милостлив итн...
Прво ова што ти го кажуваш е Глупост, Второ, Полумесечината и Звездата не се обожуваат, немаат никаква вредност, тие заедно претставуваат Шехадет, потврда на единственоста на Бог и потврда на пејгамберлукот на Мухаммед С.А.В.С.
Муслиманот не обожава ништо Освен Единствениот Бог кој се создава!!
--- надополнето: 7 септември 2013 во 18:24 ---
Како прво ова е Христијанска земја во која треба да се градат само цркви и треба да има џамии, не викам не, зошто тука има и муслимани, ама не премногу, зошто само во пределот Бит Пазар-Чаир има 100 џамии.
А за тоа што џамијата ви е рушевина, немајте гајле кога и да е ќе ви ја изградат и нема да има Христијанин кој ќе се побуни, ама ние кога треба да градиме црква (пример како таа на Кале) вие одма ќе се буните, ќе кревате протести и ќе ја рушите.
ЗАПАМТЕТЕ!!!
Ова е Христијанска земја
И премногу да не одиме офтопик
Баш Интересно, еве каков е соживотот во Македонија!!!
Друже, Македонија е земја на сите оние кои живеат во неа, е Држава на секој еден кој има Македонско Државјанство!
Џамијата во Прилеп е од Памтивека, има дозвола да се гради, граѓаните се тие кои не остават и протестираат против изградбата, ако не знаеш оди, ввиди каква е состојбата, научи па потоа дојди да зборуваш!!
Ако никој не е против зашто ја запалија??
А за црквата на Кале, само да ве потсетам дека тврдината е Османлиска оставштина и Османлиски белег, сакањето да се изгради Црква таму е директен обид за провокација и обид за понижување на муслиманите!!
и за ова ЗАПОМНЕТЕ!! не знаеш што прави наталитетот, до кога ќе видиме, а земајќи ја во предвид состојбата со Атеистите во Македонија, можеби и сега не сте повеќе, но тоа мање више, ние не се натпреваруваме како вас, кој ќе биде повеќе, ние се трудиме да си ја почитуваме и тераме верата, ако не сме потпаднале на голем број провокации до денес од ваша страна, тоа е затоа што Исламот не спречува и не учи да бидеме во добри односи со нашите комшии!!
--- надополнето: 7 септември 2013 во 18:33 ---
По ова болдираново заклучувам дека постојат и книги објавени на Мојсеј,Давид и останатите старозаветни пророци.Дали според вас тогаш вие ги сметате сите писанија од Стариот завет за веродостојни,а они од Новиот завет кои ги пишале Павле или Петар како новозаветни посланија за неверодостојни?Ај дообјасниго овој ваш став,баш сакам ова да го сватам.И според вас кого Авраам жртвувал,бидејќи според Стариот завет тоа бил неговиот син Исак од Сара,а додека имам слушнато дека вие верувате дека тоа бил настан поврзан со неговиот син Исмаил од Агара,и каде тоа точно го пишува така?
Ние веруваме во книгите, веруваме во Тевратот, веруваме во Зебурот, веруваме во Инџилот, веруваме во Куранот.
Кога станува збор за стариот завет, има голем дел кој не останал, односно исчезнал, исто како и Инџилот објавен на Иса и Зебурот.
На местото од книгата објавена во Муса а.с.(мојсие) и она што исчезнало од неа, е вклопено сето она што во тој период се творело на Аврамејски јазик, цела една литература, се што се нашло во тој период, за тоа можете да најдете докази, целата творешност на еден народ ја збрале во една книга.
Според Исламот, Куранот јасно и децидно кажува дека Авраам, односно Ибрахим не жртвовал никого, туку намерил да го жртвува својот син Исмаил.
Тука нема двојба барем во Исламските редови, а тоа што некој, незнам кој напишал дека бил тоа Исхак, тоа е проблем на оние кои тврдат дека правата книга е Стариот Завет и дека токму тоа е објавено на Муса А.С.(Мојсие)