Прво и основно - мора да се надмине сексуалната тензија.
Најдобар начин за тоа е да се истроши - машкото со дуга девојка, женското со друг дечко.
Потоа ќе се гледаат и ќе се смеат, но секогаш ќе остане *она* чувство. Што и не е лошо, зашто и едниот и другата после тоа ќе им се вратат на своите соодветни партнери и ќе им се фрлат и веројатно ќе имаат многу добар секс, а партнерите ќе се чудат од каде им е толкавата енергија. Нема да се бунат, напротив, само ќе се чудат...
И потоа, ако таа сексуална тензија се намали (тука партнерите треба да имаат голема улога), останува само пријателскиот однос - нема љубомора (задоволени се потребите), нема завист (двајцата се подеднакво задоволени, т.е. она што им треба го имаат), па нема ни потреба да не се сакаат.
Во спротивно, машко-женското пријателство е осудено на пропаст. Или на секс. А ако нема љубов, туку само физичка потреба, тоа по дефиниција води во пропаст, зашто не додржува.
Може потоа тоа да се смета како искуство за понатаму, но тоа е веќе друга тема...