Другарска љубов меѓу машко и женско... има или слабо?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
имам повеќе згодни другарки и фала богу не сум скопен (кастриран), па би имал секс со нив ако и тие го мислат истото. (не понекогаш туку секогаш ми се вртат тие мисли ) Но сепак тоа не ме спречува повторно да сум добар другар со нив и покрај тоа што отворено и искрено им кажувам дека ми се допаѓаат (што е нормално, па дури би било навреда за нив да е обратно)
 
Има, има.. имам многу другари, и мислев дека со сите си имам братско-сестрински однос... ама нееее.. една совршено убава ноќ, после совршено убав помин на.. еден концерт.., ќе отидеш на журка на плажа, среќна но и исфрустрирана поради друг човек... ќе се најдеш со веселото и потпијането друштво...почнуваат да ја свират Ар ју гана гоу мај уеј, ти доаѓа другарчето со тие зборови и му викаш: ноу :) заедно си се смеете ко и увек, не слутејќи ништо.. после бендот ќе почне да ја свири Срце од ЕКВ, па Малена, па Фрида... просто не ти се верува што си толку среќна што си покрај езеро, со таква музика и толку фини луѓе околу тебе... одеднаш коцката лед од сечената водка е у твојата уста.. другарчето ти ја бара и коцката лед е у неговата уста... се тоа на шала... па пак у твојата... си се зезате де, не е ништо..па у неговата.. чудни погледи од другите луѓе од друштвото.. само вие сте си чил, нема фрка, другари сте, не праите глупост, ќе престанете коа ќе снема лед, нели.. и више нема коцка лед.. ама не престанувате... до сабајлето.. и уште нема лед.. и нема ни другарство.. барем го нема опуштениот однос.. :/


се извинувам за доолгиот пост кој е во трето лице..
 
Прво и основно - мора да се надмине сексуалната тензија.

Најдобар начин за тоа е да се истроши - машкото со дуга девојка, женското со друг дечко.

Потоа ќе се гледаат и ќе се смеат, но секогаш ќе остане *она* чувство. Што и не е лошо, зашто и едниот и другата после тоа ќе им се вратат на своите соодветни партнери и ќе им се фрлат и веројатно ќе имаат многу добар секс, а партнерите ќе се чудат од каде им е толкавата енергија. Нема да се бунат, напротив, само ќе се чудат...

И потоа, ако таа сексуална тензија се намали (тука партнерите треба да имаат голема улога), останува само пријателскиот однос - нема љубомора (задоволени се потребите), нема завист (двајцата се подеднакво задоволени, т.е. она што им треба го имаат), па нема ни потреба да не се сакаат.



Во спротивно, машко-женското пријателство е осудено на пропаст. Или на секс. А ако нема љубов, туку само физичка потреба, тоа по дефиниција води во пропаст, зашто не додржува.

Може потоа тоа да се смета како искуство за понатаму, но тоа е веќе друга тема...
 
Може да има ама со грда девојка :pos: :pos: Така нема да имам прљави мисли и ќе ја сакам како сестра. :kesa:
 
Додека бев во средно имав две другарчиња-машки,со кој ама баш бев другарка,ми кажуваа се за нив за женски,за проблеми,за се,дури им местев девојчиња,пред да тргнат со некоја бараа мислење од мене и сл,исто и ја од нив барав мислење пред да направам било што!И постои другарство,само ако ни едниот ни другиот меѓу себе не чуствуваат ништо повеке од другатство,само така може да опстои тоа другарство!
 
Може да има ама со грда девојка :pos: :pos: Така нема да имам прљави мисли и ќе ја сакам како сестра. :kesa:
Значи јас сум грда, со оглед на тоа што имам повеќе машки пријатели... со кои немам спиено.

Фак. :uvo:
 
auuu ima i te kako drugarstvo pomegi masko i zensko..90% imam drugari nego drugarki ....sto gi postuem ...a neam nisto so niv ....i bas mi e top ..ne se umaram so treacarenje bla bla ..heheehe:back:
 
Има другарство секако .
Ама само со поинтелигентни женски , а не лекоумни шмизли бидејќи неможеш муабет да направиш за да ти бидат другарки. :)
 
Другарство(вистинско) помеѓу машко и женско.....:pos2:
никогаш немало и нема ни да има....каква глупост....
во 99% таква работа не постои....
ама нели има и тој 1%.....
обично кога се работи за ваков формат на другарство има задни намери од едната или другата страна....
задни се мисли на "некој некого сака да го ...... "
девојките што се фалат дека имаат многу "другари" , истите тие обично мислат само на една работа.....
важи и обратното....:helou:
 
Зависи кој какви намери има, обично ако не им се совпадна мислењата (знаете сите на што мислам) тогаш тој кој мислел на тоа обично се оддалечува од таа личност, а ако успее, е тоа е веќе друго прашање.

хахаха џабе губеле време на другарство, требало од порано да почнале.
 
Постои се додека не си речи некој ден : A да ја смувам?

...:toe:
 
ima sum videl, ama ja lichno nikad i nema toa da znam, toa kako e
 
другарки кај машките нема а другари кај женските има по некој:vozbud:
 
Јас имам само една другарка, што освен другарска љубов нема ништо. Ми помагала кога ми било најтешко, и ме вадела од секакви ситуации. Она си има дечко и да вам совети што може да ја снајде и обратно. А така си имам многу другарки што одвреме навреме ќе ми летне некој "лоша" мисла.


Според мене постои таква ЉУБОВ (другарска)
 
Да, кај мене постои такво другарство. Јас имам таков другар со кој сме израснати заедно. Значи го познавам од најмали нозе. Никогаш низ главава ен м исе преметнала задна намера или некоја скоро перверзна мисла кон него. Едноставно- братска љубов. Тој ми кажува мене за неговите случувања во областа на љубовта, јас него. Разменуваме совети, кои се најпотребни (совети од спротивниот пол).

имам повеќе згодни другарки и фала богу не сум скопен (кастриран), па би имал секс со нив ако и тие го мислат истото. (не понекогаш туку секогаш ми се вртат тие мисли ) Но сепак тоа не ме спречува повторно да сум добар другар со нив и покрај тоа што отворено и искрено им кажувам дека ми се допаѓаат (што е нормално, па дури би било навреда за нив да е обратно)

Ете така. Затоа е тешко да поверуваш во таквото другарство, дека колку и да си сигурен во себе и своите чувства, никогаш нема да си сигурен што се случува со другата страна. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom