Флојдерка
Together we stand, Divided we fall..
Одма логичниот одговор и брз одговор кој би го дале луѓето без размислување би бил “па нормално, ние сами, како ќе си ја скроиме судбината, таква ќе ни биде. Ние сами си го правиме животот поубав“. Но да ви кажам право, тоа е тешка заблуда! Тоа е бесмислено, неточно и глупаво! Зошто? Затоа што низ животот ни минуваат луѓе кои сакајќи или не, ќе ни остават трага или рана. А после таков белег, ништо не е исто. Животот ќе ни остане обележан и можеби променет засекогаш, се заради нечувствителноста на некој никаквец. Ќе речете, ние сме виновни што сме му дозволиле? Не драги мои, ние не сме виновни ако некој со слаткоречивост допрел до нашата душа. Замислете, вие сте правеле се како што треба, сте создале едно совршено сценарио за вашиот живот, а доаѓа некој и го преправа на начин кој воопшто не е поволен за нас, а немаме никаква моќ да го спречиме. Можеме само да ставиме маска и да продолжиме лажно да живееме во сценариото што сме го создале сами, но душата наша, секогаш ќе знае.. Дека ништо не е исто. Ништо не е како што сме замислиле. Не е.