Кој го пишува сценариото на нашиот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Одма логичниот одговор и брз одговор кој би го дале луѓето без размислување би бил “па нормално, ние сами, како ќе си ја скроиме судбината, таква ќе ни биде. Ние сами си го правиме животот поубав“. Но да ви кажам право, тоа е тешка заблуда! Тоа е бесмислено, неточно и глупаво! Зошто? Затоа што низ животот ни минуваат луѓе кои сакајќи или не, ќе ни остават трага или рана. А после таков белег, ништо не е исто. Животот ќе ни остане обележан и можеби променет засекогаш, се заради нечувствителноста на некој никаквец. Ќе речете, ние сме виновни што сме му дозволиле? Не драги мои, ние не сме виновни ако некој со слаткоречивост допрел до нашата душа. Замислете, вие сте правеле се како што треба, сте создале едно совршено сценарио за вашиот живот, а доаѓа некој и го преправа на начин кој воопшто не е поволен за нас, а немаме никаква моќ да го спречиме. Можеме само да ставиме маска и да продолжиме лажно да живееме во сценариото што сме го создале сами, но душата наша, секогаш ќе знае.. Дека ништо не е исто. Ништо не е како што сме замислиле. Не е.
 
Многу убаво објаснето ,посебно болдираното му доаѓа као ....ти си возач кој се придржува кон сите правила и прописи и секогаш возиш вимателно ,но некој луд возач ве удира одпозади ,па без никаква твоја кривица или моќ да го спречите тоа ви се менува животот некогаш со помали некогаш со катастрофални последици........
 
Одма логичниот одговор и брз одговор кој би го дале луѓето без размислување би бил “па нормално, ние сами, како ќе си ја скроиме судбината, таква ќе ни биде. Ние сами си го правиме животот поубав“. Но да ви кажам право, тоа е тешка заблуда! Тоа е бесмислено, неточно и глупаво! Зошто? Затоа што низ животот ни минуваат луѓе кои сакајќи или не, ќе ни остават трага или рана. А после таков белег, ништо не е исто. Животот ќе ни остане обележан и можеби променет засекогаш, се заради нечувствителноста на некој никаквец. Ќе речете, ние сме виновни што сме му дозволиле? Не драги мои, ние не сме виновни ако некој со слаткоречивост допрел до нашата душа. Замислете, вие сте правеле се како што треба, сте создале едно совршено сценарио за вашиот живот, а доаѓа некој и го преправа на начин кој воопшто не е поволен за нас, а немаме никаква моќ да го спречиме. Можеме само да ставиме маска и да продолжиме лажно да живееме во сценариото што сме го создале сами, но душата наша, секогаш ќе знае.. Дека ништо не е исто. Ништо не е како што сме замислиле. Не е.
Болдов ми се случи мене баш пред некое време.
Сценариото у глава, планот совршен за исполнување. И оп што се дешава? Ти го рушат цел ентузијазам некои трети лица.
И сега мора да продолжам да живеам и да се снаоѓам како знам и умеам за да го остварам совршено осмислениот план кој го имам. Со размрдани нозе, ама сепак стојам и морам да се исправам стабилно и цврсто за да продолжам напред. Цврсто сум решена дека овој пат никој нема да ме спречи во тоа што сум го наумила. Планот веќе не е совршен, не ни знам како ќе успеам да го исполнам, ама ќе биде исполнет. Нема да се предадам и ќе продолжам лека полека да го остварувам.
Без разлика што скоро сите ми викаат не можам, јас знам дека мора да го направам ова. За мене, само за мене.
И ако тоа е пишување на сценарио на дел од мојот живот, ДА, овој дел сама ќе го напишам. За другите делови не знам кој точно ќе ги пишува, ама овој дел ќе биде напишан од мене и никој нема да ме спречи во тоа.
 
Да де да, секогаш е така... и после, ќе се свестиш и пак стануваш со бистра глава, насмевка и малку бес во очите :)
 
Јас имав прекрасен живот, прекрасно детство, прекрасно семејство.. Во школо секогаш бев прва, во љубовта никој не се осуди да ме повреди. Не беше ни можно да бидам повредена, ништо не допираше до мене. Ете, сценарио скоро совршено беше тоа. Позади мене секогаш грб за поткрепа имав, што и да правев, го правев без страв. И само во еден миг, во еден животен момент, со брзина на светлоста беше... Влегов во својот дом и... Толку! Се беше завршено. Немав ни можност да помогнам, ни пак да присуствувам во моментот кога се пишуваше едно ново сценарио на мојот живот. Немав ни прилика да се поздравам од Него... Едноставно, туку - така, влегувам дома и наоѓам празнина. Во ист дел од секундата ми се испразни и душава, и животот.
Еве ме, од тогаш, живеам барајќи начин да продолжам, да најдам начин да го заживеам повторно пријатното чувство на среќа, но го нема. А виновна ли сум за тоа јас? Сама и без поткрепа каква што на секоја млада девојка и треба.. Сигурност и гаранција дека никој нема да се осуди да си поигра со моите чувства.. Немам веќе такво нешто јас драги мои. Затоа не сум способна да си напишам сценарио на среќа, затоа некој идиот со сите задоволства во животот, со гревови на душата, ја освои мојата доверба за да ми го направи животот уште понесовршен, уште потажен и попразен! Колку и да се трудам да го исправам тоа, колку и да сакам да напишам нешто ново и светло, среќно.. Во мене празно е.
 
Јас имав прекрасен живот...
Затоа не сум способна да си напишам сценарио на среќа....

Значи на крај пак излегува дека ти си сценарист на сопствениот живот. Ова многу зависи од начинот на кој ги перцепираш и дожвуваш нештата, т.е. колку дозволуваш некои надворешни влијанија да влијаат на твојата среќа. Во твојов случај, твојата среќа зависи од околностите во кои живееш, луѓето, случувањата околу тебе... И кој е виновен за тоа, ако не ти?
 
Надворешните влијанија не се опасни по нашата среќа, со додека не станат дел од нашата душа. Кога се веќе во нас, тие раководат со нас. А ако го прочиташ убаво постот, ќе видиш дека сепак НЕШТО НАДВОР ОД НАШИТЕ МОЖНОСТИ, не прави пропустливи на надворешните влијанија.
 
Не се разбираме... Луѓето доаѓаат и си заминуваат од нашите животи. Како ние ќе го доживееме тоа, зависи само од нас самите. Значи факт е дека не можеш да имаш контрола на настаните околу тебе, но можеш да имаш на начинот на кој ги гледаш работите.
Се надевам дека сега бев појасна.
 
Да, разбирам што сакаш да кажеш, а и не си прва личност што сум ја чула да рече така. Дури и јас кога се обидувам да делам совети на другите ги користам овие фрази. Сите знаеме да зборуваме, но не знаеме секогаш да дејствуваме. Што се однесува до мене, јас живеам, се смеам, продолжив да живеам иако една смрт ми го отпечати животот засекогаш. Но зад таа насмевка, зад маската на лицето, сеуште ја чувствувам онаа срушена девојка од една вечер седната на скалите пред својот дом.
Не вреди што сакам да склопам совршено сценарио за иднината, сами не можеме да одиме никаде, колку и да сме среќни од тоа што сме го постигнале, сепак сами сме..
А не верувам дека самотијата е дел од нечие сценарио.
 
И ова со самотијата е твоја перцепција, која ти одлучуваш каква ќе биде. :)
 
Walk in the river, but don't allow the water to touch your feet. Be in the world, but don't be of the world. Be in the world, but don't allow the world to be in you.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom