Конфликтот во Сирија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Републиканците за својата поддршка на Обама, бараат поширока акција, а не лимитирана.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=16113

Обама го менува планот за напад на Сирија под притисок од конгресмените

Американскиот претседател Барак Обама се согласил да го засили интензитетот на планираниот напад врз Сирија за да ја добие поддршката на републиканските сенатори Џон Мекејн и Линдзи Греем, кои се влијателни во надворешно-политичките прашања во Сенатот, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во Вашингтон продолжуваат консултациите на Белата куќа со конгресмените со цел да се издејствува нивната поддршка за нападот, при што разните групи Мекејн и Греем се заканија дека нема да го поддржат барањето, доколку нападот врз Сирија навистина биде со ограничен обем и не придонесе за менување на односот на силите на теренот меѓу војската на диктаторот Башар ал Асад и бунтовничките сили, како што најави Обама.

По вчерашната средба со Обама во Белата куќа Мекејн и Греем најавија дека се задоволни со ветувањето на претседателот дека нападот ќе биде проширен кон авионите, артилериските системи и другите армиски цели кои се користат за хемиски напади, како и дека Обама ќе го интензивира вооружувањето на бунтовничките герилци и нивната обука од страна на ЦИА.

Пред повеќе од еден месец, по првите хемиски напади на Асад, Конгресот одобри барање на Обама да му дозволи да ги вооружува и обучува сириските бунтовници, но оттогаш, според сенаторот Мекејн, скоро ништо не било сторено и дури неодамна била формирана првата бунтовничка единица од 50 борци обучени од ЦИА. И покрај ветувањето на Обама дека, во соработка со неговата советничка за национална безбедност Сузан Рајс конгресмените ќе можат да влијаат врз обемот на планираниот напад, изгласувањето на барањето на Обама се уште не е сигурно, особено во Претставничкиот дом на Конгресот.

- Доколку Конгресот гласа против резолуцијата тоа би било катастрофа, бидејќи би го поткопало кредибилитетот на Америка и на претседателот, изјави Мекејн по средбата.

И покрај тоа што Конгресот е на одмор, Комисијата за надворешни работи на Сенатот денес ќе одржи расправа за барањето на Обама за напад врз Сирија, додека истата Комисија на Претставничкиот дом ќе одржи расправа утре. Ќе сведочат државниот секретар Џон Кери, секретарот за одбрана Чак Хејгл и началникот на здружениот Генералштаб, генералот Мартин Демпси. Од нив се очекува да ги убедат конгресмените дека хемискиот напад извршен на 21 август бил извршен од страна на сирискиот режим и насочен против цивили при што над 1.400 од нив биле убиени.

>Но, конгресмените не се многу поделени околу фактите на нападот, колку што имаат спротиставени ставови околу тоа како американската армија би требало да возврати. На вчерашниот конференциски разговор со над 120 конгресмени од Демократската партија, секретарот Кери предупредил дека доколку САД не реагираат, тоа може да ги охрабри Иран и Северна Кореја да продолжат со развојот на своите нуклеарни програми. Кери ги предупредил конгресмените дека САД не можат да си дозволат да постапат како на конференцијата во Минхен во 1938 година, кога Велика Британија и Франција ја препуштија судбината на тогашна Чехословачка на Хитлер.

Тоа е вторпат Кери да го спореди Асад со Хитлер, откако во неделата рече дека сирискиот диктатор, како Хитлер и ирачкиот диктатор Садам Хусеин, употребил хемиско оружје врз цивили. Кери ги убедувал конгресмените дека САД ќе имаат меѓународна поддршка за нападот, и покрај одбивањето дури и на Велика Британија да земе учество. Според Кери, можно е Лондон да го смени ставот, додека покрај Франција, поддршка ќе дојде од Турција, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Генералот Демпси одговарал на прашања на конгресмени загрижени дека поради оддолжувањето на воениот напад веројатно длабоко во следната недела, армијата на Асад има време да ги испразни касарните кои може да бидат на удар, и да распореди дел од воените системи во цивилни цели. Според Демпси, оддолжувањето нема да влијае негативно врз воената акција.

Значителен дел од антивоените конгресмени се загрижени дека барањето на Обама, како што е формулирано сега, му дава премногу одврзани раце да ја прошири и продолжи воената операција во недоглед.

- Резолуцијата и начинот на кој е составена е многу општа и мора да биде конкретизирана во однос на обемот на нападите и нивното времетраење, побара демократскиот конгресмен Крис ван Холен, по телефонскиот разговор со Кери и високите претставници на Белата куќа.

Во вакви услови, безбедносниот и политичкиот тим на Обама се ангажирани за директно убедување на стотината сенатори и 435 членови на Претставничкиот дом, со директни телефонски повици и состаноци со тие кои се спротиставуваат на барањето. Времето за убедување на конгресмените е кратко, Обама утре заминува за Шведска, а потоа и за Русија каде треба да учествува на самитот Г20./МИА
Можеби сепак одлагањето на акцијата е само сценарио, кое ќе овозможи поширока акција, а можеби и повеќе сојузници. Милитантниот Мекејн од акцијата бара гаранции дека Асад ќе падне. Сепак би рекол дека иако ги изгуби изборите, сепак неговата политика ќе победи на крај. Иако се чини дека Обама изигра доста ризично кога побара подршка од конгресот, сепак мислам дека е тоа пресметан потез, кој ете ќе му даде одврзани раце да делува повеќе од најавеното, а одговорноста пред историјата да ја избегне легитимирајќи ја војната со гласање од конгресот. Останува да видиме како ќе го изигра финалниот дел, каде треба да ги убеди конгресмените да гласаат за војна.

Според мене, можни се уште некои сценарија во Сирија, поточно некој масакр, хемиски напад или слично. Такво сценарио би го осигурало гласањето во конгресот и би „оправдало“ најавеното проширување на операцијата.

Све на све нападот врз Сирија за жал станува све поизвесен.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.383
Поени од реакции
24.091
Мислам Америка ке нападни на Сирија не од нешто друго туку од инает и гордост за да покажи дека и се можи. Работата многу далеку замина за да сега се повлечи, ке испаднат ептен пешковци, а никој не сака да испадни пешко, посебно на глобално ниво. Ако сакаја Русија и Кина да нема интервенција требаше многу порано да ја средат работата а не сега. Замина возот. Само прашање на време е.
Сега ама воопшто не е битно кој бил во право, кој користел гас и какви бенефиции и привилегии ке донесе конфликтот и што ке стане со Сирија после тоа. Ако сака и Ал каеда нека ја превземи власта ама Америка ке го сруши Асад па што сака нека биди.
Можеби и грешам ама ке кажи времето и тоа за брзо.
Воена интервенција звучи многу подобро од губење на тронот како најголем светски фактор и прв полицаец.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Воена интервенција звучи многу подобро од губење на тронот како најголем светски фактор и прв полицаец.
Го губиме тронот.

Бидејќи Кинезите се развиваат и тоа успејаа преку преземање на Know-How да добијат цели фабрики и дизајни за производни линии како Јапонски така и Американски и има низа случаи, Кина сега Гради Флота, Има оружје способно да го среди GPS а наскоро и нема да свитка опаш како во 1995 кога се палеа ракети кон Тајван па пристигна Американски носачи од База во Јапонија и Кина свитка опаш-е сега развиваат Балистичка Ракета од Која нема спас за носачот а е Конвенционална(што на другата страна не и дава право употреба на неконвенционално оружје, но неконвенционални тактики ќе се користат како Британците кои учеле како да се однесуваат како Германски војници и така носејќи Британски САС затвореници правеле огромни штети но тоа е многу различно од Неконвенционално оружје), понатаму тука е Индија која заедно со Русија ќе Добијат и ќе бараат своја сфера на Влијание и Интерес(СУ-50 т.е ПАК-ФА е Индиско-Руски проект), исто така и Бразил е овде, секако Јапонија ќе Мора да се ослободи од базите на САД бидејќи таму има штаб на флотата, единствено Јапонија останува навидум неврзана но сепак развива и шеста генерација летала Митсубиши АТД и ја имаме Третата најмоќна морнарица(некои ја сметаат и за втора а други за четврта), но Настрана Америте и ќе се реди со Кина и уште подобро ќе ќарат..

Западот паѓа и ќе влијае врз Балканот, Кина веќе ја "зазема" Африка Индија и Русија го прават тоа со Јужна Америка и Сега западот настојува што е можно полесно да го пролонгира губењето на моќта и својата моќ на влијание т.е ЦЕЛ СВЕТ- е Сега ќе мораат и Британците, и Французите па и САД да се свестат дека нема сите да играат по нивно оро.
--- надополнето: 3 септември 2013 во 14:15 ---
Колку да се има прилична представа со каква одбрана располага Сирија​

Добар е Конор.

Има фајл и со Воените аеродроми како и со SAM Sites, инаку типот е поранешен IMINT аналитичар.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Како го објаснуваш фактот што мнозинството на Војската под контрола на Асад се сунити ?
Па сунитите во Сириja са мнозинство,како други да са мнозинство во армиjaта?!
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.354
Поени од реакции
7.116
интересно,ама како ќе ги натераш америчките војници да се борат на иста страна со Ал Каеда ?!

САД имаат најмодерно и најсофистицирано оружје спремно да уништи било која било друга армија,ќе се фрлат тони бомби и ракети да се уништи сириското(руско) ПВО,можеби не во еден бран арно ама располагаат да не речам со неограничени количини на бомби и ракети,така да мора еден ден ПВО да попушти ете нека биди во рок од еден месец(тука игра улога и моралот кој ќе го задржи сирискиот/руски/ирански војник)........сигурно и Иран индиректно,а можеби и директно ќе се замеша знаејќи дека ако падни Сирија следни на удар се тие самите !

околу моралот на американскиот војник и дали сака да војува на страната на Ал Каеда
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па сунитите во Сириja са мнозинство,како други да са мнозинство во армиjaта?!
Епа ако во Армијата се мнозинство Сунити и меѓу бунтовниците се мнозинство Сунити, тогаш како тогаш можеш да кажеш дека војната во Сирија е меѓу Сунити и Шиити ?
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.122
Поени од реакции
13.449
Ова е само загревање за тоа што ке се случува на Арктикот имено според United States Geological Survey Русија на Арктикот поседува залихи од 50 милијарди кубни метри гас и 90 милијарди барели на нафта плус злато,цинк и други метали.(тековни проценки)
Со топењето на мразот на артикот се отвораат поморски патишта и полесен пристап до наоѓалиштата а Америте веќе се во акција,имаат се почести воени вежби со Норвешка на северот а и од Белата Куќа е донесена програма оваа година со што нивниот интерес се врти и накај Арктикот. Русите па од друга страна најавија дека од 2013 година ќе имаат специјалена артичка бригада и работат на усовршување на Северната Флота и Морската Авијација која се наоѓа во тој крај. Единствената подморница од типот Бореи- Јури Долгорукии им се наоѓа во северот имено планирани се уште 4 од тој тип од кои 2 веќе се во завршувачка фаза. Се работи за најсофтицирана подморница на модерното време и мислам дека е и најтивка од сите. А и Русија го поседува единствениот мразокршач кој работи на нуклеарен погон така да Арктикот доста е истражуван од Русиве. По се излеа поларнава мечка се разбудила од зимскиот сон...
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Сумирано со што располага Сирија:
-48 S-200 "Angara"
- 148 S-125 "Newa"/S-125M "Peczora"
- 320 SA-75 "Dwina"/S-75M4 "Wolga"
- 195 9K12 "Kwadrat"
- 20 9K37M1 "Buk-M1"
- 28 9K37M1-2 "Buk-M1-2"
- 60 9K33 "Osa-AKM"
- about 36 . 96K6 "Pancir-S1E"
- 30 9K35 "Striela-10"
- 20 9K31 "Striela-1"
- 100 9K34 "Striela-3"
- 4000 9K38 "Igla" "Strielec"

Она што рускиот Воронеж радар успеа да го детектира на импресивни 1700км оддалеченост е:
http://www.jpost.com/Defense/Israel-announces-successful-joint-missile-test-with-US-in-Med-325152
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Israel claims joint US missile launch in Mediterranean for 'target practice' !

Israel says it carried out a “joint” US missile launch in the Mediterranean, having earlier claimed ignorance. Russian radars detected two ballistic rockets fired in the region on Tuesday, sparking widespread speculation over who was behind the launch.

Ја тестираат Сирија и Русија, сега дознаа дека Русија ќе им дава информации на Сиријците.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
36 Pancir-S1E x 12 missiles= 432 hits(tomahawks) , 28 BUK-M!-2 x 4 missiles = 112 hits...

Не знам америве со колку томахавки располаагаат
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Епа ако во Армијата се мнозинство Сунити и меѓу бунтовниците се мнозинство Сунити, тогаш како тогаш можеш да кажеш дека војната во Сирија е меѓу Сунити и Шиити ?
Па како да не?!
Сириja е арена на таа борба,а не дека во неja се борат неjните шиити и сунити. Дали разбираш разликата?
Шиитите от една страна во светски рамки навиват за Асад и дават оружие, сунитите дават пари и оружие за бунтовниците. Сириja е само арена на светскиот конфликт мегу сунити и шиити. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom