Again, fair enough.
Доста реално размилување, тоа е исто што и јас кажав на почетокот. Разбирам што некои луѓе имаат низок праг на толеранција (дали кон деца, кон возрасни или што и да е) и подржувам идеја да ете тие луѓе си се дружат на посебно место. Ете како што наведе и ти, пример од 10 ресторани, 3 нека се со забранет пристап за деца. Тоа и јас го кажав на почетокот, supply & demand. Кога ќе има доволно demand, ќе има доволно и supply. Колку е тоа изводливо во Македонија тоа е друго прашање. Мое лично мислење е дека во скоро време многу тешко да видиме нешто такво.
Ете ако се создаде иницијатива може и посебни кабини во авион да се направат за мајките со деца да не ги вознемируваат другите патници.
Муабетов ми е за ресторани, за кафани и кафиќи со гласна музика, и посебно навечер, сметам дека децата нема што да бараат таму.
Да Шкорпион, компетентен сум. Ако можеш да направиш некаква паралела со моите претходни мислења и темава тогаш изволте најди нешто juicy.
За државата ми е јасно, за бизнис моделите на бизнисмените исто така ми е јасно (немаат). Сите работат у принцип: Ќе отворам нешто па ако тргне нека тргне, тоа е судбина?!?!
Според мене, дискриминирачки е да се ,,одделат мајките со децата,,

Некако, не се лепрозни ебаго.
Повеќе сакам да се одделиме ние бездетните, односно, си бираме, него да ги одделуваме нив.
Пример - деца има секаде во авионот, освен ако оние кои сакаат да летаат во место без деца, си плаќаат специјална карта за специјална класа.
Освен тоа, колку еден родител е совесен и го изложува детето на негативни фактори (како што се алкохол и гласна музика, цигари итн..) е негово.
Не мора навечер, може и преку ден да се руча, а да не биде дел од менито детска праскичка
Колку е изводливо, не знам затоа што не сум правела истражување, ако има некој со таква идеја, јас ќе му бидам муштерија
--- надополнето: 4 септември 2013 во 00:44 ---
Тоа е проблемот. Суштнскиот. Родителот не ја гледа грешкат акај себе, туку кај детето, и детето пак ќе јаде ќотек затоа што на родителот не му функционира мозокот на оптимално ниво. Ќотек, затоа што "ја срамат" во јавност мајка им. А неа не и е срам нели?
Жалосно е што и самите родители топката ја префрлаат на детето.
А јас уште во воведот, без околување, прстот го насочив кон нив - ти како родител си крив, детето и јас сме жртви на твојата себичност.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 00:48 ---
Абе што е многу, многу е 50 страни за хипотетички проблеми и утописки размислувања, а се зборува во подфорум за дом и семејство.
Ретроспективно од закон за забрна за деца во ресторани и кафиќи, преку мерки од страна на угостителите за таа работа, дојдовме до поделба 7:3 каде смее, а каде не смее да одат деца.
Смешно, да не речам трагично и лудо.
1. - Која е таа будала што ќе однесе дете на такво место после 22 часот?
2. - Кој е тој јунак што ќе ја дефинира границата за нетолеранција?
3. - Која е таа мајка што во полн ресторан ќе менува пелени на своето дете на сред маса?
И еден куп други прашања кои се наметнуваат на оваа тема.
Зарем тоа што на отворените тераси на кеј, каде е
дозволено пушење, и на мирните деца им оди димот во лице од соседната маса, каде некои лигли и лигуши, само ја држат цигарата во рака, не е за реакција од страна на родителите?
Па мене ми се случувало неколку пати да барам да ги тргнат цигарите, и ако не помага, го викам келнерот и барам да ми ја премести масата подалеку од шмизлите, кои во позадина коментираат види го ненормален, за да им се возврати повторно со некој коментар. Пази молим те им се ремети нивното уживање во цигарата

Се наоѓате ли вие во тие улоги? Треба ли да се почне да се бара да има локали каде ќе нема воопшто пушачи или веднаш ваквите под итно да се отстранат и казнат оти не ја тргаат цигарата на време?
Не ми чини, се преместувам или си одам од тој локал. Крај на муабетот. Сторете го и вие истото.
Да се помислува за воведување забрани по локали за деца е нон сенс. Звучи најблаго кажано непријатно.
Или како што вели Пумата, со што она и останатите поддржувачи на оваа ступидна идеја, го задолжиле општеството повеќе од детето кое плачело и неговите родители? Со ништо, ама баш со ништо повеќе.
Решението е едноставно не ти се свиѓа, замини си или воопшто не влегувај. ВО кафиќ со гласна музика не влегувам со моето дете. Не им барам да ја намалат музиката нели? Ступидно би било.
1. Токму така - ДОЗВОЛЕНО е пушење. Ако не сакаш пушачи, отвори тема во која сакаш кафич стрикно за непушачи (како оваа мојава), оди во парк, итн.
Јас не можам да се одбранам од деца токму затоа што нема место кое не дозволува деца, значи имам проблем и дискутирам за мојот проблем, ако ти имаш, што те спречува да зборуваш или правиш нешто во врска со него?
2. Не. Ако ти пречи цигарата ќе ја ставам во друга рака, ќе дувам на друга страна и ќе гледам да не те малтретирам, иако го имам правото сосема слободно да пушам.
Да ја изгасам цигарата - нема.
И да, ако имате потреба од тоа (непушачите) - треба да барате решение за проблемот, кој очигледно е отворање на сосема непушачки локали.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 00:53 ---
Ок Шкорпион, if you say so
Ај еве пак ќе се повторам, бидејќи никој друг освен Пумата не даде пример како очекуваат “Кодексот на однесување на децата и нивните родители“

, да се воспостави?
Пумата даде сооднос 7:3 ресторани. Колкав е соодносот за плажи?
Кој ќе ги воспостави овие норми? Кој ќе воспостави норма на толеранција за недолично однесување на едно дете?
Како планирате да се изведе сето ова?
П.С Немојте да ми одговарате со: Еднаквост или слични срања.
П.П.С Немојте ова да го споредувате со законот за пушење на јавно место. Срамота е. Јас сум за законот иако и јас сум пушач. И мене понекогаш ми сметаат цигарите кога јадам или пијам.
Ова што неколку луѓе тука го предлагаат е подобро да се спореди со забраните за црнци за користење на авотбуси во Америка, забраните за Евреите итн.
1. Концесионерот/сопственикот.
- јас мислам дека бев јасна што според мене е ненормално. Нормално е детето да разговара, да си игра на соодветниот простор за него (не кај мене под маса), не е нормално ДА ПРАВИ ШТЕТА на останатите, и не е нормално родителот да прави штета, исто така.
Прави што сакаш, се додека не го загрозуваш правото на другиот да прави што сака. Просто е, ептен.
И зборот еднаквост е сосема океј. Јас и ти сме еднакви, ако јас или оние за кои јас сум одговорна го кршат одредениот кодекс, марш надвор комплетно. Исто важи и за тебе.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 00:56 ---
Шкорпион дај просветли не што тоа не разбираме.
Дека на Пума секој ден и истураат невоспитани деца кафе на нејзините блузи?
Или можеби што Ванлок секој дена гледа како му мењаат пелени на сред маса?
Или пак Лејди Кју која мења забари затоа што имало деца таму кои ги пипкале инструментите?
Vanlok кутар ти, какви дефетизми и какви демагогии зборуваш бе еј?
На почетокот мислев дека е заебанција темава, ама кога гледам дека вие сте сериозни со вашите размисли, се чувствувам фрапирано какви млади генерации има во државава.
Трагично.
Може да скокате до утре сабајле, да мислите дека се знаете и дека сте го осознале животот седејќи зад компјутер и користејќи гугл, ама тоа нема да ви ги реши вашите проблеми, со кои ќе ве ошамари реалноста.
Во случајов и после денешниов коментар, пак ќе се најде дете кое ќе ви трча низ ресторанот во кој вие јадете и пиете кафе, и ќе ви ја ремети вашата замислена идила.
И треба да си преќутиме, свиткаме кичма и дадеме орден на тој што му се дупнал кондомот?
Абе види, ти можеш и до задутре да збориш, ама утре пак ќе видиш кучешки измет во школски двор, и како во сред кафана куче јаде од човечки тањир.
Ќе се помириш дека е тоа нормално и во ред?
--- надополнето: 4 септември 2013 во 00:58 ---
Ах Шкорпи, пак не разбираш... или можеби така и ви одговара?
Човече зборуваме да се воведе забрана за влез на “недисциплинирани“ деца во ресторани, продавници

vozbud

, плажи итн. Зошто? Зошто некој како вас ќе немал раат? За да ја најдеш паралелата со црнци, белци и децата во мојот муабет, кажи ми што била причината што на црнците не им било дозволено да се возат во автобуси во коишто се возеле белците во Америка?
Друго. Ти предлагаш да се стават предупредувања и да има последици за нарушување на кодексот, у стил напуштање на локалот, така? Додека Пумата и Ванлок предложиле
регулативи и казни?
Така ќе се реши проблемот со “невоспитани“ деца?
За плажите може исто правило да важи како и за рестораните. Ако е приватен концесионер, нека стави табла +18 и решен проблем.
И како бе тоа во овој единствен случај исклучоците го потврдувале правилото? Како тоа го решивте толку експресно? Еве нели според вас имало огрооооомен број на “невоспитани“ и “некултурни“ деца, како тоа до сега не се најде ниту еден човек да вложи во таков некој ресторан кајшто ќе опне табла +18?
П.С За обуката се сложувам, не само поради темава.
Оф леле....
За пушењето, муабетот беше надоврзување на некој член претходно што напиша.
За последиците од пасивно пушење може да се докаже преку емпириски докази. Немањето раат, недоволното уживање предизвикани од “некултурни“ деца - не може да се докаже! Тоа е субјективно. Затоа и ми беше муабетот у П.С и затоа напоменав да не се користи примерот за пушачи. Ама ти мораше за тоа да се фатиш, така?
Да не забегуваме, едно е некој да ми биде на очи одвратен, сосема друго е тој некој да дојде и да воспостави директен контакт со мене

Едно е пријателе на очи да не ми прават ќеиф деца (што е вистина), сосема друго е да ги има околу мене и да ме малтретираат психофизички.
Самиот поглед врз нешто што не ни се допаѓа не е доволен аргумент за нештото да се отстрани.
Јас мислам дека убаво потенцирав, немам никакви закони и казни предложено, и тоа токму тебе те цитирав и со црвено напишав, под претпоставка дека и ти ќе го извртиш муабетот.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 01:03 ---
Се работи за исклучоци, од проста причина што како не-родители не одите често на места каде има деца постојано и во голем број, па да видите како се однесува мнозинството (и деца и родители). Напротив, изложени сте само на инциденти на места каде повеќето нормални родители ќе си станат со првиот знак на невоља, а ќе останат само оние незаинтересирани родители, кои и понатаму ќе ве малтретираат.
Затоа и имате таква замисла дека сите деца се гремлини.
Хахаха, смешки. Да бе да, имале вода за играње. После ќе биде и кога влегуваат во вода многу прскаат, шлапкаат и галамат. Нека си го стават газот на место, на што личи тоа? А кога ќе излегува од вода, не смее да трча, бидејќи може случајно да ми згазне на апостолките. Работава нит се води, нит се тера.
И навистина, колку и да имам разбирање за тоа што го зборувате и да се согласам со повеќето работи, сепак, тоа не го брише чувството што го проектирате,
колку вие во суштина имате нетрпение кон децата.
--- надополнето: 3 септември 2013 во 13:11 ---
Простете, ама ми изгледате како пластелин.
Штом ве притиснат на една страна, одма излагате од друга, моделирани со сосем нова идеја и цел.
Ниту имаме таква замисла, ниту пак некој рече нешто против родителите кои при такво однесување го решаваат проблемот со заминување од местото.
Токму тие инцидентните, сакаме да се отстранат. Просто е, не знам зошто ви е толку тешко за разбирање.
Точно, и не го кријам тоа, немам трпение кон деца, не сакам ниту да ги играм, ниту да ги гушкам, ниту да зборувам со нив. Тоа е мое право на избор и јас така избирам.
Можеш да ми судиш само во случај да сум ги родила па да не ги трпам, но јас свесно ги немам се до оној момент кога би сметала дека имам доволно волја и нерви за истите.
И токму бидејќи сум нетолерантна, се обидувам да бидам на дистанца од деца.
За сечие добро. Ни јас лута, нит родителите карани
Јас стојам на сосема истиот став од воведниот пост, и исто така не сум согласна со името на темата.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 01:09 ---
Темава:
- навреди го соговорникот на што е можно посуптилен начин,
- користи посложени конструкции на речениците за да не ја разберат дебилноста на твојата изјава,
- употребувај го зборот “еднаквост“ како мантра со надеж дека некои полабилни личности ќе подпаднат под влијание на твоето мислење,
- let the инат guide you, no matter how dumb you look,
- наведи 2-3 примери во насока на твоето размислување и труби им на другите дека тие примери како исклучок го потврдувале правилото! (ова е peak на темава),
- кога ставот на соговорникот не е ист како твојот, користи ги следниве зборови: трол, глуп, дрво, неписмен, пичка ли ти материна...
- ако се најдеш во тесно, смени го насловот на темата и поентата на темата,
Што може да се забележи и меѓу првите коментари на темава, каде што се напаѓа мојата личност, што ни ти не пропушти да го направиш.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 01:10 ---
Интересно како тие што попуваат како треба да се воспитуват деца, постовите им се прелиени со агресивност и ароганција. Баш сакам да присуствувам кога ќе излезат со нивните деца на сладолед како ќе им се понашаат.
п.с.Тоа со децата не важи за Шкорпион.
Зш мор Наташке?
Може ја ќе му родам една дузина.
Кој ќе ме спречи?