Какво беше вашето пораѓање?

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
Е од што се состои мениво, од злато?
Во Шведска плаќаш некои 10-20 евра во државна и тоа во цената ти се вклучени и анестезии и сѐ што е потребно. Во приватна не знам колку е. Многу се богати Македонците бе! :)
Јас тука ништо не платив, јадење, пиење, акупунктури, бањи, и ме чешлаа кога бев царски рез првиот ден, и тоа без пари :icon_lol:
Скапо бе мамата приФатно во МК :eek:
 
Јас тука ништо не платив, јадење, пиење, акупунктури, бањи, и ме чешлаа кога бев царски рез првиот ден, и тоа без пари :icon_lol:
Скапо бе мамата приФатно во МК :eek:

Каде си? Ова ти доаѓа како да си во бесплатен спа центар. :icon_lol: Барем нешто позитивно на целата таа мака...
 
Каде си? Ова ти доаѓа како да си во бесплатен спа центар. :icon_lol: Барем нешто позитивно на целата таа мака...

Германија :D Со мерак да раѓаш :icon_lol:
--- надополнето: 1 септември 2013 во 20:26 ---
Не се богати, гладни се.
За прчење, реноме и репутација.
Keeping up with the Joneses, сигурно ја имаш слушнато. :)

Исто како што ќе јадат леб и сол, ама ќе пијат секој ден кафе на кеј.
Туку, ај подобро да не ги отвараме муабетиве, да не ми се с`снат, а недела вечер ми се кулира. :)
А да прашам, има некој белег на чело ако таму се породи? Или бебето и е за нијанса полично од нашите?
Свашта.
 
Веројатно повеќе те чуваат и плус полесен пристап до епидурална. :icon_lol:

Јас мислам разликата е во бубашвабите, на приватно не ги гледаш.
 
Донекаде мoжам да разберам користење на епидурална, за да се олесни стресот и болките. Но, во случај на нормална бременост и можност за спонтано породување, некоја свесно да се одлучи за царски, за мене е вон умот.

Зошто? Заради тоа што царски не е природно? Или да не е поголем ризикот со царски?
Причината "царски не треба бидејќи не е природно", за мене е вон умот.
 
За болките:

Иако болката е прилично субјективна и (психолошки) немерлива (иако физиолошки и може донекаде да се измери), т.е. секој различно поднесува болка, некаде прочитав градација на „големината“ на болките (цитирам по сеќавање).
Прво место - прострелна рана или убодна рана.
Второ - породилна болка.
Трето место делат грчеви при камен во бубрег и жолчка, а на третоипол се увоболка и забоболка, мигрена итн..
Сите останати болки, наводно, биле ситна боранија во однос на овие.
 
Зошто? Заради тоа што царски не е природно? Или да не е поголем ризикот со царски?
Причината "царски не треба бидејќи не е природно", за мене е вон умот.

Ајде сега со показалчето (избери сама лево ил` десно) земи и точно покажи каде тоа го кажав.
А потоа прочитај уште еднаш што е точно напишано.
Еве, ако треба и уште еднаш ќе го напишам.

Да бидеме на чисто и да ги кажеме работите со нивното право име.
Царски = операција на стомак.
Односно, операција на отворен стомак.
И тоа е факт.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 21:34 ---
Јас мислам разликата е во бубашвабите, на приватно не ги гледаш.

Абе види, ако сме реални, а треба да бидеме, вината за тоа донекаде лежи и во самите пациенти. Не можеш да очекуваш да нема бубашваби кога тој сељакот и` донел на госпојцава хамбургер со сите нишани, кој од што е премногу голем, таа си го ставила половината под кревет, да и` се најде за приквечер. Мани друго што труе и смрди околина, тоа привлекува бубашваби. Исто како што привлекува и грозјето што кавадарчанецот и` го донел на не`естата, за да има да си кусне и освежи од новата реколта. Бубашваби одат на храна и тоа на храна што се чува под кревет или во фиока и е отворена. Болничката храна си доаѓа прописно во пластични чинивчиња кои потоа се прибираат, заедно со сите остатоци. И не може да се очекува да нема бубашваби, кога самите пациени се исто толку виновни за нивното привлекување.

И не го признавам муабетот, па нека чистат малку поубаво, од проста причина што чистење со хемикалии во просторија каде има новороденчиња, треба да се сведе на минимум, особено кога станува збор за дератизација и дезинсекција. Односно, сите трудници треба што повеќе да се грижат да биде чисто за сите заедно.
 
Ете добро објаснување зошто во државна болница има бубашваби :D Оти пациентите се хранеле и не биле примерни пациенти 10 душа во соба од 15 квадрати. А јас искрено мислев дека бубашвабите потекнуваат од Државните Болници во Македонија доколку би истражувал некој нивно потекло.
 
Ете добро објаснување зошто во државна болница има бубашваби :D Оти пациентите се хранеле и не биле примерни пациенти 10 душа во соба од 15 квадрати. А јас искрено мислев дека бубашвабите потекнуваат од Државните Болници во Македонија доколку би истражувал некој нивно потекло.

Сарказмот нема да ја покрие двојната одговорност.
На јавното здравство и на пациентите.
 
Ако мислиш на царскиот, како полесен начин, во голема заблуда си.
Нема ништо царско во царскиот.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 16:45 ---


Пиеш ли магнезиум?
Пробај, ако добро се сеќавам, мислам дека тоа помагаше за здрвување и грчеви.
Go pijam samo Mamavit tabletkite, vo niv ima se.Mi dojde na pamet da zemam magnezium i ce zemam. Fala. Utre odam na kontrola i sigurno isto ke mi kazi.
 
А и како да не ти носат јадење кога тоа таму што ти го дават на се личи освен на нешто што можеш да се стави во уста. Одамна лежев во Струмица операција слепо црево, нит јадев нит спиев, мајка ми бдееше над мене да дремнам кој саат, а и ми носеше јадење, ако останев на тамошното ќе си цркнев не од операцијата туку од глад.
 
Кхм! Колку?!?

Околу 70.000 е во Ремедика и Систина природно, царски е 95.000. :) Многу од бремените раѓаат во приватните зошто цела бременост им ја следел доктор кој работи таму и му веруваат. Јас баш немам намера да се оптоварувам дали на некоја и се даваат толку пари доколку ги има. Секој со можностите и желбите.
И за другиот дел, исто мислам дека е во мала рака непромислено да легнеш на нож без никакви претходни компликации само зошто не можеш да си го зауздаш стравот, а од друга страна те чека цел живот со стравови каков родител ќе бидеш. Ама и за оваа тема не би многу да плукам по нив, постојат нерационални стравови и млади мајки кои не знаат да се носат со паниката, па се одлучуваат на таков чекор за да после си ги носат последиците.
Јас се тешам со тоа дека ја имам најлигавата сестра на свет, а роди две деца природно без никакви поголеми драми. Она ми е мерка за тоа колку боли. :)
 
Сарказмот нема да ја покрие двојната одговорност.
На јавното здравство и на пациентите.
Двојна одговорност? Те молам Бисера. Лежам на операција од крајници во три по полноќ слушам се тресе петти спрат и ми ја отвараат вратата: Тука ли влезе? Викам кој да влезе? - Стаорецот! Опремени сестрите до заби со метли го бркаат во дел каде не смее мува да прелета.

Сигурно оти пациентите јадат храна од дома, бидејќи храната од болницата е на навистина завидно ниво може и да се замисли како е подговтвена. Особено бисквит од резервите од Втора светска војна и планински чај во шол кој очигледно не е измиен од претходна употреба.

Туку да не ја влечам темава, тука ја завршувам дискусијата за условите во кои се раѓаат бебињата. Значи со еден збор - тоа не се ни услови, државно здравство е руина и гадотија.
 
платив 35 000ден во ремедика природно 3 дена и ич не жалам,,, одлично потрошени пари

а дека иде некој во болница да јаде :tapp: пола од родилките не ја ни јадат таа храна што е најмалку важно во тие моменти кога сакаш да родиш живо здраво и право дете

не е исто да те породува бабица и доктор иако има и такви случаеви кои одлично поминуваа, луѓе на бокс седат сами и молат доктор да дојде
КОЈ ПОМИНАЛ ЗНАЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom