Lady.Q
Сум те довела во заблуда. Јас сум ти поголем шупак него што мислиш. Не само што го оставам детето да си игра, трча и чачка низ забарска ординација, туку му дозволувам и да им ги поправа забите на клиентите. Да видиш како брмчи со машинчето, абе професионалец!! Секако, ова е под надзор на мојата забарка што, исто така, тоа го дозволува, чакшто више и го поттикнува.
Ај сега сериозно, бидејќи твој беше муабетот со забарската ординација, да ти одговорам. И покрај поканата од забарката да одам заедно со детето, сепак не отидов. Прво, затоа што не сметам дека ординација од било каков тип е место за детска игра, второ, затоа што не сакам додека јас сум оптегната на забарска столица детето да биде без надзор на место со потенцијални опасности (како за него, така и за мојот џеб), и/или трето, затоа што не сметам дека некој од другите клиенти, што можеби чекаат после мене, се должни да изиграваат бебиситерки. Но, самата покана и дозвола од мојата забарка да одам со детето ми кажа нешто за нејзината личност. Дека е човек кој знае да му се најде во невоља на друг човек. Можеби утре ќе се најде некоја мајка со МИРНО дете (кое ќе нема каде да го остави) и која ќе биде во ситуација на неподнослива забоболка (а сите знаеме што тоа значи), барем ќе може да се обрати на место каде што нема да биде одбиена, бидејќи "ординацијата не е детска градинка". Односно, мојата забарка покажа човечност и хуманост. Што изгледа не може да се каже за тебе, од причина што тој момент го испушти од видикот, а поважно ти беше да се инаетиш и истераш некој блесав аргумент во сулуда дискусија.
Понатаму, како забарот ќе си го организира својот бизнис и односи со клиенти е негова работа и немам јас тука што да се мешам. Ако дозволува деца да му шетаат навам-натам, слободно, ако не му пречи да ги стерилизира инстументите по 10 пати, слободно. Јас нема да дадам забелешка, се` додека не шетаат децата околу мене кога ми пломбира заб и додека ја држи околината чиста. Дали е исправно или не, тоа што дозволува деца наоколу откако јас ќе излезам од таму, не е моја работа да судам и коментирам, а моето мислење нема да се важи. Негова ординација, негови правила. А уште помалку е повод да го сменам за некој друг, како што ти си направила, што лично сметам дека е смешна причина, на граница со идиотска. Мада мислам дека ти е повеќе измислена ситуација, него реална, само колку (пак да истераш инает) и да докажеш некоја поента.
Кога толку сте запнале за насловот и првиот пост, ќе одговорам и на тоа. Не, не сметам дека на децата им е место во диско, ноќен бар или елитен ресторан. Во ресторан од типот на "Ден и ноќ" по мене е ОК, само и само доколку се однесуваат примерно и не е ноќно време. Во кино и театар е ОК само во случај на проекции и претстави со детска содржина. Во музеј исто така е ОК, само ако му е интересна поставката и ако станува збор за изложба со минимум потенцијални опасности нешто да тргне наопаку.
Инаку, поддржувам идеја за кафичи исклучиво за возрасни и немам ништо против. Како родител, ниту ќе се чувствувам дискриминирано, ниту вознемирено или навредено. Секој треба да си го има својот раат за своите пари. И тој став го имам и кога седнувам на сладолед со детето. Ќе стане да прошета низ масите и не му ја ограничувам слободата на движење. Но, исто така, и не го испуштам од поглед и го пазам на секој чекор. Ако застане покрај нечија маса, каде седачите почнуваат да го анимираат, го оставам некоја секунда и потоа си го викам назад. Но, знаеш што е интересното? Повеќето реакции што ги добивам од луѓето се во стилот, остави го, не пречи. И во тој случај го оставам (не за долго додуше), бидејќи сум направила напор да го приберам и сум дала до знаење дека е со мене, но некој отворено ми кажува дека сака да го игра, тогаш нека го игра. Дури ми се случувало и самоиницијативно да го викаат на нивна маса, повторно го пуштам, но не за долго. Башка што на дете толку му е интересот, 2-3 минути, ќе погледне, разгледа, праша и продолжува понатаму, веќе нешто друго го интересира.
Исто така, без разлика на локацијата и опкружувањето, ако се покаже несоодветно однесување (било дете или родител) треба да им се укаже, сугерира, советува, а крајно и да бидат замолени да си одат, за раатот на сите останати. И тука се согласувам со вас, но само до тука.
Разликата е што вие и понатаму се буните. Па како е можно тоа, некултура од невидени размери, па луѓе мои ојден е светот у бестрага, ПРОПАСТ!! Ама ОК е де, си отидоа луѓето, не те потурија со кафе, не ти ги скинаа хулахопките од 500 денари, пиј си го сега кафето на раат. Абе каков раат, какви бакрачи, па раат ли ќе имам после сето ова, шупци, копуци, сељаци, како можат да постојат такви родители итн., итн. Само будала може да се расправа со будала. Јас си го гледам мојот раат, пречеле, си отишле, супер. Нивна работа како ќе ги воспитуваат децата, не се мои, ниту ќе бидат мои. Јас мојот придонес кон општеството го давам преку моето однесување, а не преку изигравање учител на будали. Немам друга работа, па ќе воспоставувам универзален кодекс на однесување и ќе бркам или казнувам прекршители. Будалска работа, да, да, ваша будалска работа!!
И како за крај. Во однос на гремлините, можеби јас прва го воведов терминот, не знам, не се сеќавам, еве нека биде и така, не ми пречи. Признавам дека барем го напишав во некој од претходните постови. Целта на тоа не беше да ги ословам децата со гремлини, ниту пак да алудирам дека вие така сте ги кажале. Туку да ви дадам до знаење каков впечаток оставате кај другите читатели со вашите мислења во однос на децата и детското однесување. Просто кажано, беше проекција на она што го пишувате, да ви ставам огледало пред носот, од кој што подалеку не гледате.
Еве ти уште еден пример за ова што го зборувам во погорниот пасус, а напишано од тебе:
Ти зборуваш за САНКЦИОНИРАЊЕ - во туѓите уши звучи како гремлини.
Но, ако кажеше КОРЕГИРАЊЕ - во туѓите уши ќе звучи како немирни деца.
Правиш сега разлика или пак треба да цртам?