Какво беше вашето пораѓање?

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
јануар 2009

и сите жени со крвна група А- не заборавајте на инекцијата што треба да ја примите ако детето не ви е таа крвна група.
 
Двојна одговорност? Те молам Бисера. Лежам на операција од крајници во три по полноќ слушам се тресе петти спрат и ми ја отвараат вратата: Тука ли влезе? Викам кој да влезе? - Стаорецот! Опремени сестрите до заби со метли го бркаат во дел каде не смее мува да прелета.

Сигурно оти пациентите јадат храна од дома, бидејќи храната од болницата е на навистина завидно ниво може и да се замисли како е подговтвена. Особено бисквит од резервите од Втора светска војна и планински чај во шол кој очигледно не е измиен од претходна употреба.

Туку да не ја влечам темава, тука ја завршувам дискусијата за условите во кои се раѓаат бебињата. Значи со еден збор - тоа не се ни услови, државно здравство е руина и гадотија.

Се сложувам со последното. Но!
Секогаш постои двојна одговорност, исто како и паричката. :)
Она што е јавно е на сите нас и треба да се грижиме да го сочуваме најдобро што можеме, за тие после нас.
Исто како што во нас (народот) лежи одговорноста што сме аљкави, неодговорни без`рбетници, легачи по линија на помал отпор, страшливци, неписмени итн. итн., па што дозволуваме ваквите состојби државната власт да ги провлекува повеќе од две декади.
Како што кажав, секогаш постои двојна одговорност, кога нештото не зависи само, исклучиво, и единствено од поединецот.

А и во право си, нема крај оваа тема. :)
--- надополнето: 1 септември 2013 во 22:13 ---
јануар 2009

и сите жени со крвна група А- не заборавајте на инекцијата што треба да ја примите ако детето не ви е таа крвна група.

И за сите трудници, обавезно тест за GBS - група Б стрептокока.
Повеќето ниту знаат, ниту го прават овој тест.
Во случај на нормално породување може да предизвика сериозна инфекција кај бебето.
 
јануар 2009

и сите жени со крвна група А- не заборавајте на инекцијата што треба да ја примите ако детето не ви е таа крвна група.

Зошто?
Успат да прашам, нели исто така требаше да се прими инекција ако родителите, или некој од родителите е со некаква крвна група, па тоа да може да му наштетии некако на детето? (Не знам како да го поставам прашањето, затоа што не сум сигурна ни што треба да прашам :LOL: )

Јас писнав да се карам тука со мојов за тие инекции, цел е параноичен во врска со ова(сега ми стои на глава и инсистира да пишам дека тоа поради добри причини :icon_lol:) .
--- надополнето: 1 септември 2013 во 22:54 ---
И за сите трудници, обавезно тест за GBS - група Б стрептокока.
Повеќето ниту знаат, ниту го прават овој тест.
Во случај на нормално породување може да предизвика сериозна инфекција кај бебето.

Што е пак ова?
 
Зошто?
Успат да прашам, нели исто така требаше да се прими инекција ако родителите, или некој од родителите е со некаква крвна група, па тоа да може да му наштетии некако на детето? (Не знам како да го поставам прашањето, затоа што не сум сигурна ни што треба да прашам :LOL: )

Јас писнав да се карам тука со мојов за тие инекции, цел е параноичен во врска со ова(сега ми стои на глава и инсистира да пишам дека тоа поради добри причини :icon_lol:) .
--- надополнето: 1 септември 2013 во 22:54 ---

Што е пак ова?

За првото.
Ако е мајката со RH негативен фактор, а бебето (што е уште во стомак) е со RH позитивен фактор, организмот на мајката го препознава плодот како страно тело и го напаѓа. Тоа е во кратки црти. Се решава со инекции, ако не се лажам, на почетокот од бременоста, ама не сум сигурна.

За второто.
Бактерија која ја има во ректумот (неретко и во вагината), а која кај новороденчето (кое практично има слаб имунитет) може да предизвика воспаление на мозокот, ментална ретардација, слепило или губење на слухот. Воопшто не е заебанција и жално е што најчесто трудниците не се ниту информирани за истата. Се решава со давање на јак антибиотик пред самото породување.
 
Кога се прима оваа инекција? Кога се вршат испитувања?
 
Кога се прима оваа инекција? Кога се вршат испитувања?

За негативен RH фактор мислам дека едната беше на почеток од бременоста, а другата на крај.
Ама не ме земај за збор, бидејќи јас сум RH позитивна и не се интересирав нешто особено околу тоа.
Ова што останало малку уште од основно, кога учевме биологија.

За GBS, тестот се прави во 36 недела, односно кога се влегува во 9-ти месец.
Ако е позитивен, се прима јака и ударна доза антибиотик кога ќе почнат породилните болки.

Доколку ги има, неколку работи задолжително се кажуваат на докторот пред самото пораѓање.
RH негативен фактор, GBS, преекламсија (висок крвен притисок) и разводнување на крвта (не ми текнува на стручниот термин).
Мош имаше и нешто друго, а не можам сега да се сетам.
 
Не се работи за А-, туку во случај кога мајката е Rh - (било која група) (едит: ) а детето Rh+.
Да објаснувам детално?

Инјекциите се викаат RhoGam, треба да се примат најдоцна 72 часа после породувањето, за заштита на следната рожба од имунитетот на мајката (во случај И следното дете да е Rh +).
 
Значи ако вие сте Рх негатив а партнерот е Рх позитив, детето 100% ќе биде Рх позитив и мора да се прими таа инјекција. Ако двата партнера се исти фактор тогаш ок е.
 
Значи ако вие сте Рх негатив а партнерот е Рх позитив, детето 100% ќе биде Рх позитив и мора да се прими таа инјекција. Ако двата партнера се исти фактор тогаш ок е.

Не е потполно точно. Детето може да наследи било чиј Rh фактор. Само ако двајцата родители се Rh -, нема друга опција за детето освен да е Rh -, во секој друг случај, сите опции се можни.

Вистина е дека ваквите инјекции се даваат на Rh- мајки.
Доколку бебето е Rh+, при породувањето, (условно речено) антигените од крвта на бебето ќе предизвикаат создавање на специфични антитела кај мајката (во текот на бременоста не дошло до ова заради плацентата, како бариера).
Доколку при евентуалната втора бременост, детето е повторно Rh+, антителата од мајката ќе можат да ја преминат плацентата, да навлезат во крвотокот на плодот, да му ги „нападнат“ еритроцитите (erythroblastosis foetalis), да предизвикаат нивна распаѓање (хемолиза), осободување на хемоглобин во слободен крвоток, негово преработување во билирубин и складирање, најчесто во нервните ткива, состојба позната како керниктерус. Овие бебиња немаат добра прогноза за преживување.

Иако звучи страшно, веројатно било страшно „во стари времиња“, во голема мера, затоа во минатото имало и огромна стапка на мртвородени деца.
Денес, знаејќи го ова, се дава споменатата инјекција, која содржи антитела против антителата кои се создале во мајкиниот крвоток, тие се неутрализираат и при следната бременост, дури и да е Rh+, бебето е безбедно.
Секако, важно е инјекцијата да се даде во еден одреден интервал после породувањето.
 
Колку е добро кога вака некој ќе ти даде стручно објаснување за нештата. (y)

Продужи даље, нас идните мајки не интересираат ваквите работи поврзани со бременоста.

Мене ова ме интересира. Дали после еден царски рез, жената може понатаму пак да раѓа на природен пат? Или пак мора царски? И колку пати би можела да има царски рез?
 
Далеку сум од стручњак, ама чат-пат налетувам на интересни студии, па ќе споделам мое гледање на работите.

Што се однесува до нормално породување после царски рез - не постои едногласие по ова прашање.

Порано се мислело дека ако првото породување е со царски, мора и сите наредни да се така. Ама порано резот се правел вертикално, а нормално на мускулите на матката (така се губи повеќе крв).
Опасноста да се раѓа по нормален пат, после таков царски рез е огромна заради расслабениот мускулен ѕид на матката и опасноста од негово пукање во тек на контракциите при раѓање (ова е опасно по животот и на мајката и на детето).

Денес засекот е хоризонтален, нормално на мускулите на стомакот, но во правец на мускулните влакна на матката, а притоа и на матката се прави помал засек, се губи помалку крв и интегритетот на ѕидот на матката е далеку позачуван, па пукање на ѕидот на матката при следно породување по нормален пат е многу помалку веројатно од порано.

Некои сметаат дека царски рез треба да е стандардна процедура, други дека треба да се применува само под одредени услови, во случај на смртна опасност за детето или мајката.
На почетокот на 2000тите имав впечаток дека се одвиваат илјадници студии по ова прашање (може затоашто поажурно сум следел).
На пример, студии за зависност од правилниот развој на имунолошкиот одговор кај детето, во зависност од начинот на раѓање, па до крајности како зависност на интелигенцијата од начинот на раѓање.

Мое мислење - не смее да се (зло)употребува царски рез, освен во навистина потребни случаи.
Машко сум и нема да биде мој избор, но секогаш ќе навивам кај мајката на моите деца да оди на природно раѓање.

Плус, ако мрчи дека треба да раѓа таа, а не јас, имам аргумент плус: досега сум исфрлил три дијаманти од бубрег, болката е..... издржлива :)
 
blue ladybug

Сопругата на докторот што ме водеше и ме пораѓаше, беше породена царски со првото и природно со второто. Се сеќавам на неговите зборови: направив се` и ми беше исклучително важно, второто пораѓање да биде спонтано и да се избегне царски. Не го прашав зошто, сепак е лична работа, ова само онака го нафрли уз муабет.

Еве и Наташа била со второто царски, а третото најнормално си го родила. Како што кажа n/a, очигледно нема усогласено мислење за ова прашање. Лично, секогаш давам предност на природно породување.
 
safety-tips-for-the-labor-day-holiday-houston-summer-boat-show.jpg

и за тука одговара нели? :icon_lol:

Ве исчитав сите и фала ви што споделивте свои искуства со нас неискусните. Сите ние што активно ја пратиме темата, се надевам кога ќе дојде нашиот ред ќе си поминеме супер, без многу болки. Ајде не сме ни први ни последни кои поминале низ ова, ќе стиснеме заби тие неколку часа зашто се‘ тоа се заборава кога ќе си ги држиме бебињата во раце. :)
 
Ајде сега со показалчето (избери сама лево ил` десно) земи и точно покажи каде тоа го кажав.
А потоа прочитај уште еднаш што е точно напишано.
Еве, ако треба и уште еднаш ќе го напишам.

Да бидеме на чисто и да ги кажеме работите со нивното право име.
Царски = операција на стомак.
Односно, операција на отворен стомак.
И тоа е факт.

Царски = операција на стомак која се користи за раѓање на бебето. Зошто си толку против царски? Не е поризична од природното породување. Ако жената мисли дека раѓањето со царски е полесно, зошто да не се охрабри да се пораѓа со царски?
--- надополнето: 2 септември 2013 во 21:13 ---
Ауф што е сега со муабетиве за инекцииве??
Ај вака, јас имам крвна група 0-. Во 28ма недела од бременоста (мислам) примав инекција, која не е обавезителна. Знам жени кои не ја имаат примено а имаат иста крвна група ко мојава.
Е сега наводно инекцијата која се прима 72 часа после породувањето, таа мора да се прими.
Ќе ме просветли некој околу ова?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom