Дали според тебе е логично да замини на дедлајн деј во Арсенал, тим со зеро титули (знам сите читаат од Арсенал тука, јебига, тоа е) 3 месеци после пристигнувањето на конкуренцијата Иско, и 2 часа после заминувањето на конкуренцијата (каква-таква) Кака? Значи ако било поради тоа, ќе си побараше трансфер фино лепо и сигурен сум дека ќе заминеше во поафирмиран тим, Јунајтед рецимо off the top of my head. Нешто се има случено последните 2-3 дена, сигурно некој разговор со Карло кој на Озил не му се допаднал. Или пак ова беше планирано од почеток на летово, само сега ни прават филмови.
Па не е логично, тоа е работава, да беше логична немаше да пишуваме на големо за тоа.
Не побара трансфер кога дојде Иско зошто не очекуваше Иско да се наметне пред него. Очекуваше Иско да му биде замена, а не обратно. Кака заеби го, секако не го сметал за конкуренција.
Финтата е Бејл. Дојде Бејл, и на Озил му се ускратува можноста за играње И како крило, како што играше на утакмициве. Ако Ди Марија го сметал за слаба конкуренција, однак Бејл не. И очигледно не сака да прифати да биде играч кој сака да се наметне, туку да има обезбедно место во екипата. Малу морген тогаш...
Секако, од друга страна, Бејл „мора“ да игра, пошто е втор најскап трансфер во светот и мора да игра во прв тим заедно со најскапиот на спротивната страна. Тоа е тоа што се случи во последните 2-3 дена. Можеби имало разговор каде што Карло му укажал дека нема да биде прва опција, но сепак, мислам дека доколку добро се покажеше и се вратеше во најдобрата форма, Карло и да сака овојпат Перез (ко со Пелегрини) ќе мора да го игра или да го ротира во најмала рака.
Не знам зошто би му пречела постојана ротација со Иско, кога истото го правеше со Кака, баш сезоната пред ЕП!
На крај, факт е дека Карло е мек, и го нема тоа што го имаше Мурињо при слободата на кроење на тимот. Кај Мурињо тешко да се десеше ваков развој на настаните.
Ќе чекаме и прес на Анчелоти, да видиме што тој ќе каже...