Штипска пастрмајлијада 2013 [10 - 13 октомври]

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Штипјани ги почнаа подготовките за овогодинешното издание на манифестацијата „Пастрмалидијада 2013“.
Од општината велат дека новина оваа година е датумот на оддржување и локацијата.

Имено, „Штипската пастрмалијада 2013“ годинава ќе биде четиридневна манифестација и ќе се оддржи на 10, 11,12 и 13 октомври. Манифестацијата на 11 и 12 октомври ќе се совпадне и со оддржувањето на „Макфест 2013“. До сега заеднички двете манифестации се оддржаа во ноември 2009 година, по што „Пастрмалијадата“ како датум на оддржување во текот на следните три години (2010/2011/2012) се оддржуваше на крајот на септември, по празникот „Успение на Пресвета Богородица“.

Што се однесува до локацијата, минатата година, манифестацијата се оддржа на градскиот плоштад а претходните две години (2010 и 2011) на улицата „Ванчо Прке“. Оваа година, предлог е „Пастрмалијадата 2013“ да се оддржи на крак од улицата „Ванчо Прке“, поточно од новиот кружен тек па се до преминот под градскиот трговски центар. Тоа ќе биде новата улица на пастрмалиите. Причина за изборот на ова локација е поголемиот број на кафулиња и ресторани кои продаваат алкохолни, безалкохолни и прехранбени производи, и фреквенцијата на луѓе кои би имале можност да ја користат приликата за посета на манифестацијата и штандовите, на локалите како и на бутиците од трговскиот центар и долж самата улица.

Локацијата, велат од општината, се покажа како добра при неодамнешното отворање на едно штипско кафуле, кога паркинг просторот беше испразнет, беше поставена мала сцена за концерти а улицата беше со мноштво маси и столови.За поставување на поголема сцена се бираат неколку локации а најверојатно ќе биде поставена пред патниот премин, со што сите посетители кои ќе ја посетата манифестацијата, ќе можат и да уживаат во пастрмалиите и да го следат настапот на изведувачите.

Ова се почетни идеи и насоки, со што локалната самоуправа влегува во почетни активности на реализација на „Штипската пастрмалијада 2013“. Концептот може да претрпи одредени измени пред се во техничка смисла, додека датумите и локацијата се веќе дефинирани.


Moже да се организираме форумџии и да напраиме една собиранка у Штип уз винце и пастрмајлија, м? И тамн да видиме какви домаќини се форумџиите од Штип :pipi:
 
Обожавам пастрмајлија... и Штип секако не сум бил... па.. шо прајме, ојме дечки?

едит: скопјјаништа? ауууу ова е навреда киткашарена... ние другиве да гледаме слики само?
 
Обожавам пастрмајлија... и Штип секако не сум бил... па.. шо прајме, ојме дечки?

едит: скопјјаништа? ауууу ова е навреда киткашарена... ние другиве да гледаме слики само?
Сменив ај, да не се љутат и другите :D
 
Сменив ај, да не се љутат и другите :D


и мацон го замислувам сеа со апаратон негов, штракат по јадењето... и ќе ме фатит мене во некоја мрсна поза.. :D
ама ова е добар знак.. изгледа ќе се напрајме пастрмајлии таму :pos:
 
Топ таман кинезот ми доаѓа тогаш, ќе палиме тоа автобусот за натака. И јас и он првпат онака amateurски :DD
 
Пастрмајлијада ама без пастрма во питите.... Овоа е исто како вицон, видела жабата го потковуат коњот па ги кренала нозете.....
 
Четири дена :eek: , барем да знам да не си идам дома ќе ме убијат со гласната музика. :D
 
Ја сум таму на факултет , така да 100% идам. Само , помала цена за поголема пастрмајлија ? :D
 
Бидеќи се паѓа во викенд, не знам дали ќе останам, но ако бидни, +1.
 
Ако Велешани не се појават на ваква тема да смрчат нема да ја биде темата, се надевам опростено е, тоа едноставно неможе да се исконтролира :D
 
ние другиве да гледаме слики само?
Обавезно да сликате...
Не има такви кои поради годините не можеме да јадеме мрсни работи, но би сакале да видиме
 
Ако Велешани не се појават на ваква тема да смрчат нема да ја биде темата, се надевам опростено е, тоа едноставно неможе да се исконтролира :D

Регионалната нетрпеливост at it's best. Претставена во pastрмаylii.

иначе кул работа е pastрмayliјата, ама последен пат сум јадел пред дооолго време, и... не планирамд а одам дотаде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom