Фејсбук- една од последните слободни територии во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Што прави пола Македонија на Фејсбук? Во до ќорсокак доведениот и стеснет медиумски простор, интернетот е алтернатива за информирање, изнесување на став, често за политичко- партиски препукувања и многу често- за молчење
Околу 963 илјади граѓани на Македонија имаат регистрирано профили на социјалната мрежа Фејсбук, покажува истражувањето на Интернет Ворлд Статс (Internet World Stats). Социјалните мрежи кај нас им го зедоа приматот на другите медиуми, па „Фејсбук во Македонија доживеа подем во 2008 година, како дел од светскиот тренд и со преведувањето на нивниот интерфејс на локалните јазици“, објаснува за ДВ, Филип Стојановски, програмски координатор во Метаморфозис, Фондација за интернет и општество.
„Многу луѓе поминуваат голем дел од своето време на социјалните мрежи затоа што така задоволуваат некои лични потреби. На пример, за комуникација со географски оддалечени соговорници“, објаснува Стојановски. Но, вака се пополнува и празнината во медиумскиот простор.
„Како секаде во светот, кога граѓаните не ги добиваат сите информации кои им се потребни од традиционалните медиуми- и во Македонија тие се вртат кон интернет како последна слободна територија. Независните портали, блогови и социјалните мрежи имаат важна улога во надоместување на плурализмот на вести и мислења кој е основа за демократски развој, но се покажува дека не се „лек за сите болести“. Особено што голем дел од граѓаните одбираат да молчат“, вели тој.
Освојување на социјалните мрежи
Интернетот и социјалните мрежи на среќа се и местото од каде неброено пати тргнуваа во реализација корисни, благородни и хумани идеи. Но, Фејсбук исто толку се „дави“ во ниско ниво на комуникација, говор на омраза, меѓупартиски надитрувања.
„Политичките партии кои го контролираат медиумскиот простор се трудат да воспостават контрола и врз дискурсот на интернет. Од воведување нови законски решенија со кои се ограничува слободата на говор, јавни закани дека се следи кој што прави на социјалните мрежи од институциите под партиска контрола (при што, нема јавно достапни информации за постапки против ширители на говор на омраза), до координирано малтретирање одредени корисници, или пак наредби на партиските членови или зависните вработени во јавна администрација да го откажат пријателството со „неподобни“ активисти. Како последица, голем број корисници на социјалните мрежи се откажуваат или престануваат да ги користат за дискусии за општествени прашања, туку само за „лесни теми“ или лични, семејни објави“, вели Стојановски од Метаморфозис.
Шанса за (нова) приказна и (нова) реалност
Виртуелниот простор е привлечен за создавање нова приказна, вели Мишел Павловски, професор на културолошки студии-Институт за македонска литература и објаснува дека тоа е одговор на желбата да се промени реалноста.
„Кибер просторот дава можност да ја создадеш сопствената приказна-лична, индивидуална, колективна. Почнувајќи од онаа на сопственото семејство преку приказната за социјалната, економската и политичката група сè до создавањето на сопствената национална приказна. На тој начин, кибер просторот е многу податливо место за создавање на идентитетите. Сеќавањето и историјата се голема нарација. Кибер просторот е многу погоден за да се промовира сопствената голема нарација, историја. Тука во последно време се водат жестоки дебати “, вели Павловски. Кибер просторот се провлекува и во прашањата за културната меморија- тема на првата меѓународна научна конференција што од денеска (5-ти септември) до 7-ми септември се одржува во Скопје.
„Во кибер просторот не можете да молчите- во него сте присутен кога ќе напишете нешто- а тогаш- не молчите. Можете да гледате ама тогаш не сте присутен. Тогаш ја немате создадено својата приказна и другите не знаат за вас. И не постоите за нив“, додава тој.
Секоја секунда во светот се отвораат пет нови профили
Мишел Павловски
Според истражувањето, во последната година бројот на корисници на Фејсбук во Македонија е зголемен за 90 илјади. Бројот на Фејсбук корисници во светот надмина милијарда, а од нив 251 милион се во Европа. Стојановски од Метаморфозис смета дека овие бројки сепак треба внимателно да се толкуваат.
„Податоците за популарноста на Фејсбук најчесто потекнуваат од самиот Фејсбук, приватна компанија која се издржува со продавање рекламен простор. Според нив, тие нудат пристап до над 1.040.000 луѓе од Македонија, но нема независни истражувања со кои се потврдуваат овие бројки. Фејсбук при тоа не нудат информации на кои сè начини осигуруваат дека секој профил е поврзан само со една личност“.
Според истражувањето, на Фејсбук дневно се споделуваат 4,75 милијарди содржини, а се поставуваат 300 милиони фотографии. Просечно еден корисник на Фејсбук останува 20 минути.
http://www.dw.de/фејсбук-една-од-по...068483?maca=maz-TB_maz_utrinski-5917-xml-mrss
 
Сите фирми и администрации да ги блокирет на рутер - фб, твитер и останатите социјални мрежи, а кафичите да го следат овај пример.

Зш море? Нели Iran не чинеше? (не твоја изјава, ама најчест аргумент кога се есапеа демократииве беше пристапот кон технолошките могуќности)
 
Не ја сфаќам поентава на темава, треба да се зборува за тоа што имаме голем број на ФБ корисници, што нема слобода на изразување на други места ли? Статијата е збунувачка.

Иначе и јас сум ЗА тоа да ги блокираат оние што ја оправаат државата на Твитер. Тоа нема да важи под слобода на говор туку ќе важи под „отпушување на македонскиот интернет простор“
 
Зш море? Нели Iran не чинеше? (не твоја изјава, ама најчест аргумент кога се есапеа демократииве беше пристапот кон технолошките могуќности)


Да ама Иран од сосем различни причини го филтрира сообраќајот, исто како Кина, или С.Кореја... државен интерес.
А нашиве овде шо интерес имет од сабајле станати, и го рефреширет њус фид, наместо да ги рефреширет забите во вц.
Не викам не, имат едно 5% што му ја пронашле правата намена, па наместо 10евра секунда на ТВ, си се рекламират бесплатно на ФБ.
бтв, форумов е милион пати подруштвен и поедукативен од овие мреживе за фаќање грунци.
 
Ги заборавиле во анкетава некој има по 2 профили оние со лажните :)
 
Јас го гористам фејсбукот за контакт со роднини и пријатели надвор од Македонија.
И тоа Србија,Хрватска,Словенија,Шведска,Грција,Австралија....и што има лошо во тоа?
 
Јас го гористам фејсбукот за контакт со роднини и пријатели надвор од Македонија.
И тоа Србија,Хрватска,Словенија,Шведска,Грција,Австралија....и што има лошо во тоа?

Бравос за тебе, нема што. Секој паметен би го рекол тоа, впрочем и јас имам таква навика да си се глеам со комшиката што седи погоре 2-3 улици и тоа замисли, навечер. :sneaky:
 
Како да не,.... мојата последна слободна територија е мојот ум.... дури и да полудам, никој неможе да ми ја земе слободата o_O
 
Не ја сфаќам поентава на темава, треба да се зборува за тоа што имаме голем број на ФБ корисници, што нема слобода на изразување на други места ли? Статијата е збунувачка.

Иначе и јас сум ЗА тоа да ги блокираат оние што ја оправаат државата на Твитер. Тоа нема да важи под слобода на говор туку ќе важи под „отпушување на македонскиот интернет простор“


Оф мори мајко... Што ти пречи тебе од Твитер ај кажи молим те? Тоа што има попаметни луѓе за разлика од тие на Фејсбук и што не постираат муабети од типот: Ким Кардашијан се соблече гола или пак нови слики на секои 5 минути сликани пред огледало? И чисто за твоја информација, на Твитер има луѓе кои имаат далеку повисока интелигенција и образование од половина влада на РМ, ама се невработени бидејќи немаат партиски книшки.
 
twiter ti e hejteri samo i lugje sto mrcat, sto demek imaat nekoja intelektualna mokj pa preku tastaturata da ja spodelat so rajata aka pred malce bev u wc
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom