- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Барем си искрена дека имаш нетрпение, другите нешто глумат лудило.
Кога ми беше напорно да читам скокнав дел од темава, ама од тоа што го имам прочитано, ти барем се задржуваш на кафани. Оние другите, не само што не признаваат, туку се обидуваат нивната нетрпеливост да ја прошират на целото време и простор, преку правење правило од исклучоци. Додека ти се дистанцираш од деца, тие сакаат да ги дистанцираат децата од себе, што е огромна разлика.
Неурозната сменила забар бидејќи детево ја скокоткало за нозе додека мењала пломба.
Шкорпијана го фатило главоболка уште првиот ден на одмор. Замисли, имало деца на плажа, на шанкот на плажата, во вода, на улица, ВО БУТИК !?!
Компјутерот сигурна сум дека веќе се има дадено во производство на чипови што ќе се инсталираат во главата на секое дете и обавезно по два чипа во главата на секој родител.
Колку смешни работи се кажани со сериозен тон, што темава комотно може да се пушти на трети канал на МТВ, наместо собраниска седница.
Бисерке, само немој да го мешаш зборот нетолерантност со нешто друго

Не е дека мене не ми пречат ненормални работи макар биле во ЈСП, парк итн (без оглед на возраста), разликата е во тоа што едните се места на кои плаќаш за да ги користиш, бизнис, а другите се места заеднички за сите нас, биле ние прљави, чисти, културни, некултурни итн...
За мене е многу едноставно, не знам зошто сите толку комплицираат

--- надополнето: 6 септември 2013 во 00:59 ---
Не е во ред да те малтретираат. Смешното овде е што вие употребувате термини како малтретирање и тероризирање од страна на деца. Смешно е и што воопшто се внесе терминот „еднаквост“ во насловот на темата. Делува...детски некако
И не е толку чест проблемот, колку што инатот е присутен во темава. Како и претерувањата. И неможноста да се разбере очигледното.
А циганчето што проси не е ли дете?
Зошто ги бркаат циганчињата просјаци од рестораните?
--- надополнето: 6 септември 2013 во 01:00 ---
Ако платиме и не го добиеме она што сметаме дека сме го платиле, одиме на друго место. ако си на јавно место, треба да си спремен за секаков вид интеракција со други лица, без оглед на возраст, пол или состојба. Колкупати ти досаѓале пијаници или шизофреници по улица или низ парк? Не можеме се што во даден момент не ни одговара да забраниме и стерилизираме. А дадениот момент е стерилен. Кога ти во моментов би имал мали деца (сигурно знаеш, по извесно време на секое дете му здосадува да седи мирно, не само хиперактивните) или ако би се испијанил, што би правеле присутните со тебе во тој случај? Во случај со децата има разлика помеѓу разгалено дете кое ниту разбира од збор од родител ниту родителот реагира на неговите несташлуци за разлика од мнозинството други деца на кои по неколку минути ќе им здосади и ќе се расшетаат низ ресторанот. Не верувам дека вакви случаи се којзнае колку чести или драматични затоа што досега дали неколкупати сум видел деца во ресторан, но ниеднаш не ми истуриле ништо ниту им менувале пелени.
Лично, освен на одмор, никогаш не сум носел мои деца навечер со мене во кафеана или ресторан од повеќе причини (иако беа прилично мирни и само на збор веднеа глава). Прво сум имал кај да ги оставам, друго кафеана навечер не сметам дека е за мало дете, трето сме излегле со друштво да уживаме целосно.
За разлика оттаму, на други јавни места има милион случаи на можни нервози и од деца и од возрасни.
Впрочем не знам кој е тој кодекс на однесување за во ресторан и од кога постои како таков. Колку што знам до пред некоја деценија според непишани правила ниту една саглам жена не смеела да ѕирне во кафеана, камоли да седне нарача вотка и испуши цигара.
1. За жал се протнаа, иако од старт беше назначено дека не станува збор за нив.
2. Не постои, јас сакам да постои за одредени места, по желба нели, на сопственикот.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 01:15 ---
Lady.Q
Исто така, без разлика на локацијата и опкружувањето, ако се покаже несоодветно однесување (било дете или родител) треба да им се укаже, сугерира, советува, а крајно и да бидат замолени да си одат, за раатот на сите останати. И тука се согласувам со вас, но само до тука.
Разликата е што вие и понатаму се буните. Па како е можно тоа, некултура од невидени размери, па луѓе мои ојден е светот у бестрага, ПРОПАСТ!! Ама ОК е де, си отидоа луѓето, не те потурија со кафе, не ти ги скинаа хулахопките од 500 денари, пиј си го сега кафето на раат. Абе каков раат, какви бакрачи, па раат ли ќе имам после сето ова, шупци, копуци, сељаци, како можат да постојат такви родители итн., итн. Само будала може да се расправа со будала. Јас си го гледам мојот раат, пречеле, си отишле, супер. Нивна работа како ќе ги воспитуваат децата, не се мои, ниту ќе бидат мои. Јас мојот придонес кон општеството го давам преку моето однесување, а не преку изигравање учител на будали. Немам друга работа, па ќе воспоставувам универзален кодекс на однесување и ќе бркам или казнувам прекршители. Будалска работа, да, да, ваша будалска работа!!
Ако моментално стане и си отиде, нема да се бунам.
Реакцијата ,,леооооо мамииии,, е проблемот. Као, ме боли кур за тебе (без оглед дали ми се хулахопките стари 1 година, од 60 денари или проткаени со сребрени нишки) - битно Леоооооо ми е океј.
Не знам кој тоа се буни ако дотичните си заминат без да продолжат да прават неред?
Исто како и тебе, ич уво не ме боли како Лео го воспитуваат, мене ми е битно моето кафе.
Во оној момент кога јас безбедно ќе го пијам своето кафе, што се однесува до мене, Лео може слободно и да спие во сред ресторан.
За вториот болд, некако и не се согласувам.
Реално, за едно дете да научи како да се однесува во ресторан, треба нели, и да види ресторан.
Но пред се, на соодветна возраст, и да, воспитувањето на едно дете, колку што е работа на семејството, толку е работа и на општеството.
Немам ништо против интеракцијата со кое било дете, макар тоа дете и да ми ги скине нели, скапоцените хулахопки - јас можам да се разберам со истото без вербално или физички да го нападнам - проблемот се родителите кои го бранат Лео божем канџи сум извадила. Демек, нивното дете е севишно, треба да му се клањаме и скраја да е - тоа дете не може, ама не може да згреши.
Се надевам нема да ти пречи, што ќе те ,,искористам,, тебе за еден хипотетички пример:
- седиме нели на сладолед, доаѓа до моја маса малиот, и ете, сладоледот некако му паѓа кај мене во скут. Јас за ништо на светов не би го нападнала детето, меѓутоа, од тебе очекувам реакција.
Ако твојата реакција е - извинете, повелете влажни марамици, а на детето му објаснуваш зошто треба да седи додека јаде, ќе бидам најљубезна на свет и ќе го частам детето нов сладолед.
НО, ако ти, дојдеш по детето и почнеш ,,Лелееее Леоооо, мами па што правиш ти, лелеееее лом се направи сине,, - не ме ни погледнеш мене, си отшеташ и со марамиците си го зачистиш детето, а јас онака сум попатна жртва, тогаш се квалификуваш во ,,шупак,,.
И во двата случаеви детето направило нешто погрешно, но начинот на кој на детето и мене ни ја претставуваш ситуацијата е многу важен.
Или - нема каде да смениш пелена, разбирам.
Мора едноставно некаде околу сладоледот.
Седам само јас на масата до тебе и јадам.
Едно е - извинете, морам да го пресоблечам малиот, дали ќе ви пречи ако сменам пелена, далеку ми е колата......
а сосема друго е - го шлапнуваш Лео на маса/стол, мењаш пелени, а покакани марамици на сите страни.
Ако ми е толку проблем пелената, во првиот случај и да сум во сред јадење ќе речам ОК и ако треба ќе излезам надвор на цигара - вториот случај, ептен си ,,шупак,,.
Мислам дека ми ја разбираш поентата.